Ваша поезија!

Газ

Газ стопанкин сам останав на работа
А работа има на газ да паднеш
Газ мамин сите нешто ги боли
Како тоа газот еден ден не ги заболи
Газ работнички што се поти секој ден
Газ кој на први ќе седне во меана
Ќе пие и ќе се направи газ пијан
Затоа што парите ко со газ да ги заработил


Газ pt2

Газ мајчин на газлаци неписмени а работат
Газ непотат а со пари газ бришат
Дебелиот газ со сферно огледало неможат да си го видат
За реченица да кажат газ потат..
Газ пумпан со врски, гајтани в'газ бутнати..
За да те услужи треба газ да лизнеш..
Газ бабунски..
 
Ти си причината

Секогаш кога ќе ги затворам очите
Ѕвездите почнуваат да се појавуваат
Чувствувам како можам да летам
Ти си причината зошто.

Кога си ми потребна најмногу
Тонам во моите солзи
Боите поцрнуваат
Ти доаѓаш и правиш се да биде подобро.

Секое утринско сонце
Ти си причината
Длабоко внатре
Што го гледам.

Го слушам твоето дишење
Го чувствувам на мојата кожа
Твоето дишење
И паѓам во твоите раце повторно.

Раширувам крилја и летам
Држам главата високо горе
Мојата љубов, само тебе ќе ти ја дадам
Ти си причината, што сеуште живеам.

By Finity. :back: (Посветено на најдрагата личност на планетата. :back:)
 
После сите ладни дождови
сите остри ветрови
сета болка во моето овенато срце
сеуште се надевам на сонце
иако бос без ништо
изгубен во длабока пустина
сеуште се надевам на капка вода
сеуште барам свежа сенка да ми ја смири душава
како да сум во свет на заборавени сенки
не го разбирам сопствениот ум
во борба сум со срцето во борба со умот
незнам каде, незам како по ова невреме
сакам да најдам топлина и ведро небо
да заборавам на таа болна насмевка
но друг дел од срцево друга песна пее
пее песна на неуморна желба и надеж
заедно да пее со твоето...срце
 
Кј шо се прцет

Ондека, кј бутик Трговски,
кј Крс Џамија на чошон,
кј металцине со коси до колена,
е таму се прцет.

Кј Арс Вивенди ондека,
кј шефон тостој шо стегат,
кај шо се бацвет на С’р’јшче,
и таму се прцет.

Џез Ин со Бекс на муабет,
Ил на сфирка негдека,
кај опита, пита со јаболка,
таму најмногу се прцет.


За сите шо се прцет или шо ги прцет без да знает.
 
Таа е... Се... За мене...

Кога таа гледа во мене
Се чувствувам исполнето
Моето срце се дига до небото
Тој поглед на восхитување
Што го гледам во нејзините очи
Секогаш се враќа кон мене
Таа е причината што сум овде
Таа е причината што сеуште живеам.

Кога таа гледа во мене
Признавам, се чувствувам толку слабо
Не се срамам да откријам
Никогаш не помислив
Ниеднаш во мојот живот
Дека ова ќе е вистинито
Посакувам секој да го види
Тоа што јас го гледам
Кога таа гледа во мене.

Кога му се смее
Не можам да престанам да се смеам
За возврат
Сите мои грижи одлетуваат
И за момент заборавам
На мојата болка
Нејзината насмевка е толку прекрасна
Што ме тера да заплакам
За сета радост што таа ми ја праќа
Таа е причината што сеуште живеам.

Ја гледам и кога спијам
Ја чувствувам и кога не сум покрај неа
Таа е најубавото нешто на планетава
На овој свет, во овој живот
Нејзините големи очи, тие блескаат, ме заслепуваат
Секогаш паѓам во нив
И не сакам да се вратам.

Посакувам ова засекогаш да биде
И никој од нас да не замине
Бидејќи кога таа гледа во мене
Ме прави
Да се чувствувам
Исполнето.

Таа е...
Се...
За мене...

By Finity. :back: (за тебе, најмила :pipi:)
 
КАЈГАНА

Со кајгана јас се бавам
и на никој работата не ја давам.
Од семејството само јас ја правам
и само во себе ја грабам.

Особено за Велигден ја правам
и сам си ја јадам.
Ако сакате да ви дадам на сите
вадете ги парите.

Јајца од Жива-Скопје земам
и одма почнувам да ги мелам.
Ниедно несмее да ми писне
бидејки тешко ќе си помине.

Среќен мојот стомак си е
секојпат кога низ него јајце ќе помине.
Ајде правете кајгана сите
ќе ви ги скрати маките.
 
Невидлив лавиринт и течни ходници
растат по ѕидовите на вечноста
црвената планина го впива модрото небо
се стемнува од земјата која раѓа страшила
стапалки на мртовци по кои одиш
стапки и степени до небескиот трон
на кој се лула богот дете со зора во очите.
 
Копнеж по мене

Возот пристигна на перонот,
стоиш скаменет на станицата
и ме чекаш.

Те гледам, облечен во истиот мантил
се смешкаш и ѕвериш по прозорците.

Интересен си ми додека
со поглед, желно, ме исчекуваш.
Знам, ги броиш секундите
додека погледнуваш во часовникот.

Знај, преминав цветни ливади
и трчав боса по виножитото,
додека те најдов.

Знај, живеев меѓу лавови
кои ме бранеа од секакво зло,
додека те најдов.

И те гледам како упорно стоиш
на станицата и желно, со насмевка
ме очекуваш да дојдам
додека возот полека пристигнува
на перонот.
 
Во секојдневието...


И додека мирисам зумбули

откинати карши Песталоци, намокрени од вчерашните дождови

И додека бирам поголеми и поврели домати

за салатата дома

И додека се шетам по улици со куп книги во рацете

намирисана на факултетските зандани

И додека спијам со едно око подотворено

обидувајќи се да го задржам балансот на денот...

Во секојдневието.

Една мисла, како секавица.

Го осветлува и најтемниот бран меланхолија.

Ех, ајде де!

Совршено (не)присутен.
 
Хартијата трпи се

Време-невреме, страшно е.
Сонце-облаци, дилема.
Но што е сонцето??
Вечното прашање на мудрите филозофи.

Вклучена сијалица во мрачна соба
и темницата е разредена.
Мастило во шишенцето
и празни фрази испишани на хартија.

Ха, хартијата трпи се.
Чудно, трпи се но никој не ја користи.
Само празни фрази летаат низ перото.

Ти си далеку и никој
не може да те допре.
Никој освен јас.
Колку фенси ја држам чашката
додека наздравувам за нас.

Сето тоа го пишува на хартијата,
верувај ми.
Ме погледнуваш од косо.
Знам се сомневаш.
Се сомневам и јас, ама знаеш
хартијата трпи се.

И пак постои дилемата,
време-невреме,
сонце или облаци
и размножени филозофи.
 
This Is Me

This is me
Bending back for you
This is me
Breaking up in two
This is me
Falling apart away from your heart.

This is me
Pretending its okay
This is me
Trying to start again
This is me
Holding on the edge.

This is me
Sliced to pieces
This is me
Feeling worthless
This is me
Spinning in circles around again.

This is me
What you left behind
This is me
What you just forgot
This is me
This is me...

By Finity. :back: (без некоја посебна инспирација)
 
...облак, над тебе...
... носам дожд...
дожд, за жедното цвеке мое...
дожд...од, потоците, од океаните...
јас носам тивка сенка, за листовите најнежни твои
кога ке сонат, пладневен сон...

Од моите крилја разлетани, свеж ветер...
сладок мирис на лаванда и лимоново дрво
и утрински роси, растворени на тебе..розо најнежна...
...минувајки низ грмотевиците со смеја.

И во ноките, твојата перница бела...
додека полека заспиваш во рацете мои, кон првиот блесок...

Пурпурно, изгрејсонце...
со неговите очи од метеори,
заробено од боите на виножитото над тебе...
и звук, кој само ангелите го слушаат.

Облак над тебе,
носи дожд, дожд за жедното цвеке...
дожд од потоците, од глечерите од океаните...
тивка сенка, носам
изгејсонце, зајдисонце...
...само за тебе.
 
Се враќам...

Враќајки се во минатото
те враќам тебе!
Се враќам...
Се враќам на секоја
насмевка...
Се враќам на секој
бакнеж...
збор...
воздишка...
Но враќајки се,
не добивам ништо.
Добивам само тага...трошка
надеж.
Живеам во сегашноста
но те немам тебе!
Доаѓа иднината,
а ти немаш иднина!
...преживеа се...
Се враќам надевајќи се...
Се враќам...
ЗА ДА ТЕ ВРАТАМ ТЕБЕ!



 
Перипетија на пријателство

Во утра и самраци ќе те теши,
ќе се прави дека ти ја знае душичката.
Ќе ти ветува нешто свето, намножено со реалноста.
Ќе ти ја балосува главата, ќе ти се пикне под кожа како мал подзул
А од тебе ни глас ни трага.
Ти ќе затвориш очи, додека мислиш дека тој гледа за тебе,
Ќе одмориш раце, додека мислиш дека он копа за тебе,
Ќе си го скрнавиш родот, скрнавејќи те тој тебе
со благороднички, презлатени зборови.
И додека ти ветува утре ти стануваш паразит.
Ти ги суши виденијата на надежите,
ти ги суши солзите заедно со ‘ртулците,
те фаќа ишијас, немаш веќе потпора
тој те предал - ти си во провалија
заради неговата бесмислено логична вештина.
 
Без себе

Мислам дека сум осамена.
Не како волк.
Ниту како лав.
Осамена како што човек може да биде.
Отргнат од телевизорот
Од сите апарати што го лажираат човековиот глас
Од лажичката за сируп залепена на масата.
Далеку од сите магиски реакции
од сите случувања
од сите географски одредници
Од велосипедот со крекаво ѕвонче.
Мислам дека сум осамена.
Не како облак.
Ниту како ветер.
Осамена како што човек може да биде,
Отргнат од ноќните шумови
Од сите чекори после полноќ по улиците.
Од часовникот
Од чевлите со чорапите натуфтани во петиците.
Далеку од сечиј свет,
од сите случувања
од сите географски одредници.
Од сонот што пискаво бега.

Без себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom