Ваша поезија!

(празно)

Гушни ме и слушни ме
како дишам и ми чука срцето во стомакот.
Важно е
да се љуби.
Тажно е
...да се губи.

Да бидеме во редот на првите.
 
Облак

Во перницата
еден куп задржани лиги
од детство и адолесценција
солзи по првата изгубена љубов
и страста што пердувчињата ја кријат.


Прати ми ја
со се сонот
да видам каде ме сместуваш
во чии дланки ми паѓаат образите
стапалата и лакираните ноктиња
веселата пред заспивање, насмевка.


На неа навезени
се сите ненапишани спомени
дождови од неисплакани солзи
и најсилната наша битка.
Молњата полна љубов.


Прати ми ја
со се себе
бела и волнеста
да ме заспива
кога ти.
Си одиш на другиот крај на небото.
 
Плач за лет

Не знам
да чекорам
морам
да се прекорам.

Не можам
да шетам
морам
да летам.

Липам
под липа
врвам
по врвови.

Кратко и јасно.
Викот, гласно.
Плач
за лет.

*crying for flying
living for dying...*
 
Кога?

Кога сите спијат во твојот ум,
само јас сум будна,
без твоја дозвола ги истражувам
собите каде ги чуваш заклучени моментите, емоциите
и на слабата светлина се згрозувам
од содомизам и полигамија,
од мононост и идеалот за жена во шамија.
И тогаш ме бркаш ... од себе.

Кога сум планината врз твоите трагични идеали,
сакаш да ме убиеш
да замрам во времето
и твоето задоволство да биде вечно,
зошто поинаку не може,
иглата не може да ја погоди вената,
сите игри на среќа знаеш дека те мразат.

Кога млекото и димот се фасцинација
секогаш се мисли на порнографија,
јас сум Магдалена, таа е Марија,
тогаш контемплирам дека треба да се опијам,
само така можам да не те заборавам.

Кога не сум исплашена да умрам,
сум ти обична, малку мила,
ама сепак просечна,
кога си генијален,
си како студент без амбиција,
сите дупки се во тебе,
а јас ја чувствувам болката,
при пенетрација.

Кога се будам наутро,
не ми недостигаш .... повеќе.




Те љубам, акри!

-Те љубам, акри.
Звуците на полноќниот саксофон се секогаш ритмични,
отсликуваат фотографија во замрзнати тонови,
на девојка, што ја презира мелодијата,
лежи безживотно врз клавирот направен од воздушести сонови.
Тој креира нов виолински клуч само за неа!
Ја моли како Артемида, Аполон,
да замине со него на вечерна прошетка во планина,
да се помрдне од мртвилото во нејзината градина,
зар толку слабо ја познава морбидноста?

-Те љубам, акри.
Тој проколнат, патетичен херој е толку наивен,
не знае, дека таа направи пакт со ѕверот
да го предаде Бога,
за засекогаш да се лиши од чувства,
затоа е тука, во неговата лева комора толку смирена,
оригинална руска примабалерина, ладнокрвна, помирена.
Тој е воин залуден од своите гревови
таа го лаже дека сигурно веќе ги исплатил,
мора да верува, не е достоинствено да се предава.

-Те љубам, акри.
Сите вистини на неговата есенција се во нејзината вагина,
излачени во светот и чаршавите преку нејзините сокови,
таа не може да умре од болка,
само неговите дела на благородништво се ограничени со рокови.
Тој е лудак без цврстина,
и не може да заслужува девица,
тој е чиста монотонична перфекција, бесконечна,
таа невина, досадна светица.

-Те љубам, акри.
Прости и лудаку што не и требаш на својата жртва,
таа е само безчувствителна, не мртва,
како јаболкото што го вечераш за сила,
така таа не е некој смирен извор, чедна и мила
само и е сеедно, после полноќ.
Вулгарно е да очекуваш љубов, акри!

-Ќе те убијам, мој прекрасен акри!
Мораш да ја оставиш да ти побегне пред да те жртвува,

иако ја чувствуваш додека голташ и насилно влегуваш,
ја полниш со себе, како цел еден град,
таа ти ги одредува границите само затоа што е незаинтересирана,
налудничава, кукла препарирана,
достапна како восок, за да ја обликуваш ...
Штета што не си и суден акри,
таа љуби Танатоси, затоа е тука ...
 
Маленкости

Излупените врати в село
и мувите што непоканети
зујат обидувајќи се
да го покријат крекавото старо радивце.
Потонатите печурки во стариот јорган
дедо ги суши
и не ме пушта во одајата
да не моите немирни рачиња
соберат нешто од диплата.


Мирисам, стоечки пред прозорецот
на мојот дом
на замагленото стакло има некои фатени снегулки
заборавени од зимата
не знам да ги тргнам
(некој сугерира, па таква е климата).
Сеќавање
протерување.


Сонувам со штедрина, колку сум била моќна како малечка.
Животот е ведрина, закачена една свеќа на гробот.
На соништата.


Пораснавме во мирисите на детствотото.
Овдешните чекори веќе се само залутан од'.
Те молам, отсвири ја уште еднаш Ја излези Ѓурѓо
со тивок шепот.
О, ти време.
Што верно не изневеруваш секоја година.
Гледајќи не со Збогум, втренчено.
Мирисам, легната на под.
Невреме.
 
Се баравме, се најдовме и разделивме

Никогаш не си признавме а сепак знаевме,
Зависев од тебе, зависеше од мене
Ме посакуваше, те посакував
Ме замислуваше, те замислував
Си фантазиравме еден за друг...
Но само тогаш постоевме во нашиот мал љубовен остров,
скриен од другите
Ти свиреше за "stvari lagane" а јас замисував
Ми кажа дека месечината не поврзува,
Ја гледавме во исто време и пак мечтаевме
Верувавме во совршен момент,
совршена средба, совршена љубов.
Не Згрешивме!!!
Посакувавме долго гледање во очи,
долги бакнежи, стисок од рака,
долги прошетки по песочна плажа,
звуци од клавир, дрвена кукичка на нашиот остров,
венчавка од бајките.
Но вистината беше посилна од нас - МНОГУ ПОСИЛНА
Тешка беше за признавање, но уште потешка за прифаќање.
Не сум тој што се претставив - ми рече,
Знаев - ти вратив,
Знаев дека совршен момент, совршена личност
и совршена љубов нема.
Зошто го направи тоа - те прашав,
Бев осамен - ми одговори,
Дали ги исмејуваше нашите фантазии - те прашав,
НЕ уживав - ми одговори...Искрено уживав
Чао - ти реков...
 
Се баравме, се најдовме и разделивме

Никогаш не си признавме а сепак знаевме,
Зависев од тебе, зависеше од мене
Ме посакуваше, те посакував
Ме замислуваше, те замислував
Си фантазиравме еден за друг...
Но само тогаш постоевме во нашиот мал љубовен остров,
скриен од другите
Ти свиреше за "stvari lagane" а јас замисував
Ми кажа дека месечината не поврзува,
Ја гледавме во исто време и пак мечтаевме
Верувавме во совршен момент,
совршена средба, совршена љубов.
Не Згрешивме!!!
Посакувавме долго гледање во очи,
долги бакнежи, стисок од рака,
долги прошетки по песочна плажа,
звуци од клавир, дрвена кукичка на нашиот остров,
венчавка од бајките.
Но вистината беше посилна од нас - МНОГУ ПОСИЛНА
Тешка беше за признавање, но уште потешка за прифаќање.
Не сум тој што се претставив - ми рече,
Знаев - ти вратив,
Знаев дека совршен момент, совршена личност
и совршена љубов нема.
Зошто го направи тоа - те прашав,
Бев осамен - ми одговори,
Дали ги исмејуваше нашите фантазии - те прашав,
НЕ уживав - ми одговори...Искрено уживав
Чао - ти реков...
 
There is a creature. It has to feed.
It stops at nothing to fill its need.
The people live in gruesome squalor,
So that the creature may grow taller.
Those with nothing have to bleed,
To help the creature spread its seed.
They learn to dine on fecal matter,
So that the creature may grow fatter.
The creature tells of evil gnomes,
Coming to destroy our homes.
And trolls who come with gun and knife,
To threaten our way of life.
The creature has enslaved our town,
But no one thinks to bring it down.
Provided with so much distraction,
The people can't be moved to action.
And when the people are all dead,
Still the creature needs its bread.
When we've been sucked completely dry,
The creature needs its food supply
(a parasite cannot survive unless its host remains alive.)
It has amassed such awesome wealth,
Maybe it can eat itself

!!
 
Исчашеност

Ајде да се лигавиме
на музички собири
на претстави и филмови
на набилдани плантажи
авангардни ликови.
Ајде да се газиме
и мразиме со почит.


Да се кршиме
како џамови и стомачни танчерки.
ајде да свршиме
што побрзо
имам садови за миење.
На чашите останува кармин
од мене или од тебе
(не знам, важно е црвен и има фабула).
Да пиеме и да се криеме.

Претежно сум
emoticon-0100-smile.gif

Но сега сакам и
emoticon-0101-sadsmile.gif

Зошто кога правам :Р
Изгледа неважно!


Игра, со зборови
ајде де.
Да се излигавиме
демек менуваме нешто.
А длабоко во себе.
Гнилост и сешто.

Морам да престанам да употребувам рими...
 
[FONT=&quot]Ти си плачот на моето безгрижно детство
Рѓосана котва со челичен синџир
што сосебе ја влечам.
Ти си неразберанито шамар од мојата мајка
Незрелоста на татко ми
сета моја вистина,
незнаење
смислата на детските игри
сиот мој страв.

Те пронајдов...?
Ме пронајде...?
или те поседував....
те освовив како награда
или те имам за казна..[/FONT]
 
Утробите им беа извадени,
црн гавран очите им ги пиеше.
Таа бизарна слика сеуште ме прогонува.
Ни на сон мир немам.
Долго ќе ме прогонуваат
засекогаш проколнатите...
 
Плетење

Умор ми паѓа од трепките
се фаќа на аглите од чаршафите.
Ти ме повикуваш
сонливо
и ѕвонливо
Каде си, мачкеста?
А јас се смеам
протната
меѓу сонот
и радоста.
Клопче љубов се одмотува
од овде до вечноста.
Одмор ми паѓа од усните
да те најде
Во приказнава.
 
Сенка

Денес е нов ден,
си реков,
но облаците веќе почнаа
да го нагризуваат сонцето.
Повторно ли ќе бидам невидлива?
Ќе возам со велосипедот,
ќе трчам покрај езерото
и никој нема да ме забележи.
Дури ни ти
(затоа што не постоиш повеќе).
Ќе дојдам и тивко ќе ти прошепотам,
ќе ја ставам раката на твоето рамо,
ќе се потпрам на ѕидот од куќата
и нечујно ќе чекорам на калдрмата
следејќи те.
Но ти нема да ме забележиш
Ти не постоиш.
Ќе стојам како и секоја вечер
до фенерот во собата
каде што ти во занес танцуваш
со стиховите во мојата фантазија,
ќе те чувам фрлајќи ја мојата сенка
на ѕидиштата од твоето почивалиште
се додека не го изгаснеш светлото
и не ти речам со солзи во очите
почивај во мир наместо добра ноќ.
Време е да почнам да живеам
во овој свет без тебе.
 
Град

Ако некогаш заспиеш под небото на мојот град,
ќе ме видиш мене како сонувам,
со широко отворени очи,
подочници кои живот значат и цинична насмевка,
симбол за мојот пат.

Ако некогаш чекориш по мојот град,
Ќе ме видиш во паркот на соништата,
Како ја крпам патеката за случајните минувачи,
Таму не можеш да ме одминеш,
Таму сум секој ден.

Ако некогаш заплачеш во мојот град,
Ќе ме видиш како трчам со шамивче во рака,
Тажните луѓе се добредојдени овде.

Ако дојдеш во овој град среќен,
Ќе ме направиш и мене таква,
Ако влезеш неподготвен,
Имам кратко трпение да те пречекам.
Ако влезеш со добра намера,
Ќе ти дозволам да влезеш сосе чевли.
Дојди некое дождливо летно утро,
Кога воздухот мириса на сено и роса,
Така најдобро ќе те препознаам.
 
Соннета


Ветрот што ги тресе лисјата и ги лула дрвјата
Одекнува низ корењата на она мртвото
Докажувајќи си ја силата над осетливите мориња
и правејќи ги полињата на Планетата распрскани и проширени

Истиот тој ветер го расчисти небото
и дозволи на светлината да надојде во снопчиња
Седиш на верандата, а тој веќе ја исуши твојата мокра коса
Ги преплави моите зборови и ми го киднапира здивот

Ветрот кој го донесе четвртиот пламен од Жарот
Кој носеше влага ширум рајската градина
Ја скамени судбината која ќе биде запаметена
копнеејќи по она што треба да биде презададено

Засекогаш е ветрот одреден да распарчува
без прерасуди, како средство на нашата цел
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom