Ваша поезија!

Соочен со себе во свет без совест и стремеж со колорит темен
наплив на стишена болка и стихот воведен
со секој здив сомнеж пулсира во мене

Во сенките интровертен интелект вене
Тоа е ликот под пијаната насмевка представен пред тебе

Дали допира болка од сите пори извира ко лава
Бурно Допри ги и ти моите нокни мори
Имај ги моите мисли како свои
Биди дел од мене во простор и време
 
Без тебе
Вдахни во мене чист сиров воздух,за надеж,
во овој живот ми недостига копнеж.
Во денови кои врват во круг,биди ми мисла
која ме буди наутро од сон.
Во ноќите заспиј ме со својот лик,
во дните кога не си тука,покриј ме со љубов.
Јас без тебе не можам,нит овој свет може,
без тебе тишината е тешка,а зборот безвреден,
без тебе прегратката не е иста,ниту зборот е утешен.
Без тебе се што бев, она што сум ,е избришано,
зашто ако тебе те нема,
половина од моето јас го нема,
пепел и прав е.
 
додека пиеме кафе

Во потсвеста го чуваш
решението и ставот Клучот
на космосот Ритамот
на мислите Спокојството
можеби храброста и стравот

А јас го создавам светот
со верба Зборовите
како што треба Така
сомневањето и одлуката
конечно Додека мудро
пиеме кафе Сериозно
мислам на следното Славење
на зборот Потребата чиста
секако во потсвеста завршува
 
Гледај ме... , слушај ме...

Стој, не мрдај, не диши...
погледни ме и трепни благо.
Не, ти мора да трепнеш остро.

Ама стој, ме слушаш ли..
залудно е. Си зборувам со себе.
Во брзина на зборување
создавам нови зборови.

Ха, сега имам и нов.
Сакаш да ти го кажам?

Ах, стој де, нема да те изедам.
Еве нема да те замарам
со мојата манија на зборови.
Колекција имам во умот, знаеш?
Сите ги помнам.

Ех, се лутиш, немој.
Само застани, погледни ме.
Ме гледаш ли?
Попусто се трудам
да ти обрнам внимание.
Не ме гледаш,
не ме слушаш.
Ах, знам, ќе ти пишам порака.
Знам ќе ја прочиташ
кога ѕвончето ќе ја најави.
Онака, од љубопитност.
И тогаш, ќе ти кажам се’.
 
Фрагмент

Доста ми е
од тоа :
ХРАБРА СИ! МОЖЕШ!
Не, не можам секогаш
и јас имам петолиние во себе
за балади
и солзи стопени на плочки во ВЦ.

Зошто сум човек
Жена, што ја боли.
И доволно е да знаеш.
Дека искреноста ме гори
како огнот во мене
што создава уметност
и мириса на моменти
што не се забораваат.

Лавовската грива
ја шишам
пред огледало.
Ќелава, со очи полни гнев.
Признавам.
ДИШАМ.
само зошто така ме научи...
 
Линија
Ти си ми на дланка линија,
од моментот кога воздух вдишав,
мое несовршено чудо во неверен свет.
Сите мои линии испреплетени се со твоите,
заедно ќе чекориме во овој живот.
Ти си ми на дланка линија,
силно втисната,непогрешливо одредена,
таму каде негација на судбина не постои.
Впишан си ми на дланките.
ТИ си ми на дланка линија.
 
А таа остана без одговор...

Ме потпали со само еден поглед...
Зинат со раширена уста,
осетив,
вдишав повеќе отколку што треба.
Грч...
Издишка...
Ококорените ми очи безобразно ја соблекуваа
и праќаа силни провокации на мојата самоконтрола...

Таа не престануваше да ме гледа...
Зинат со раширена уста,
осетив, ќе вдишам повеќе отколку што треба.
И повторно грч...
И воздишка...
Веќе беше соблечена...
Замаеноста ме совлада.
Дојде мигот, моментот на решението...

Одеднаш, погледот и,
се претвори во насмевка,
промрморе:
- Господине! Господине!
На кој перон стои возот за Минхен?
...Зинат со раширена уста
се разбудив од сонот
што за миг го сонував со отворени очи...

А таа остана без одговор...
 
Еднаш,

јас од едната страна на улицата,
таа од другата,

не знам како вибриравме,
резониравме,

се насмевна таа,
се насмевнав и јас,

почнав да трчам кон неа,
почна да трча и таа,

не гледав на автомобилите,
ниту пак таа гледаше,

не ми ни беа битни автомобилите, луѓето,
а, имаше ептен голема гужва,

не се сомневав што очекува таа,
затоа што знаев,

не се прашувам што треба да направам,
затоа што трчав со сета сила,

а трчаше и таа,
како никогаш дотогаш,

трчавме заедно,
да добиеме по една прегратка.

6.gif
6.gif
6.gif


6.gif
6.gif
6.gif


6.gif
6.gif
6.gif
 
Има една песна,
која кога се слуша,
се слуша само таа
и ништо друго.

Има една песна,
која кога се пее,
се пее на цел глас,
со целата своја душа.

Има една песна,
која кога се свири,
не смее да се згреши ниту една нота,
иако рацете треперат по жиците од гитарата.

Има една песна,
за една сакана,
која кога се слуша, пее, свири,
исто како да е до мене мојата сакана.
ама не е...
105.gif
 
Љубовници

И дур човечкото срце запаѓа во невоља,
илузијата го спасува.
Ред до ред ,во низа се редат мисли
по замислениот љубовник,
душата гаи емоции кои не постојат.
Некое исконско чувство не води,
кон личност невидена,
никогаш несретната.
И таа голема надеж дека на нашиот пат
ќе налета ги полни деновите со боја.
Срцето чука,чека...
Душата се полни,дише..
Главата ткае замислен лик.
Под сенката на дрвјата и свежината на дождот
ги чекаме нашите љубови.
Еден ден,љубовници ќе ве сретнеме.
 
Милион

За милион години,
кога коските прав и пепел ќе ни бидат,
за милион мигови,
кога оваа исконска земја веќе нема да биде под нас,
за милион спомени,
што ќе ги понесеме во вечноста.
Јас и ти,среќа ,коб и жалој...
Љубов од која крв врие,
од која утринска роса капе,
свежа како вчера да било.
Низ дни сме минале,дни обоени,
час ме лудееш,час мирувам
а таму во твоите очи,еден цел свет..
Свет без кој не можам,
свет во кој постојам.
Ти не знаеш,каква празнина можеш да оставиш,
празнина за милион векови.
Овој коб и страв што ме тресе во мислите,
да не го видиш никогаш.
 
Немоќен наслов


Секој ден трчаме
за да стигнеме
онаму кај што
немаме ни миг внимание
сме го срушиле моментот
како кула од карти.
Толку грижливо редена
со кец во ракав
дама и џандар што се гледаат.
А тука џокерот зајадливо се смее.
Со заби ја крши идилата.
Не, овој свет треба да се плаши
само од конечноста.
Трчајте секој ден.
Ќе ослабнете, барем
никаде нема да стигнете
но се важи секоја калорија
што се претворила
во мускул
што ќе ја трпи секоја наредна болка.
Кратко, како секое задоволство
хазардери, во животот.
Со минимум влог
Сакаме да сме без долг.

А животот без долг, не е долг...
 
Не знам зошто пишувам

Не знам зошто пишувам
кога, она што го давам
пред вас
е краткотраен улов
на миговноста.
Се прашувам
дали менува
нешто, оваа позиција
на жена во боксерици од бившиот
со шолја горко кафе
седната на работ
од Универзумот.
Мислејќи се
како дојдов до оваа станица
кај што само првата мисла наутро
ми е страница
на животот, ужасно досаден и предвидлив.
Во шаблони и модели заглавен.

Не знам зошто пишувам
ниту за скршените делови од себе
кога, знам
ќе си кажам, кој го ебе.
Барем движам некаде.

Растењето не го може секој
(освен физички)
па се прашувам како Малиот Принц
дали розата ќе остане жива
и слонот е шапка
а змијата е само илузија.
и сфаќам.

Не знам зошто пишувам.
Имам преголема дифузија.
 
The emo seller.

The direction pointer...

Ги лепам остатоците од својот живот со дрвофикс,

преживувајќи го денот...

Својата последна шанса

И ја препуштам на детелинката со четири листа

Удобно сместена во импровизиран хербариум

C`est la vie, велат французуите

Не е тоа живот, велам јас.
 
Да имав доволно сила ќе го голтнев ова огледало пред мене
Можеби така ќе исчезне оваа црна дупка во мене
Се уште се ежам кога ти го слушам името
Зарем така треба да живее еден верник
Овие Виенски ветришта сега се мојата вистина
Некогаш таа беше сонцето
А сега само талкаме низ овој замок како низ маѓепсан лавиринт
Да...ова не е поезија
А што е поезија
Дали можеби околните планети навистина ќе ја донесат евтината среќа
Без разлика, јас сепак сонувам...и сонувам
Ме плаши денот кога ќе престанам да сонувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom