Уште еден доказ дека ние сме вонземјаните?

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Универзумот стар 17 000 000 000 г.
Сончевиот систем некои 4-5 000 000 000 г.
Логично е да има некој сончев систем сличен на нашиот (со услови за живот) кој што е постар едно 3-4 пати од нашиот.

Хуманоиди стари 4 000 000 г.
Логично е да постојат хуманоиди 4-5 000 пати постари, ТАКА!??

Многу логично! А можеби и постари!
Но прашањето дали не имаат посетено е сосема друга работа!

Еве едно конкретно и логично прашање.
Потеклото и природата на водата на “нашава“ планета????? :toe::toe::toe: :helou:

Потеклото на водата на нашата планета следува по самото создавање на истата. Постои вода и на други планети, но заради положбата на нашата планета во Сончевиот сиситем, само тука ја има во течна агрегатна состојба!
Инаку живот може да постои и на база на други елементи.
 
Се раѓам во Србија. Моето дете се раѓа во Македонија и живее во Македонија. Тоа е Македонче.
Ние, живееме на Земјата.
Како може да сме Вон-Земјани, коа живееме На земјата, а не вон земјата?

Тоа е македонче од српско потекло

а ние сме земјани од вонземско потекло :)

ама националноста нема врска со територијата кај шо си роден
 
Многу логично! А можеби и постари!
Но прашањето дали не имаат посетено е сосема друга работа!

Потеклото на водата на нашата планета следува по самото создавање на истата. Постои вода и на други планети, но заради положбата на нашата планета во Сончевиот сиситем, само тука ја има во течна агрегатна состојба!
Инаку живот може да постои и на база на други елементи.

Прв болд. Истото и јас го напишав во постот, читај ги целосно постовите.

Втор болд.
На почетокот земјата била една усвитена топка, без атмосвера и слично.
На површината на земјата течела лава, немало земјена кора. Температурата била многу висока баш поради недостатокот на атмосвера и сонцето директно ја греело земјата.
Лавата (растопените карпи) не содржат вода. ФАКТ.
Следува логичен заклучок дека водата ни е “увезена“ односно “паднала“ на земјата.
Теорија 1.
Дожд од астероиди (содржат вода докажано) паѓаат на земјата во огромни количини и замрзнатата вода од нив дел станува течна (океани и мориња) дел испарува и се создава атмосверата (водена пареа, азот, кислород...) и така постепено се лади земјата и се зоздава земјината кора и се денес познато.
Теорија 2.
Наместо астероиди земјата е “нападната“ од комети (исто содржат вода нели) и се друго исто од предходната теорија.
Овие две теории се сосема возможни но мал проблем претставува количината на водата што денес ја имаме на земјава, покрива 2/3 од планетата. За толку многу вода потребно е премногу голем број на астероиди и комети што одеднаш би ја “нападнале“ земјата а тоа во најмала рака е дискутабилно.
Како трета и најверојатна теорија е земјата да имала судар со друга планета (дојдена надвор од сончевиот систем) која што во најголем процент била составена од ЛЕД (замрзната вода).
За подобро разбирање на тоа што се случило замислете си (може и да пробате дома :) ) што се случува со коцка лед ставена на загреана (вжештена) рингла од шпорет.
Ледот нагло се топи и испарува но нагло и ја лади загреаната површина (ринглата ќе се расцвета :) )
По тој неверојатен судир, од распрснатите парчиња од земјата сосема логично е да настанала месечината (на половите и таа има вода) и исто така имаме така речи инстант создавање на атмосверата која помага во понатамошното ладење и ствднување на земјината кора која ја држи лавата во внатрешноста на земјата а водата на површината.
Загреаната вода од површината на земјата испарува, во погорните слоеви на атмосверата водената пареа се лади и во вид на дожд повторно си паѓа на земјата. Овој циклус нели и ден денес си трае.
Ако ја немаше атмосверата (како на почетокот на земјата) водената пареа ќе се “изгуби“ во вселената и водата ќе исчезне од земјата односно ќе нема ни живот.
Количината на слатката вода (околу 107 трилиони тони) која што “кружи“ ,испарува и се враќа на земјата во текот на една година, е константна од почетокот кога се оформила земјата ваква како што ја знаеме до ден денес.

По сето ова презентирано ако е факт, дека водата е од вон-земско потекло, а таа е нели изворот на живот на земјата, следи и логичниот заклучок дека животот на земјата е всушност ВОН-земски. :toe::toe::toe::toe:

Пак многу се изнапишував ама ме предизвикавте. :pipi:
А за теориите за потеклото на водата на земјата имате многу извори, не се измислени од мене секако.
 
На почетокот земјата била една усвитена топка, без атмосвера и слично.
На површината на земјата течела лава, немало земјена кора.

А знаеш како е создадена Земјата, поточно од ШТО е создадена?
Мислам дека таа теоријата со астероидите и судир со други планети ти е многу грешна!
Побарај одговор на прашањето лесно е, ќе сфатиш!
 
А знаеш како е создадена Земјата, поточно од ШТО е создадена?
Мислам дека таа теоријата со астероидите и судир со други планети ти е многу грешна!
Побарај одговор на прашањето лесно е, ќе сфатиш!

Земјата, како и сите планети де, настанала од остатоци од експлодирани ѕвезди. Привлечени од гравитацијата на сонцето тие остатоци со меѓусебно судирање при ротацијата околу сонцето се групираат и се повеќе се зголемуваат и збиваат. Со самото зголемување се јавува нели и сопствена гравитација која ги “организира“ елементите потешките повнатре полесните однадвор и планетите ја добиваат и познатата тркалезна форма. А јадрото на земјата е составено претежно од железо, никел и јаглерод. :toe:

Водородот како основен “градежен“ материјал во космосот го има во изобилство. Кислородот кој што се ослободува при нуклеарните реакции што се одвиваат на сите ѕвезди, исто така го има во космосот. Споени во молекул H2O (вода) ги нема на ѕвездите и на врелите (на почеток) планети. ФАКТ.
Водород + кислород во ладната вселена и вуала, вода односно ЛЕД (замрзната вода) колку сакаш во вселената.
Како тој ЛЕД дошол на жешката планета земја? Избери си некоја од погоре наведените теории.
Тоа се фактите а логиката е твоја. :smir:
 
Ајде порадувајте се alien lovers, демек бактерија преживеала и сега одма подршка за разно разни теории. Смешки:nesvest:

alien lovers? А ти во кој табор спаѓаш? alien haters? Или alien lover haters?

Да, има разно разни теории, не значи дека било која од нив е точна, но ако не се прават теории, никој нема да знае од каде потекнува. Тоа е и целта на истражувањето.

Пред 4.000.000 години се појавија првите хуманоиди
Пред 2.500.000 години почнаа да користат примитивни орудија од камен
Пред 500.000 години почнаа да користат оган
Пред 200.000 години се појави хомо сапиенсот

нема ванземаљци... се си течеше природно и пополека

Според мене, не сме постари од 75.000 години. Како вид.

Глупости, и дарвин и све, Бог го создал животот на планетава и универзумот не сонувајте вонземаљци.

Преку што заклучи? Библијата? Попот да не ти кажа?
 
Земјата, како и сите планети де, настанала од остатоци од експлодирани ѕвезди.

Грешка!
Создадени се од дискот прашина што останал по формирањео на Сонцето

Водород + кислород во ладната вселена и вуала, вода односно ЛЕД (замрзната вода) колку сакаш во вселената.
Како тој ЛЕД дошол на жешката планета земја? Избери си некоја од погоре наведените теории.
Тоа се фактите а логиката е твоја. :smir:

Математички пресметано треба сите комети и астероиди во Сончевиот систем да се судрат со Земјата за да настане целата вода која денес ја има на планетата. Невозможно!
Логика...

Според мене, не сме постари од 75.000 години. Како вид.
+ 50 000 до 100 000 години, кога би сметале стварно од почеток.
 
Грешка!
Создадени се од дискот прашина што останал по формирањео на Сонцето

Математички пресметано треба сите комети и астероиди во Сончевиот систем да се судрат со Земјата за да настане целата вода која денес ја има на планетата. Невозможно!
Логика...

+ 50 000 до 100 000 години, кога би сметале стварно од почеток.

Germanskiot naucnik Hans Rek vo Olduvija Djordj, Tanzanija vo 1913 godina pronasol celosen a po anatomskite osobini ednakov na denesniot, covecki kostur star preku 1.000.000 godini.
Brajan peterson i V.V.Haules vo 1965 godina pronasle sovremen humerus(nadlaktica) vo Kanapoi, Kenija. Naucnicite utvrdile deka humerusot e star preku 4.000.000 godini. Henri M.Mekhenri i Roberto S.Korucini od Kaliforniskiot univerzitet izjaviole deka humerusot od Kanapoi e skoro ist so onoj na sovremeniot covek.
Slicno na toa, ricard Liki pronasol femur(butna koska)kaj ezeroto Turkan, vo Kenija, star okolu 2.000.000 godini, anatomskite osobini odgovarale na tie os sovremeniot covek......deka covekot e sozdaden od majmun ne veruvam a deka e od vonzemjani....mozebi...mozebi pomognale vo razvojot.......pozzzzzz
 
Тука се зборува за денешниот човек, а не неговите предци, т.е. за високо интелегентниот човек.
 
diskutabilno ako nie sme vonzemjani togas na koja planeta pripagale nasite predci,odnosno nivniot evolutiven pat i dali voopsto moze da se narece nekoj deka pripaga na nekoja planeta ako zememe predvid deka zivotov na ovaa planeta e dojden od drugo mesto.
 
Да, зошто би биле ВОНземјани? Називот не чини...
 
Oд некоја огромна далечина ние сме некоја далечна планета населена со живот значи за некоја друга цивилизација доколку ја има ние за нив сме вонземјани, то ест од друга планета не од нивната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom