Валентин за Трифун на плоштад - 11-14.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Трајко Каров, тапанарот на познатиот бенд „Триангл“ и фронтмен на групата „Багаж“, почина вчеравечер на концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Каров, кој настапил заедно со Венко Серафимовски, по само неколку секунди откако завршила свирката се струполил на сцената, сведочат за Макфакс неколкумина луѓе кои вчера го посетиле плоштадот по повод забавата за празниците „Св. Трифун“ и „Св. Валентин“. Присутните пробале да го реанимираат Каров со масажи на срцето, но обидите биле неуспешни.

Според сведочењата на неколкумина случајни минувачи, концертот на плоштадот продолжил како ништо да не се случило.

Трајко Каров беше брат на Бубо Каров, заштитен знак на К15 продукција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom