Варосување

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Значи варосување...
Како што ме дал господ таков каков што сум, да си буткам носот насекаде, решив годинава сам да варосам, т.е. да поликолорисам:)
Е, сега, проблемот е во тоа што технички знам како треба, а практично скоро и да немам некое искуство...Со самиот процес на фарбање ќе нема проблем, ама да ми каже некој кој се разбира во оваа работа со што да пополнам оштетувањата.
Од муабети со нестручни лица ми препорачаа гипс и глет маса.
За гипсот...знам дека многу брзо се стврднува, и затоа мислам да пополнам и средам со глет маса која (наводно) долго време е употреблива, т.е. не се стврднува.
Или можеби со нешто трето?
По некоја логика, откако ќе средам се тоа оштетувањата, би требало да застругам малце со некоја шмиргла :) исто како на метал китот :), или има некоја друга техника?
Станува збор за најкласични ѕидови и најкласично варосување во најкласичен можен стан изграден некаде `64. Нема никакви модерни заебанции околу тоа какви се ѕидовите.
Значи, да си терам како што сум наумил, или сепак, да си викнам мајстор?
 
Најдобро бате викни си мајстор, зато шо од експериментирање ќе ти дојде преку глава и ќе ти се крене притисокот само, а вака пари на рака, Мара за рака:jaj:
 
installations_06-install-26.jpg

installations_06-install-18.jpg

installations_06-install-11.jpg

installations_06-install-22.jpg

installations_06-installati.jpg

installations_06.jpg

installations_06-install-21.jpg
 
Оваа година ние дома решивме сами да фарбаме и да не викаме мајстори. ОК, се добро излезе, станот е сега топ офарбан, ама....душата ни излезе. Па има заебанции, па глет маса, па шмирглање, :zid:па бојата не била рамномерно нанесена (виолетовата боја прави проблем при нанесување), па капе долу по паркетот, па бриши...така да мој совет е секогаш да се вика човек што си ја знае работата, плати си и мирна глава
 
Јас си викнав мајстор, ама еден дел (соба + купатило) сам варосав :)
Арно излезе моево :)
 
Абе зашто мајстор види го,јас лани со уште двајца другари цела куќа ја искречивме(зборам цела куќа-3 дена маме ни се еба) :)
Ако ти е претходно у некоја боја кречено како кај мене на пример што беше со најнегрубата шмиргла што постои земи и истругај ја бојата нели полека да не се направат додатни проблеми(ако е гипс картон од шмирглата може да се уништи скроз горниот слој-и проблем плус,затоа полека)после напрај глет масата и попунуј дупки и пукнатини со шпаклата нели ќе им ставиш и мрежичка,остај нека се исуши убаво,после со подлога испрскај ги зидовите(вреди подлога да се стави ако е многу прљаво,цигари ово оно или претходно кречено,1литар се раствара во 3-4 л. вода и е доволно за 15м2-колку професионално кажано а,признај :icon_lol: ) и после тоа удри со поликолорот
Доколку кречиш во боја имаш пигменти во секоја продавница за бои,лупни неколку капки во кантата поликолор измешај грабни го ваљакот
Нема бе некоја филозофија
Поздрав :wink:
 
Јас утре ке бојадисвам :).

Решив да ги сменам боите во мојата соба,ми дојдоа некои идеи и ајде..
со помош на татко ми нешто ке успеам да напрам.
Малку јас ке давам идеи,малку тој.
Краен резултат ( сеуште не знам ) .Ке видиме.:helou:
 
Ајде како најстручен, или човек со најголемо искуство во фарбање ѕиводи ке ви дадам неколку совети.

1. Доколку имате дупки и пукнатини, никако немојте гипс. Гипсот се здрувуа брзо, откако ке се здрви останува многу јак и ништо нема да направите. Земете глет маса и добро наполнете ги. Откако ке се исушат, може да се стружат со фина шмиргла 180 или 220.
2. Немој некој да земе и да варосува со вар. Тоа е матерјал за малтарење, а се бојадисуваше со вар пред 30 години. Ако ме слушате, земете си поликолор, 15 литри канта е некои 650-700 денари. Башка многу лесно се чисти, во споредба со варта која е гнаса за чистење. Поликолорот се нанесува со валјак или четка. Во него има средство за дезинфицирање, и одлично покрива валканици, така да 100% и понеискусен ке го дотера добро (без да се познаваат четки).
3) И најважно. Доколку не знаете да фарбате, викнете си мајстор. Ама некој салам не како 70% од битолските мајстори кои работат во РЕК, па бојадисуваат по куќи и станови навечер (после работа), па наместо за 2 дена, ке останете растурени една недела.
 
прашање: во гаражата на ѕидот се познаваат како црни флеки, ќеда од влага ќе се, има нешто шо би ги покрило од боите?
 
Вар + растворен син камен (анти микоцидни својства).
 
Вар + растворен син камен (анти микоцидни својства).
Немој да те лажел господ такви експерименти да правиш... Незнам колку се ефикасни, но сигурно е дека се опасни. Син камен, порано за да купиш бараа л.к. по аптеки како дрога да купуваш.

Земаш еден литар поликолор = 60 денари и 3 пати намачкај ги. (чекај во меѓувреме добро да се исуши првиот слој за да ставиш втор), а ако планираш да го фарбаш цел таван можеш два пати флеките и една рака цело, за тоа ке ти треба повеќе боја :). Такви флеки најчесто настануваат во кујна, или места каде има концентрација на пареа. Би требало (99% сум сигурен) дека ке се покријат. Ако не се покријат.... ке ти кажам друг марифет, но за него ке треба повеќе матерјали.
 
Немој да те лажел господ такви експерименти да правиш... Незнам колку се ефикасни, но сигурно е дека се опасни. Син камен, порано за да купиш бараа л.к. по аптеки како дрога да купуваш.

Друже кај бараат лична карта дрога кога купуваш?

Иначе нешо у глава ми се врти радикол за попунување дупки.

Иначе у кречење не сум искусен, искусен сум у прскање фасада со еже. Тоа го потопуваш у кантата да се напуни, идеш по стазата околку куќа, застануваш и вртиш рачката. Тоа е тоа.
 
Прашање.. Нова куќа, варосано е со вар, сакам да поминам со поликолор. Дали мојт дирекно да се поминит со поликолор или прво треба да се нанесе некоја подлога или кречење?
 
Прашање.. Нова куќа, варосано е со вар, сакам да поминам со поликолор. Дали мојт дирекно да се поминит со поликолор или прво треба да се нанесе некоја подлога или кречење?
Директно, не треба ништо. Само раствори го малку поликолорот со вода (ко шо е напишано на кантата) и со валјак помини се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom