Утринско расположение

Немам проблеми ..станувам свеж, за 5 минути се вклучувам , и сум спремен да си го терам денот
 
На нешто друго помислив кога прв пат го прочитав насловот :icon_lol: Инаку првите 20-30 минути не сум расположен, ама од кога се облечам, средам се е ок :)
 
Моменталново расположение ми е на нивоооооу иако сум станат пред речиси 20 мин го вртам мојот хит на денот и топпп ми е осекам денов ке биде јак !!!
 
Ако по утрото се познава денот, тогаш јас ќе имам екстра-авантуристичен-интересен ден и тоа без спиење.
 
леле и јас сум неспан но не ми е проблем ама никаков...сега ќе треба да се бричам па после едно добро турцко:)
 
^^ Два дена по ред не сум спиена, т.е две ноќи. И двава дена сум на јакобс- три во едно, па добро се држам. :pos2:
 
Кој авантури ги имам после станување...барањето на едната чорапа , кога го барам мобилниот кој сум го фрлил при станување (оти ме нервирал алармот) , одењето до ВЦ по ладните плочки (кој пополека ме расонуваат) , глетката која ме нервира (кога брат ми безгрижно си спие и нема никакви обврски) , и мочањето .
 
Бидејќи сум во период на распуст можам без проблем да си поспијам до покасно, а инаку секој ден се разбудувам различно. Некогаш со насмевка на лице а некои утра намуртена и нерасположена како со некој да сум се “тепала“ во сонот :pos2: Ако денот ми почне со кавга тогаш така и ќе си продолжи се додека не легнам пак да спијам.
 
првите саат време не ми прајте муабет :)))
 
Какво расположение само имам... станувам од спиење и одма на друг кревет да се одморам :nesum:
 
кој е расположен наутро?
lud.gif
 
Ретко нешто да не поднесувам повеќе од станување на сабајле. И после толку години школо, факултет и работа не можам да се навикнам. Претпоставувам ради клаберскиот живот и слично има некој неврон што не ми дава да заспијам пред 1 сабајле колку и да не сум спиен. За мене денот почнува од 10. А сум приметил на пример и дека ако малку сум отспал претходната вечер на пример 3 саата понаспан сум ако тие 3 саата сум ги спиел од 7 до 10 него ли од 4 до 7 на пример.

А практикувам и еден трик што ми го кажаа. Навиј го саатот еден час унапред. Пример ако треба да се стане во 7 се навива саатот во 6 да те разбуди па после се пренавива за до 7 да отспиеш уште еден саат. Или има некој плацебо ефект или стварно функционира барем за мене, по онаа некоја ваљда логика дека покрај количински колку саати си спиел, битно е и во која фаза на спиењето си се разбудил па врз база на тоа ќе се осеќаш понаспан или поненаспан. Гледам обавезно пред да легнам да мочам макар и на сила оти едно од погадните чувства е на сред сон итно бешиката да ти прати СМС. Гледам собата да е мрачна со идеална ни претопла ни преладна температура и без никаков извор на светло и звук.

Па после сите ритуали и рецепти што ги правам за ублажување на ѕвонењето на мобилниот од сабајле, самите заклучете си какво ми е утринското расположение.
 
Стануваш сабајле и сфаќаш дека немаш кафе дома.o_O Молиш саат време некој да оди да купи, на крај се убедуваш уше саат време ти да одиш до продавница и тек по три саати денот ти почнал. :mad:
 
Првите саат време не ме чепкајте :) Навистина ми треба најмалку еден час да додјам при себе и да почнам нормално да функционирам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom