Ваша поезија!

Ставам крај на имагинарен почеток,
кој благослов од љубовта не доби.
Умот победува, душата плаче, срцето моли...
го задушувам и последниот зрак,
светлина која ме осветлуваше и топлеше,
додека страдав и за болка знаев,
додека тајно за се‘ се каев.

Сега е ладно и мрак ме обвива,
насмевката, така ја покрива...
и жалам, плачам и молам,
Бог сила да ми даде,
да ми покаже по кој пат да идам каде?!

Очите веќе не се мои,
нема сјај и трошка надеж
во нив да најдеш.
Во поглед гневен... без крај,
ќе потонеш, ќе паднеш.

Не жалам што искрено те сакав,
што чувстувував потреба кај мене да те имам.

Не жалам што посакував да те видам,
што сакав со тебе да бидам.

Жалам што да те заборавам морам,
правам нешто што не сакам да го сторам.
Тоа не беше мојата желба...

Го правам ова од паника,
за да спасам дел од себе,
да ја сочувам онаа душа
која ќе ти припаѓа само на тебе.

Не очекував да ме сакаш
и за мене да се смениш,
се надевав - бар на поглед
со поглед ќе ми вратиш
и ќе ме цениш.

Илузијо што ме освои без борба...
зошто да се случува ова мора?!

Илјада прашања и еден одговор,
суров кажан, без мака...
во љубовта секогаш пати
оној што вистински сака!

Наздравувам во името на љубовниците прави,
зашто тие не љубат со нивните глави.
Тие љубат со рането срце,
срце кое љубов бара.
Тие секогаш живеат со пораката стара,
се борат и освојуваат љубов права!!!
 
Зраци

Едниот зрак...

Го пресече платното ткаено со еднолична тенка волна.
Добредојде новиот модус вивенди.
Опростувањето од старите навики не е благослов.
Не во овој судбоносен миг.
Маскирана горчина ти се поклони во секоја твоја клетка.
Триеш, но не можеш да го извадиш изумот на 13от ангел.

Другиот зрак...

Те осипува со опојни, љубовни дроги.
После каливата калдрма е очекувањето мермер покриен со шеќер и бадем.
Јадеш тиња, замислуваш дека бакнуваш чаша скапо вино.
Рониш солзи над хистрионот што глуми скршеност.
Одлично изглумена психичка ерозија,
заслужна за ироничен аплауз.

Последниот зрак...

Спектар од безвреден елан.
Погледни!
На нозете имаш крастави рани.
Наивноста е ниско скалило над глупавоста.
Згужвај ја добрината!
Не вреди да ја растураш по пустински неплодни полиња
 
Недела бр?

Автобус брз
оксиморон на мојата реалност.
Лени и чај од липа и јагода
разговори на шанк
а над нас пијано и фудбал.
Моментум.
Врзани дланки за небесна сила.
Недела е, ми е мила.
Во неа кафето е со боја на злато
шамичињата се веат на ветер
а потем, полни мрсули
ги виткам во снежна топка.
Без удар.
Мио мој Мио
креветот е таман за нас двајца.
Сонувач на занесот,
танго на чинија полна љубов
Среќен ладен ден.
Тивок и осамен.
 
Секс

Јас
сум безобразна
имам мисли
што те врзуваат
за кревет.
И за очи.
Па ако.
Затоа ме сакаш
нели.
Кус приказ
на реалноста
Ласцивни
парчиња
на хартија
Соблечи ме
додека зборувам.
Голи реченици.
Гребам
по твоите раменици.
Сама
кога те барам нагонски.
Да се слизнам
во зоната на посакувањето.
Лижалка во халуциногени бои
Мек кревет.
Нафрлани зборови.
Сакам
Еротика
Кога
Сме
 
Повик до Тебе

Ја чувствувам твојата величенствена убавина
како бескрајна мелодија
ме милува
Го чувствувам твоето присуство
кое продира до непознатите длабочини на душата
и ја разредува
Прегрни ме...
растопи го снегот на моите илузии
Чувствувам...
се ближи денот кога ќе бидеме едно
после битката
за совршена рамнотежа.
 
Модерниот Хераклит Темен

На каменот на магливата дамнина седи тој.
Мислителот.
Набљудува надолу, затскриен покрај еден канал.

Не може да ги склопи очите додека плимата
прави бродолом во свеста со секое навраќање.
Физичкото бегство од земјиното парче на неговиот зародиш
е страдање од највисок степен.
Тој тоа не го научи.

Егоистички се качува по скалите на култот
што се простираат низ небесата на славата.
Желно.
Сам.
Никој пред него, никој позади него.
Еден и единствен.

Пророк.
Обележан засекогаш.
Модерен Хераклит.
Темен, најтемен, реален.



 
Спогодба

Дај ми грам мир
а јас ќе те оставам
Оти, како ден
Во мене само низи зборови заредуваш.
Во капки дожд на прозорец.
Меланхолија се лизга.
Се збира во шарките на прозорецот
Баш си лигла.
Наместо да ми понудиш сигурност.
Тап мозок
и бои што не тераат на многу блаботење.
Ти ме фрлаш во занес
Ежи
Како на врат шепотење.
Дај ми мал ќорсокак
а јас ќе те оставам.
Да бидеш заборавена.
Доста ми е.
Од песни напишани.
Во недела.
 
Ти, јас и уште нешто

Мал ветер и ѕвоното го започнува својот валцер.
Пристојно, со срам од непознат извор, живее во музика.

Јас го толкувам струењето на воздухот,
го сметам за нечија креација,
ти го интерпретираш играњето.
Се уплеткавме во јазлите на двојното значење.

Два мирни брана се допираат-останува магнетен копнеж,
се топли грутка земја покрај огнено жарче.
Опијанети сме од магијата на недостижноста.

Ти,
јас...

Краткотрајниот контакт...тој е виновен.
 
Инает

Мириса на Апокалипса надвор.
Дури и лулашките се нишкаат така.
Дувачот знае да ги напумпа образите
и врз прозорец да ми каже:
Ден за претање во кал
Ден за претање во кал.
Но.
Јас имам ум во бои.
И не сакам да потклекнам
да ми го скрши р'бетот.
Општата апатија.
Затоа земам усна хармоника.
И одам на Кале.
Ветерот нека смени правец.
Денес нема никој да умира.
 
За тебе, се.


Би сакала да го запрам времето?
за тебе можам!
сакаш да ти симнам ѕвезди?
за тебе лесно!

Не забележуваш?
Не чувствуваш?
кога сме заедно што ли се случува..
дали времето поминува?

Не забележуваш?
Не гледаш?
како ни изгледаат очите кога сме заедно..
дали ни сјаат исто како и ѕвездите?[FONT=&quot][/FONT]
 
Пародија

Живеам во време
кога љубов се пишува со Ф на крајот.


Жените се лигават на ѕидови од кецови и нули
(автоќотек овде)

Мажите се силат преку монитор.

Пародија на она што се вели...
Еклер и боза
Во ќошот на реалноста.

Којзнае во каков свет ќе живеат
идните деца.
 
Песната на салфетка

Илјада светла на твојот прозорец.
Стапалки од злато го следат твојот чекор.
Илјада цветови му се восхитуваат на твојот мирис.
Безброј пеперутки треперат над нив.

Илјада сонца го греат допирот на твојата прегратка.
Илјада воздишки го следат твојот бакнеж.
Бранови на река во рајската градина го галат твојот допир.
Ме покриваш со свилена прекривка.

Распејаниот штурец на ливадата молчи за да ги чуе твоите зборови.
Твојата тишина е помагична од најмилозвучната песна.
Твојата мисла - Нов свет. Свет низ кој чекорам и се вљубувам повторно.
 
[FONT=&quot]Сватив, почуствував[FONT=&quot][/FONT][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Сватив, почуствував како е[/FONT]
[FONT=&quot]со тебе но и без тебе[/FONT]
[FONT=&quot]добро е, лошо е.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Сватив, почуствував како е[/FONT]
[FONT=&quot]да сакаш и да бидеш сакан[/FONT]
[FONT=&quot]убаво е, прекрасно е.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Сватив, почуствував како е[/FONT]
[FONT=&quot]да оставиш и да те остават[/FONT]
[FONT=&quot]тешко е, болно е.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]И тоа се со тебе[/FONT]
[FONT=&quot]ти лажна цветна градино[/FONT]
[FONT=&quot]за лаги само си створена[/FONT]
[FONT=&quot]па проклета била[/FONT]
[FONT=&quot]проклета засекогаш![/FONT]
 
Contempt

Sometimes... Two souls are quiet
cause no bravery embraces them
stupidity blindfolds them
and sorrow becomes a trajectory
to a place full of darkness

There are no thouhts
nor wishes for the impossible
just a murky view of two ghosts
who were in love a long time ago.

Sadness is not an option
for it is for the meek
farewels are just enough
for the two of us to break apart

There are no feelings to describe
the moments we had long time ago
for this is the end, my friend
and I hope we never see each other again....
 
Да умрам.
Барем на миг
барем на трен
барем на ден
да умрам!

За да знам на кого му значам
за да знам кој ме сака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom