Возам VW golf mk6 1.6 tdi 105ps. Го земав пред 4 години со 80к километри (редовно сервисиран во porche и таму и продолжив да го носам на сервис). Да ви кажам право многу сум разочаран од гофлот ( не знам дали сум само јас со вакви проблеми или и други сопственици на на голф, пасат со истиот мотор ги имаат).. Има 150к километри и почна се да зафркава.. Т.е. тоа уште претходно ама не знаев што е.. Сега открив дека DPF филтерот е презапушен и џабе врши регенерација.. Го носев до сега два пати во сервиси да ми вршат таму софтверска регенерација затоа што почнаа да светат 3 сијалички (за dpf регенерација, engine check и сијаличка за греачи и со тоа не работеше ни турбото) - таму ми кажаа дека е поради дпф филтерот и дека ќе мора да го сменам.. Исто така ми кажаа и дека некоја клапна на EGR филтерот и ќе морало да се смени цел егр филтер и тоа би коштало околу 500 евра.. Е сега гледав солуција дека е можно да се извади дпф филтерот и софтверски да се префлешува - дали е тоа можно и дали е добро за возилото? Исто така веќе подолго време го слушам моторот дека е погласен кога работи и открив дека уствари и дизните не се добри и дека и тие ќе треба да се променат или да се репарираат - и тоа не знам колку е добро.. Јас стварно не очекував да земам вакво ѓубре од кола - а нели сите викаат германско е германско ама изгледа и германското не е тоа што било... Кажете ми што да правам? Стварно не знам веќе и се повеќе и повеќе ми одмилува колава.. Јас мислам дека треба да ја продадам и да си земам бензинец ( е сега работата е дека сакам турбо бензинец - е сега читан и со тоа имало проблеми на тси моторите и дека се јавувало некој звук како engine rattling ( другарче има сеат леон 1.4 тси и тоа му се јавува кога ќе ја запали колата и после 30 секунди исчезнува)).. Али барем со бензинец нема ни да имам проблеми со дизни и со дпф и курпф итн...