Ваша поезија!

Како корен, во мртва кал,
Се муртам од горкиот вкус,
Се извинувам на стеблото,
Не сум јас виновен,
Овде ме посадија,
Овде ме изградија,
Во оваа смрдлива каша,
Растресита, полна со надеж
и ветувања,
За хранлив оброк,
Станав трговец со црвите,
Да ги изедат гранките,
Да скапат, да паднат,
И да ја оплодат почвата,
Да се нахранам
и јас.

Sith
 
Бев дете со сини очи,
Бев дете со жолта коса,
Бев дете кое не знаеше да каже р,
Секој ден дознавав по нешто,
Кое им пречеше на другите деца,
Кај мене,

Пораснав, косата ми потемни малку,
Очите ми се закрвавеа,
Р-то сеуште не знам да го изговорам,
А децата се преселија,
Во мојата глава,
Засекогаш.

Sith

 
Те болам како болва,
Шетам наоколу, бегајќи
Од твоите прсти кои чешаат,
Од чешелот, од шампонот,
Од докторот кој ме бараше
Со лупа и сончеви зраци,
Те пијам, солта ме ожеднува,
А ти се чешаш,
Смешни сме и двајцата,
Тебе те чеша, а јас
сум жеден.

Sith
 
Кога почнуваат пладневните вести
мојата поезија
Молчи и слуша.

Sith
 
Урнете ги оградите,
Сакаме да се играме,
Сопрете ги колите,
Топката ќе ја згазите,
Цртаме граници, но можеш да играш и ти,
Не сме како вас, не мразиме како вас,
Нашата омраза
трае додека не почне
Том и Џери.

Sith
 
Пенам од уста, како бесен пес,
Се препелкам и џвакам зборови,
Таа ме гледа толку разумно,
Мора да е рамнодушна,
Мора да сум пред неа
предмет
Со смешна гримаса,
Мора, инсистирам на тоа,
Инаку светот
Ќе стане уште понелогичен
Од вчераутро
во четири.

Sith
 
Автомат за болка,
Ставете скапан динар,
Ќе ве удрам,
Мене ме боли повеќе,
Отколку што ќе ве заболи
вас.

Sith
 
Рекет

Ете сум бе еве,
Еве, ете,
Нема ништо, види-аш,

Нема стварно, не се кријам,
Немам ништо, жими све,
Ако сакаш пребарај,
Ако сакаш пребарај ме,
Да ме тепаш ако имам,
Ете, еве,
Нема ништо.
Аш.


 
Сурова Вистина

Се што искочило,
Одлазило,
Промочало,
Прокиснало,
Се стркалало
Или се искакало
Од моето пенкало
Е лага.

Sith
 
тажна сум
темно е надвор,
а и имам добиено.
и сите се меки
како амеби,
како перници.
собава е пуста,
премногу технолошка,
со премногу белини,
а премалку радост.
тажна сум,
умот не ми прима ништо,
а треба да учам
проклета теорија.
домашен мирис
сакам да си почувствувам,
да бидам одморена,
и да си го исперам чаршафот.
тажна сум,
зошто очите ме болат,
празна сум
како мешунка од грашок
и умот ми позеленува.
тажна сум
и компаративна невозможност.
тажна сум
и инспиративна неподробност.
зар можам
во себе да се заробам?
тажна сум
темно е и ладно,
нема автобуси,
нема ни поезија
чекорам во пустелија.
празно е и срцево,
тажно е што не ни чувствувам.
би си отишла, но ни Месечината не е огреана.
сеуште.
тажна сум.
и уморна.
сакам да бидам глупа
и ништо да не разбирам.
тажно е она што го сакам јас.
се. не?
 
Ти само продолжи...........
Ќе те чувам во минатото,
ќе те скријам во сегашноста,
ќе останеш во иднината.
Твојот поглед сеуште ме прогонува,
а ТИ си во туѓа прегратка,знам.
ТИ си во тишината,
ТИ си во мракот и светлината.
Секој чекор во воздухот
е одблесок со твојот лик.
Јас сум обична пустина..........
ТИ ми даде се,
ми зеде се,
но не е важно.
ТИ само продолжи.........
А јас........јас сум само ДЕТЕ...........
 
~*~

~Ти си тој~

Тивко и со тажен шепот,
заборавив да те бакнам пред да кажам збогум,
никогаш навистина важно,
а толку длабоко и силно,
дел од сржта полна со ѕвездена прав,
се вратив само за да можам да љубам.

И твојата мисла е таа што боли,
твојот здив е тој што ме буди,
ти си тој што знае како да ме направи среќна,
ти си тој што не ме остава сама
кога успехот е само хартија бела.

Мирис на рози,
мирис на љубов низ артерии и вени,
само блага потреба од твојот парфем,
воздушести сонови, најмил,
само уште една приказна полна со наслови од глави,
драма без чинови и сцени,
само ти.

Ти си тој што ме научи како изгледа да бидеш дел
од светот преполн со восхит.
 
Ти си како
хибридна гранка
на дрво од бетон.
Пробуваш да фатиш
туѓи реалности,
да ги допреш
со жилите
и да ги посолиш
со потта на апсурдноста.
Црташ агли на
избледени графици
и чуваш сенка над нив,
зад потскривената линја
смеејќи се на
издупчените светлини.
Ја подигнуваш едната веѓа
со брзина на мудроста,
и го сокриваш
окото истовремено.
Ти крцкаат зглобовите
ги превртуваш коските
шмукаш речиси одмерено
а се грчиш понекогаш.
 
Tе мразам,зашто го нема сјајот во твоите очи,
а моите те бараат само тебе.
Те мразам,зашто нејзе и зборуваш,
а јас не можам ни збор да ти кажам.
Те мразам,зашто си со неа,
а јас те сонам секоја вечер.
Те мразам,зашто те посакувам,
ама ти не си веќе мој.
Те мразам,зашто си покрај неа,
а знаеш дека јас те чекам.
Те мразам зашто се смееш крај неа,
а моите насмевки беа само за тебе.
Те мразам,зашто знам дека ме лажеш,
а јас упорно ти верувам.
Те мразам,зашто сакам да те заборавам,
а ти си ми навлечен под кожа.
Те мразам,зашто имам толку многу да ти кажам,
а не смеам.
Те мразам,зашто ми ги крадеш мислите,
а јас посакувам барем една од твоите.
Те мразам,зашто за тебе бев само дете,
а не знаеш дека децата најискрено сакаат.
Те мразам,зашто немам сила да ти кажам:
сеуште ТЕ САКАМ!!!!!!!!
 
Кратка песна бр.1

Дај
или
Die.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom