Пред се, САД сакаат да ја решат ситуацијата за да си ги избуткаат интересите со НАТО.
Грција ЦВРСТО стои на својот став.
А Македонија ПРЕГОВАРА 17 години за името/идентитетот и дозволи да си го смени името во ООН.
Според добро проверени извори, Киро, Бранко, Денко, Фрчко и останатата банда, се имаат согласено да се смени името,
и тоа етапно. Сега сме во последната фаза.
Сходно, што да прават САД?! Да бидат поголеми Македонци од Македонците, не можат.
Реков килава е работава многу, и не ми влева оптимизам.
Дел од интервјуто на Васил Тупурковски за овонеделниот број на Фокус....
...
Да се вратиме на нашите маки.Вашата теза е дека клучни грешки се направени меѓу 92 и 94 година.Зошто Македонија веднаш на аплицирашево ООН?Имаше ли Глигоров стратегија?
Тупурковски:-Со Глигоров разговаравме и градевме стратегија.Со кога тој понатаму ја пласираше како претседател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 92г. издејствувавме писмо од претседателот Буш сениор дека ќе ја признае РМ. Претходно,од 15 јануари,веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бадентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ.Значи,тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН.Дури во јули 92г. на смитот во Лисабон,ЕУ формулираше став како израз на единствена и задолжителна политика во полза на позициите на Грција.
Фокус: Зошто тој период, од јануари да јули 92 г. не се искористи за нашиот прием во ОН?
Тупурковски: Напротив, во мај 92 обезбедивме работна средба со генералниот секретар на ООН. Таа беше така подготвувана пто ќе го дадеше процедуралниот патоказ за влез на РМ во ООН под нејзиното уставно име.
Фокус: Кој го спречи тоа? Или зошто не се искористи?
Тупурковски: Никој друг освен КИРО ГЛИГОРОВ кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18-ти мај 92 г.НИКОЈ ДРУГ!
Јас бев на тој состанок,јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот МАЛЕВСКИ и шефот на кабинетот на претседателот. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на претседателот на државата. Според тоа претседателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренувам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што Владата го третира во тој момент.
Фокус: Дали потоа го прашавте зошто?
Тупурковски: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18 мај, на позицијата претставник на претседателот на РМ во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во собранието на РМ.
.......
Фокус: Околу оној фамозен разговор со Алојз Мок. Ви било ли понудено за промена на името, Македонија да добие 3 милијарди долари, но и брза асоцијација во ЕУ?
Тупурковски: Пакетот што ми го пренесе Мок беше во времето кога јас веќе имав дадено оставка. Мок само ми ги пренесе пораките од Мицотакис кои што му биле дадени нему бидејќи тие се партии од иста политичка ориентација.
Фокус: Кое име беше понудено?
Тупурковски: Немаше разговор за конкретно име. Никогашне сум преговарал за името. Јас верувам дека има други формули и ги понудив. Пакетот предвидуваше економска поддршка, бидејќи на секој му е јасно дека само низ економски развој ќе се стабилизираме и легитимираме. Тој предлагаше гаранција за безбедност од Советот за безбедност, значи една избалансирана поддршка од Исток и од Запад.
Значи уште тогаш че се ослободевме од проблемот на територијалниот интегритет и неговата несигурност и конечно асоцијација во ЕУ како сигурен пат за влез. Таа понуда во 92 ќе беше крајно корисна за РМ, а ја жртвувавме за само некој да биде прогласен за предавник.
ЛАЈНОТО ЌИРО СЕПАК НЕ ПОЕБАЛ ПОГАДНО ОТКОЛКУ ШТО СИТЕ СМЕ МИСЛЕЛЕ!!!!!