Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Студијата која го поврзува аутизмот со вакцините е измама
British Medical Journal објавува дека студијата која тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам е добро разработена измама која направи долготрајна штета на општото здравје. Истражувањето кое го објави British Medical Journal откри дека авторот на таа студија, Dr Andrew Wakefiled, погрешно ги интерпретирал или ги изменил медицинските истории на сите 12 пациенти на кои ја базирај студијата во 1998 година - без никакво сомнение дека тој е одговорен за тоа. Британија му ја одземала дозволата за работа во мај годинава.
Неговата невалидна студија испаничи многу родители и доведе до остар пад во бројот на вакцинирани деца против морбили, заушки и рубеола. Процентот на вакцинирани деца во Британија нагло падна, достигнувајќи 80% во 2004. Бројот на заразени деца од морбили нагло се зголеми во следните години.
Во 2008 година во САД се пријавени повеќе случаи на морбили отколку во било која друга година од 1997 год. наваму. Повеќе од 90% од заразените деца не биле вакцинирани или не се знаело дали се вакцинирани.
„Но, подеднакво важно како овој ефект е енергијата, емоциите и парите кои се пренасочени од трудот да се разберат вистинските причини за аутизмот и како да им се помогне на децата и фамилиите кои живеат со тоа“, вели едиторијалот на BMH.
Wakefiled не можел да ги репродуцира резултатите наспроти критицизимот, ниту пак други истражувачи можеле да ги добијат истите резултати. Повеќето од неговите коавтори ги повлекле своите имиња од студијата во 2004 кога разбрале дека студијата била спонзорирана од правна фирма која планирала да ги тужи производителите на вакцини - сериозен конфликт на интересни кој тој не им го спомнал. По години контроверзија, the Lancet, престижното списание за медицина кое прво го објавило истражувањето, го повлече трудот на Wakefiled минатиот февруари.
Серијата на статии кои беа објавени минатата среда се истражувачко новинарство, не резултати на клиничка студија. Авторот, Brian Deer, изјави дека Wakefield ги „оформувал“ податоците пред него, „фалсификувајќи медицински истории на децата и во суштина измислувајќи слика, која беше сликата договорена да биде најдена од адвокатите во надеж да ги тужат производителите на вакцини и да се создаде страв од вакцините.“
Според BMJ, Wakefield добил повеќе од 435 000 фунти од адвокатите. Godlee изјави дека студијата покажала дека од 12-те случаи кои Wakefield ги истражувал во неговиот труд, пет имале проблеми во развојот пред да ја примат MMR вакцината, а три воопшто немале аутизам.
„Секогаш е тешко да се објасни измамата и како влијае на луѓето да лажат во науката“ кажа Godlee. „Но, по сѐ изгледа дека во позадина на ова стои финансиски мотив, во смисла на исплатата од адвокатите, како и преку легални грантови за помош кои тој ги добил, но и преку финансиски измами од кои се надевал дека ќе има придобивка преку дијагностика и други тестови за аутизам и проблеми поврзани со MMR.“
Објавено е во British Medical Journal дека е измама, the Lancet го повлекол трудот (секој кој барем малку се разбира во медицина ја знае тежината и значењето на Lancet), CNN го покрива ова. Ајде уште еднаш преиспитајте си ги идеите кои сте ги добиле од Сашо Тасевски, Слаџана Велков, Ивона Живкович и разни други „експерти“ кои успеале да стигнат до хостинг и сопствена интернет страна кај што ќе лупаат за злото на вакцините, а сите тие основани на една студија која во суштина е лага и чија побуда не е „доброто на човештвото“ туку пола милион фунти кои си ги ќарил авторот. Фармацевтската мафија е крива за се, а?
Најпријателски совет: Појди во некое друштво на родители со деца кои имаат аутизам и прашај ги дали некое од децата е невакцинирано или сите 100% се вакцинирани. Како нивните деца се однесувале пред примање на вакцините и после примањето на некоја од вакцините.
А за фамацевтската мафија имаш владини податоци колку МИЛИЈАРДИ $ i Eur за казни досега имаат исплатено поради "лекови" кои биле во продажба за после да се докаже дека имале катастрофални последици по здравјето на луѓето.
Совет до луѓето ПРОТИВ вакцини: Според законот ДОЗВОЛЕНО ВИ Е ДА ОДБИЕТЕ ВАКЦИНИРАЊЕ. Значи слободно донесете си одлука ДА или НЕ и нема потреба насекаде да "трубите" за донесената одлука, бидејќи ниту сте подобри ниту полоши родители од другите. Секој родител го сака најдоброто за своето дете.
Нели е очигледно кој фактор бил пресуден, ако од напредно здраво право комуникативно дете, ВЕДНАШ ПОСЛЕ ВАКЦИНАТА СЕ ЈАВУВАВА АУТИЗАМ?Bafra, се имаме пеглано и порано на темава, ама мене не ми е јасно зошто НИКОГАШ не го земате како ФАКТОР влијанието на ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
Не знам која е дотичната, ама дестилирана вода е ОПАСНА за пиење. Водата е моќен дилутант, и ако во неа природно нема минерали тогаш во водата ќе се растворат минерали/состојки од самото тело. Затоа дури и нормална секојдневна и обична вода, е опасна ако се испие во преголеми количини.Слаѓана Велкова 50% од тоа што го збори се тотални глупости и опасни по здравјето. Посебно за дестилираната вода да пиете. НЕМОЈТЕ да ја пиете.
Нели е очигледно кој фактор бил пресуден, ако од напредно здраво право комуникативно дете, ВЕДНАШ ПОСЛЕ ВАКЦИНАТА СЕ ЈАВУВАВА АУТИЗАМ?
Нели нема ништо лошо ако се бара да се подобри квалитетот на вакцините, наместо нивно комерцијално искористување за профит, посебно со инсистирање на непотребни вакцини против се и сешто (стомачен грип, настинки, итн). Најстрашни (според сведочењата) се коктел вакцините, кои водат во листата на причинители за аутизам.
Не знам која е дотичната, ама дестилирана вода е ОПАСНА за пиење. Водата е моќен дилутант, и ако во неа природно нема минерали тогаш во водата ќе се растворат минерали/состојки од самото тело. Затоа дури и нормална секојдневна и обична вода, е опасна ако се испие во преголеми количини.
Затоа на тие што се занимаваат со напорни долготрајни спортски активности (планинарење или велосипедизам, чисто за пример) и пијат обилни количини вода, им се препорачува обавезно со пиењето вода да се јаде сушено овошје или други работи, за да се задржи балансот на електролити.