Успешнa приказна за македонските слободни индустриски зони

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
А зошто дијаспората би вложила во Македонија? Неколку добри причини, ако може.
Читај наназад. Викаат дека капитал немало. Реков само дека капитал постои, а дијаспората е само пример (можеби грешам и немаат). Не реков дека треба дијаспората да вложи тоа си е сепак лична одлука.
 
Читај наназад. Викаат дека капитал немало. Реков само дека капитал постои, а дијаспората е само пример (можеби грешам и немаат). Не реков дека треба дијаспората да вложи тоа си е сепак лична одлука.

Да, ама сепак, според твое мислење, што е тоа што ќе ги натера да вложат во Македонија?
 
Читај наназад. Викаат дека капитал немало. Реков само дека капитал постои, а дијаспората е само пример (можеби грешам и немаат). Не реков дека треба дијаспората да вложи тоа си е сепак лична одлука.
Треба дијаспората да вложи ама и мајка македонија да им се оддолжи: да има фестивал на народни песни со иселеничка содржина, и да има иселенички џубокс во хаде на нетфликс. И сирење беровско.
 
Да, ама сепак, според твое мислење, што е тоа што ќе ги натера да вложат во Македонија?
Вака општо кажано во една реченица тоа би биле добри услови за бизнис кои во моментов ги немаме. Тоа важи за секој инвеститор без разлика дали е странец или е наш.
 
Абе нека е жив и здрав Санде од месен комитет
да не беше санде уште од баба и дедо ќе бараа по 50 денари за родео :pos:
Али шеф си е шеф тој ги води интервјуата....... ама на мачките што претрчуваат низ кругот и врапците шо седат на жиците понекогаш и на по некоја залутана џукела :pos:

Чекај сега да те прашам во оваа успешна приказна влегува ли инвестицијата во Трубарево, фирмата Металкеј каде се вработуваат преку месен комитет на Трубарево?
 
Чекај сега да те прашам во оваа успешна приказна влегува ли инвестицијата во Трубарево, фирмата Металкеј каде се вработуваат преку месен комитет на Трубарево?
Таа компанија не е во Тирз Бунарџик. Инаку пробуваш да ја упропастиш темата што пишуваш оф топик. Иди отвори си тема Металкеј вработува преку месен комитет Трубарево , и плукај и ти останатите колку сакаш. За оваа компанија прв пат слушам.
П.С Ако е приватна компанија , ни ти ни јас ни никој друг немаме право да кажуваме кој да вработува или не вработува. Како и да е ако е вистина, таа компанија си прави лош имиџ, и не подржувам било какви партиски вработување сметам дека само најдобрите треба да работат во било која компанија без разлика дали имаат или немаат партиска книшка. Но со доза на резерва ќе ја примам оваа информација. Зошто ,денес се лепи етикета на се без разлика дали има вистина или нема.
 
Извини Лион мислев дека имаат и погон во Бунарџик за метало стругари и дреари. Али ете немале :)
 
Извини Лион мислев дека имаат и погон во Бунарџик за метало стругари и дреари. Али ете немале :)
Чим ја спомна кажи пофали се со што се занимава. Кај се наоѓа дали е приватна компанија. Каква врска имаат месниот комитет и компанијава. Во чива сопственост е наш или странец. Кога почна да работи. Колку луѓе се вработени итн. Ајде искажи се... кога веќе почна да ја дискредитираш темава .:)
--- надополнето: 1 март 2013 во 11:54 ---
Филип Ван Хoол за „Капитал“
ВАН ХOОЛ ЈА ОТВОРА ФАБРИКАТА ЗА АВТОБУСИ ВО БУНАРЏИК ВО ЈУЛИ!

Александар Јанев

getImageThumbnail.axd
Изградбата на фабриката за автобуси Ван Хоoл во слободната економска зона Бунарџик е при крај, а производството ќе стартува во јули годинава, изјави во интервју за „Капитал“ сопственикот и извршен директор на белгиската компанија Ван Хоoл, Филип Ван Хоoл. Според последните проценки, вредноста на инвестицијата ќе достигне 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.
Изградбата на фабриката за автобуси Ван Хoол во слободната економска зона Бунарџик е при крај, а производството ќе стартува во јули годинава, изјави во интервју за „Капитал“ сопственикот и извршен директор на белгиската компанија Ван Хоол, Филип Ван Хоол. Според последните проценки, вредноста на инвестицијата ќе достигне до 30 милиони евра, а во фабриката ќе се произведуваат автобуси што ќе се возат во САД.
navodnici_gorni_1.jpg
Нè притиска времето затоа што според договорот, првите автобуси треба да ги испорачаме до крајот на годината, а сите тие се наменети за американскиот пазар. Имаме намера да почнеме со производство на првите серии во јули, но очекувам нормално ниво на производство да постигнеме во октомври-ноември. Засега планираме да се вработат околу 220-250 луѓе, но во следните две години ќе го зголемиме бројот на 400-500 вработени
navodnici_dolni_1.jpg
, вели извршниот директор на компанијата, Филип Ван Хоол.
Компанијата веќе го објави првиот оглас за вработување 35 луѓе во фабриката, а директорот Ван Хол признава дека потрагата по квалификуваната работа сила најмногу ги загрижувала уште кога ја одбрале Македонија како дестинација за нивната инвестиција.
navodnici_gorni_1.jpg
За време на првите посети ние бевме во неколку технички училишта, контактиравме и со универзитетите, а профилите коишто ни се потребни се инженери, се разбира, менаџери во областите како човечки ресурси, но најмногу ни требаат искусни и обучени рабоници. Значи, мнозинството ќе бидат такви профили од многу струки, како што се на пример, електричари, механичари, леари. Мислам дека имаме потреба од работници од 30-40 различни професии. Ако не можеме да најдеме обучени работници, подготвени сме ние да ја спроведуваме таа обука. Истото го правиме и во Белгија
navodnici_dolni_1.jpg
, објаснува Ван Хоол.
Според бизнис-планот на компанијата, на почеток автобусите ќе се извезуваат само на американскиот пазар, а по една година се планира да се прошири производството и со европски верзии на возилата и градски автобуси.
Filip_Van_Hool_01.jpg


navodnici_gorni_1.jpg
Годинава ќе стартуваме со производство на 50 автобуси, 250 автобуси се планирани за наредната година, а 250-300 за 2015 година. Потоа ќе преминеме на 500, значи целта е да се извезуваат 500 возила годишно
navodnici_dolni_1.jpg
, вели Ван Хол.
Тој во интервјуто за „Капитал“, коешто ќе биде објавено во специјалната едиција „Сите странски инвестиции“, зборува и за плановите за соработка со домашни компании, за условите за водење бизнис што ги нуди Македонија и открива зошто тој одбрал да инвестира тука, отфрлајќи ги понудите на Турција и на Србија.
«
http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...ikata_za_avtobusi_vo_bunardzhik_vo_juli!.aspx
 
Чекај сега да те прашам во оваа успешна приказна влегува ли инвестицијата во Трубарево, фирмата Металкеј каде се вработуваат преку месен комитет на Трубарево?
Не влегува пошо е стара фирма, 97/98 али газдата си е окорели и самиот си признава дека ги украл од металски првите машини ( во тоа време члан партие раководен кадар и највечи комуњар сега освестен вмбловец ), значи тоа ти е инвестиција од времето на соцјализмот претопена од вмбловски раце :pos:
Воедно би сакал да го повикам синот Luki Junior дда објасне некој работи за инвестициите во радовиш и радовишко и да каже за квалитето на направените патишта там тој регион :)
Туку leandra јас друго да те прашам дали ако се отвори фарма за БИШКИ ќе се смета за стратешки важна инвестиција ?
 
Туку leandra јас друго да те прашам дали ако се отвори фарма за БИШКИ ќе се смета за стратешки важна инвестиција ?


Само ако е во тетовско.
--- надополнето: 1 март 2013 во 12:41 ---
Да, ама сепак, според твое мислење, што е тоа што ќе ги натера да вложат во Македонија?


Дијаспората би вложила во МКД ако се стави малку ред таму и ако се подобрат финансиските/банкарските услови. Во држава која нема една асална банка да го финансира стопанството на прав начин значи да ме финансира на база на договори, на база на роба/суровини а не само на недвижнина што очекуваш? Јас во Тајланд приложувам договор од австралиска фирма кој треба да го исполнам за 90 дена, они ми даваат 80% од парите ИСТИОТ ден за да можам да го исполнам договорот. Кога ме плака австралската фима они си ја зимаат провизијата и остатокот ми го исплаќаат мене. Кога некоја МКД банка ќе може тоа да го направи тогаш сме веќе сериозна држава.
 
Утрински весник, 28.02.2013, 17:15

Нина Нинеска-Фиданоска

Инвестициите лани само 105 милиони евра

Роуд-шоуа, нови промотори, сечења ленти, но и одлевање на парите надвор од земјава - зошто ни се случи најслабиот инвестициски резултат во последниве години

Само 105 милиони евра странски директни инвестиции влегле за цела 2012 година во земјава, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Овој инвестициски резултат е остварен во година во која владиниот економски врв буквално го прелета светот во обидите да ја презентира државава како поволна инвестициска оаза (најавувајќи таков интензивен роудшоу-рецепт и за оваа година), се зголеми бројот на економски промотори низ повеќе земји, а неколку странски фабрики веќе почнаа со производство или се во фаза на завршување на градбата.

Во толку згусната агенда за привлекување инвестиции резултатот е вкупно 104,8 милиони евра, при што треба да се спомене дека близу половина од нив или 44,7 милиони евра дошле во декември. Поголемиот дел од годината помина во знакот на слаби приливи на странски вложувања и чести одлевања на пари, кои странските инвеститори ги остваруваа овде како добивки и потоа ги прелеваа во нивните матични држави.

А во истата 2012, македонските иселеници испратиле дури 1,62 милијарди евра, или 15 пати повеќе од странските вложувања.

Ако се гледа структурата на странските инвестиции лани, ќе се забележи дека 129,8 милиони евра се должат на она реално вложување, односно на акционерски капитал и реинвестирана добивка, која го покажува профитот што странските фирми го оствариле во земјава и пак го вложиле тука во фабрики и погони. Сума од 149,4 милиони евра отпаѓа на побарувања, што значи дека за тој износ фирмите овде ги кредитирале своите „мајки“ во странство, а 124,4 милиони евра се обврски, што покажува колку овдешните фабрики зеле заеми од своите матици надвор, кои потоа ќе треба да ги вратат.

Гувернерот Димитар Богов неодамна објасни дека износот на странските инвестиции во Македонија би бил многу поголем доколку неколку од странските фирми не ги префрлале парите надвор од земјава.

Само во декември инвестициите изнесувале 44,7 милиони евра, од кои 21,6 милиони отпаѓаат на акционерски капитал и реинвестирана добивка, 4 милиони се побарувања, а сумата на обврските била 27,1 милиони евра.

Износот од 105 милиони евра странски инвестиции во 2012 е најслаб од 2005 година (кога биле 77,2 милиони евра). Според ревидирани податоци на централната банка, претходната 2011 завршила со странски инвестиции од 337 милиони евра, во 2010 тие биле 160 милиони, а во 2009 изнесувале 145 милиони евра. Во 2008 година инвестицискиот резултат тежел 400 милиони евра, во 2007 бил најголем, односно 506 милиони евра, а во 2006 година 345 милиони евра.

Експертите велат дека ланската сума инвестиции од 105 милиони евра не е доволна за Македонија. „Ако погледнете каква ни е економската состојба, односно дека нема позначајно намалување на стапката на невработеноста и сиромаштијата, значи тоа ниво на инвестиции не е доволно. Особено ако сумата се спореди со сите напори што се прават, како странските промотори, роуд-шоуата, рекламите во странски медиуми и слично“, вели Шенај Хаџимустафа, универзитетска професорка.

Според неа, точно е дека кризата влијаела негативно на инвестициите, но таа укажува на фактот дека и во претходните години имавме криза, односно „таа беше присутна и во 2009 и во 2010 година“.

Клучно е, вели професорката, не само да се привлечат странските инвеститори, туку и нивните вложувања да останат тука. „Бројките покажуваат дека инвеститорите ги користат своите активности овде и за да ги финансираат своите матични компании. Од друга страна, ги уживаат бенефициите што ги одобрува државата за вложувања во зоните“, вели Хаџимустафа.

Кога станува збор за трансферите, пак, тие лани достигнале 1,62 милијарди евра. Приливите од дијаспората се одлични секоја година, на пример во 2011 нивното ниво било 1,48 милијарди евра. Експертите се едногласни дека овој извор не смее и не треба да се потцени, но мора да се има предвид дека долгорочно одржливиот економски раст е базиран токму на странските инвестиции. „Трансферите се ранлива категорија, тие се изложени на глобалните влијанија. Иселениците може да престанат да праќаат пари од различни причини“, вели Хаџимустафа.
 
Туку leandra јас друго да те прашам дали ако се отвори фарма за БИШКИ ќе се смета за стратешки важна инвестиција ?

Јас мислам дека фирма за Бишки треба да се отвори во Бунарџик за да биде дел од успешната инвестициона приказна на Македонија, Бишко промет. Е сега се зависи од тоа како личат бишките и како се хранат, ако се угоени ќе тргне бизнисот, ако се само на гомна ништо нема да испадне. Е сега ти што мислиш од што би се хранеле бишките во Бунарџик?
 
Јас мислам дека фирма за Бишки треба да се отвори во Бунарџик за да биде дел од успешната инвестициона приказна на Македонија, Бишко промет. Е сега се зависи од тоа како личат бишките и како се хранат, ако се угоени ќе тргне бизнисот, ако се само на гомна ништо нема да испадне. Е сега ти што мислиш од што би се хранеле бишките во Бунарџик?
Јас мислам гомна,ама тоа е само мое мислење.
 
Успешна приказна е и една да се отвори а не десет од проста причина што претходно не се отворила нити една. Значи десет не да е успешна приказна туку феномен за наши услови.

една ластовица не ја прави пролетта ... или ја прави :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom