Утврдување на минимална плата од 160 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
Според претседателот на ССМ, Живко Митрески, минималната плата во државата треба да изнесува околу 160 евра, а се разгледуваат две варијанти, таа да се утврди на ниво на држава или да се оди на модел на утврдување на минимална плата по гранки

Сојузот на синдикати на Македонија во пресрет на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, започнува кампања за утврдување на минимална плата во Република Македонија. Според ССМ минималната плата во државата треба да изнесува околу 160 евра. Се разгледуваат две варијанти, дали таа да се утврди на ниво на држава или да се оди на модел на утврдување на минимална плата по гранки.
- Станува збор за исклучително значајна активност која веќе дваесетина години не е реализирана. Сметаме дека ова прашање ќе роди плод и еднаш за секогаш да утврдиме минимална плата што ќе им овозможи социјална и материјална сигурност на работниците, а од друга страна ќе претставува дополнително средство во борбата против сиромаштијата, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески.

Синдикатот посочува дека од утврдувањето на минимална плата придобивки ќе имаат работниците затоа што со тоа ќе добијат материјална и социјална сигурност, а од друга страна и работодавците, бидејќи ќе се елиминира конкуренцијата и работата на црно.
Од Организацијата на работодавци (ОРМ) ја поддржуваат иницијативата за утврдување минимална плата, но предупредуваат дека треба да се внимава кога ќе се договара износот на најниска плата, затоа што во одредени гранки веќе има утврдено минимална плата.
- Во колективните договори на ниво на гранка имаме утврдено одредени износи. Во текстилната индустрија износот е 5.500 денари, а во кожарската 5.200 денари. Значи ќе треба многу да се внимава кога ќе се договара износот на најниската плата на ниво на држава, истакна Белинда Николовска, генерален секретар на ОРМ.

Речиси две третини од земјите во Европската унија имаат утврдено минимална плата, а тоа го имаат сторено и соседните држави. Во Словенија минималната плата е 599 евра, во Хрватска 380 евра, во Србија 160 евра, Бугарија 123 евра.

Ајде црепови нели сте луѓе од народот, исполнете го ова барање.

Не мора да биде на ниво на држава, но може да се направи по сектори.

Не може продавачката од мојата маалска продавница да работи по 10 саати 6 дена во неделата за смешни 10 илјадарки.

Треба подитно да се прекине омаловажувањето и деградирањето од страна на нејзините газди, робовладетели!
 
Минималма плата на било кое ниво е најбизарната и најпогрешната политика во било кое време и на било кое место. Минимална плата значи максимална невработеност посебно за луѓето чија продуктивност не е над минималната плата. Со воведување минимална плата се кине баш кај што е танко - т.е без работа остануваат оние на кои му е ионака најтешко да најдат работа.

Минималната плата е синдикална измислица што служи за бенифитот на привилегираната веќе вработна елита која се штити од конкуреција од луѓе со исти вештини и работен квалитет кои би биле спремни да ја сработат истата работа поефтино. Цехот го плаќаат тие што остануваат без работа.

Инаку да добро би ни дошле повисоки плати и еве предлог како да ги добиеме:
1. Укинување на задолжително здраствено, секој сам да си се грижи за осигурување.
2. Укинување на задолжително пензиско секој сам да се грижи за својата пензија
3. Намалување на персонален данок и слични давачки кои ја оптеретуваат платата...

Ви гарантирирам повисоки плати после вакви мерки а богами и пониска стапка на невработеност.

Секако не е така лесно так-так да се направи тоа, оти треба да се најди начин како би се решила тековната ситуација. Има разно разни модели од тој на Кина каде што просто ги пруинудија семејствата да се грижат за старите до модели каде што намалувањето би било постепено и би се потрсижувало на двете страни (и во давачки и во плати/пензии).

На крај една благодарност до законоите за миналма плата, поточно целата е***а табела за минимални плати (која глупост е да се одредуваат мин. плати по секотри, како демек тие знаат која е пазарна продуктивност на рибар или пак на забар!!! или пак кој треба да е одност на платите на еден сектор во однос на дргу) за нашава 33% стапка на неварботеност една од највисоките во светот.

Просто коски да ти се тресат кога синдикат ќе предложи нешто.
 
Брат ај чувај си ги економските флоскули за себе, може?

Ако газдата не може да му обезбеди пристојна плата на работникот тогаш најдобро е да не ни помислува да започне бизнис.

Продавницава за која зборам прави профит(нето) на годишно ниво 40000 илјади евра, а платата на работникот е 10 илјади денари (саатнина 40 денари), кај го има тоа???
 
Во земја каде секој трет работоспосебн е невработен, каде имаш широк спектар и избор на потенцијални работници, не знам дали можеш тукутака да утврдиш најниска плата од 160 евра. Економски неодржливо е, барем во моменталнава ситуација. Кој работодавец би се согласил да дава најниска плата од 160 евра на еден човек кога за истата може да најде двајца работници?
Друго би било прашањето ако имаме едноцифрена стапка на невработеност.

Плус, ова утврдување на најниска плата носи и ризик од инфлација на цените, со покачување на платите се зголемува куповната моќ, расте побарувачката, се покачува цената на понудата. Едноставно, нели?
 
јас ке ги чувам тие што и да се...

а ти погрижисе за илјадниците продавачки што немаат работа само за таа конкретната да има плата од 10.000 ден,

и btw не плеткај профит со плати.. тоа ти е баби и жаби..
 
Во земја каде секој трет работоспосебн е невработен, каде имаш широк спектар и избор на потенцијални работници, не знам дали можеш тукутака да утврдиш најниска плата од 160 евра. Економски неодржливо е, барем во моменталнава ситуација. Кој работодавец би се согласил да дава најниска плата од 160 евра на еден човек кога за истата може да најде двајца работници?
Друго би било прашањето ако имаме едноцифрена стапка на невработеност.

Плус, ова утврдување на најниска плата носи и ризик од инфлација на цените, со покачување на платите се зголемува куповната моќ, расте побарувачката, се покачува цената на понудата. Едноставно, нели?

9355283.jpg

Инфалцијата расте ако работникот земе 1000 денари повеќе и купи 30 кила патлиџан (кој патем ние го произведуваме)
А инфлацијата паѓа кога дечкото со камшикот у руки, ќе си купи вакво "милениче".

mercedes-c-class-1.jpg

Не збориме за универзално ригидно правило кое ќе ја дефинира саатнината/платата.

Може да се оди со флексибилно решение, кое ќе зависи од многу параметри.
Фирмата е:
-стара од 3 до 6 месеци(во зародиш кога капиталот се тенчи)
-годишниот обрт што го прави фирмата е од x до y
-цената на работните трошкови во даден сектор во одреден момент итд итд...

Не сум економист ама користам здрава логика, верувам дека ќе се најде праведно(капитализам и праведност е оксиморон али нема везе) решение.

Уште една БИТНА ствар проблемот со невработеноста треба во најскоро време да се реши !

Да се договориме, дали сакаме да бидеме богата и просперитетна држава или сакаме да играме DOTA во 3 саат сабаље и да мастурбираме на Brazzers тетки.
Од нас зависи.
 
Во земја каде секој трет работоспосебн е невработен, каде имаш широк спектар и избор на потенцијални работници, не знам дали можеш тукутака да утврдиш најниска плата од 160 евра. Економски неодржливо е, барем во моменталнава ситуација. Кој работодавец би се согласил да дава најниска плата од 160 евра на еден човек кога за истата може да најде двајца работници?
Друго би било прашањето ако имаме едноцифрена стапка на невработеност.

Плус, ова утврдување на најниска плата носи и ризик од инфлација на цените, со покачување на платите се зголемува куповната моќ, расте побарувачката, се покачува цената на понудата. Едноставно, нели?
Просто не е потребно минималната плата да е 160 евро,а мора да се определи покомплицирано и определено помалце от това 160 евро.
Бизнесот би сакал да нема минимална плата и ако може да земе работници и за 80 евро ,а граганите би сакали да има минимална плата ако може от 1000 евро, но дали едното и другото се дозволуват от икономиката и от пазарот?
Треба да се направи проценка,колко % от работештите сега ке са под тази минимална плата и дали и како воведуването на тази плата ке влиjaе. Тези,кои зимат днес 500 евро плата не ги интересира,дали минималната плата ке е 100,160 или 200 евро. Тиja и така са над неja.

--- надополнето ---

Минималната плата не изклочува да се определат стапки за видове професии,заштото ако имаш повеке софтуерни инженери,нив не можеш да ги ставиш и да ги плакjaш колкото един работник во туризмот например.

--- надополнето ---

Невработеноста нема да се пребори со воведуване на минимална плата. Воведуването на минимална плата може да биде нож со две острици. Ако таа е премногу висока от реалните можности за плакjaне от страна на бизнесот - това ке доведе до одене на един дел от бизнесот во сивиот сектор поради неможноста да плакja плати и даноци за нив,а това ке намали и приходите во државниот буджет.
Големата невработеноста може да се пребори само со странски инвестиции и во многу,многу мала степен от развоj на домашното производство.
 
Брат ај чувај си ги економските флоскули за себе, може?

Ако газдата не може да му обезбеди пристојна плата на работникот тогаш најдобро е да не ни помислува да започне бизнис.

Продавницава за која зборам прави профит(нето) на годишно ниво 40000 илјади евра, а платата на работникот е 10 илјади денари (саатнина 40 денари), кај го има тоа???

Potpolno se slozuvam, ako nekoj ne moze da isplati pristojna plata ne mora da da raboti biznis, ne mozat gazdite da se vadat na starite semi "nema pari za pogolema plata ili da da se isplatat plati, nema profit" ako nema profit zatvori dukanot i ajde cao, ili neka ja zeme kerka mu da raboti za badijala a ne nekoe tugo devojce.
 
Не може продавачката од мојата маалска продавница да работи по 10 саати 6 дена во неделата за смешни 10 илјадарки.

Треба подитно да се прекине омаловажувањето и деградирањето од страна на нејзините газди, робовладетели![/SIZE][/B]

160 * 60 = 9700.

Минималма плата на било кое ниво е најбизарната и најпогрешната политика во било кое време и на било кое место. Минимална плата значи максимална невработеност посебно за луѓето чија продуктивност не е над минималната плата. Со воведување минимална плата се кине баш кај што е танко - т.е без работа остануваат оние на кои му е ионака најтешко да најдат работа.
Минималната плата е синдикална измислица што служи за бенифитот на привилегираната веќе вработна елита која се штити од конкуреција од луѓе со исти вештини и работен квалитет кои би биле спремни да ја сработат истата работа поефтино. Цехот го плаќаат тие што остануваат без работа.

Инаку да добро би ни дошле повисоки плати и еве предлог како да ги добиеме:
1. Укинување на задолжително здраствено, секој сам да си се грижи за осигурување.
2. Укинување на задолжително пензиско секој сам да се грижи за својата пензија
3. Намалување на персонален данок и слични давачки кои ја оптеретуваат платата...

Ви гарантирирам повисоки плати после вакви мерки а богами и пониска стапка на невработеност.

Според ова за 20 години од Македонија нема камен да остане и соодветно невработеноста ќе се намали на 0%.
Ако за работодавците минималната плата е "бенифитот на привилегираната веќе вработна елита која се штити од конкуреција од луѓе со исти вештини и работен квалитет кои би биле спремни да ја сработат истата работа поефтино" за работниците таа е заштита од експлоатација.

Од работодавците зависи дали ќе бидат сметани за себични говеда или за луѓе кои придонесуваат за напредокот на општеството.
 
Брат ај чувај си ги економските флоскули за себе, може?

Ако газдата не може да му обезбеди пристојна плата на работникот тогаш најдобро е да не ни помислува да започне бизнис.

Продавницава за која зборам прави профит(нето) на годишно ниво 40000 илјади евра, а платата на работникот е 10 илјади денари (саатнина 40 денари), кај го има тоа???

За овој пример што го кажа ти да, ако заработува многу а слаба плата дава можеби и треба ама што е со оние кои неможат да дадат поголема плата на работниците? Ке треба да затворат и никој да не работи и тие што земале некакви пари до сега ке останат на улица.Може да се провери само некои фирми колку заработуваат и према тоа да се види и дали реални плати дава.
 
Mислам дека минималната плата треба да биди 300 евра... Неможи сите да се вработени во јавна администрација, ама тоа на овај народ некако не му е јасно. Некој треба да се врати во село и да биде земјоделец/сточар. А како што тргнале цените на храната, веќе е доста исплатлив бизнис. Ама пусто македонче, за 7.000 денари ќе работи, само во костум да е.
 
Не знам колку е точно, ама имаше муабет за некој Грк што дошол и направил некој бизнис и почнал да дава добра плата на своите вработени, по што му дошол некој „пријател“ Македонец и му рекол „абе глуп што им даваш толку, они и за 100 евра ќе ти работат“ и така овој им ја намалил платата, а си го зголемил ќарот.

Наравоучение: Од нашите си патиме. ;)
 
Ако веќе воведуваат, зар не треба да е колку минималните трошоци за јадење...колку онаа потрошувачка кошница? 12-13 илјади и да се прилагодува на порастот на трошоци?
 
Минималната плата си ја определува вработениот. Ако не сака да работи за десет илјадарки - не мора.
 
Не знам колку е точно, ама имаше муабет за некој Грк што дошол и направил некој бизнис и почнал да дава добра плата на своите вработени, по што му дошол некој „пријател“ Македонец и му рекол „абе глуп што им даваш толку, они и за 100 евра ќе ти работат“ и така овој им ја намалил платата, а си го зголемил ќарот.

Наравоучение: Од нашите си патиме. ;)

Има друга приказна од Велес што ми ја кажуваше еден другар. Дошол некој да направи фабрика за медицински отпад обработка понудил 15 000 плата и дошле локалните магупи му рекле дали е со паметот здрав за 8000 ќе му работат. Бог знае кои им се мотивите на ѓубрињата али македончето како што знае да си пука во нога никој друг не знае .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom