US Open 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде точниот резултат од финалето на US Open 2017?

  • Надал 3-0

    Гласови: 6 33,3%
  • Надал 3-1

    Гласови: 1 5,6%
  • Надал 3-2

    Гласови: 0 0,0%
  • Андерсон 3-0

    Гласови: 6 33,3%
  • Андерсон 3-1

    Гласови: 4 22,2%
  • Андерсон 3-2

    Гласови: 1 5,6%

  • Вкупно гласачи
    18
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
us-open-tennis.png
US Open 2017 ќе биде 137-то издание на отвореното тениско првенство кое се одржува во Њујорк, Америка и е четвртиот грен слем во годината.
Податок кој е за сите познат, мечевите се играат во комплексот Billie Jean King National Tennis Center на тврда подлога, а најуспешни минатата година беа Стан Вавринка и Анџелик Кербер во најважните конкуренции. За жал, трократниот грен слем шампион, Вавринка нема да биде во можност да ја брани титулата поради повреда.
Покрај отсуството на Вавринка, мора да се дополни дека годинава турнирот ќе биде ослабен и поради откажувањето на Новак и Раонич т.ш. според обложувалниците главен фаворит е Федерер, а по него следуваат Надал, Мареј и Зверев.
Квалификациите за турнирот се во тек и денес почнувајќи од 17 часот ќе се игра последното трето коло. Победниците од овие мечеви ќе играат во главниот жреб кој ќе биде исто така денес во 18 часот.
upload_2017-8-25_16-16-36.png
Пренос стандардно ќе има на Eurosport 1 и 2.
За крај, одговорете на анкетата. :)
 
Надал и Федерер на иста половина. :LOL:
 
Без Раманатан во него, може да се каже и во последните 30тина години. :(:ROFLMAO:
Сеа се откажа од Саркишјан, на Раманатан се префрли? :D[DOUBLEPOST=1503687961][/DOUBLEPOST]Рафа:
1/8 Бердих, Фоњини
1/4 Гришо
1/2 Роџер

Роџер:
1/8 Кирјос
1/4 Тим
1/2 Рафа

Долнава половина ќе ги плесне Саша :)
 
Традиционално на сајтот на US Open секоја година има можност за корисниците да го предвидат целиот жреб во машка и женска конкуренција.
http://bracketchallenge.usopen.org/#/home
Ајде пробајте си ја среќата... или можеби знаењето, па потоа ќе споредиме резултати. :)
 
Само од Киргиос се плашам.
 
Малку чудно без сите овие играчи, но мислам ќе биде добро малце за промена. И како фан на Новак, веќе се заситив од 4ката.
Ептен би ми било драго ако успее да стигне далеку некој од Саша, Григор, Тим, Ник, па о ДелПо или некој друг помлад...

Аууу 1во коло кај жени Шарапова-Халеп. Cracker! Ама којзнае во каква форма е Маша
 
И Енди се повлече... Не моеше ли пред жребот бе, јбм ти помаранџестиот.
 
И Енди се повлече... Не моеше ли пред жребот бе, јбм ти помаранџестиот.
Глуп бе. Дебил неубав. ДЕБИЛ !
Цел жреб ќе беше поразличен, горниот дел е хаос, многу силни противници и за Рафа и за Роџер, а долниот целосна тиња.

Иначе, после објавен жреб, кога Рафа се откажа од 2009 Вимблдон, организаторите на неговата позиција го поставија Дел Потро кој иначе беше проектиран како 5ти носител.
Да видиме дали ќе има нешто слично тука или некој уште поголем дебил лаки лузер ќе искористи феноменален жреб.
 
Излезе распоредот за првиот ден од турнирот, мечевите како и секогаш стартуваат во 17 часот по македонско време, а ќе се игра долната половина од жребот во машка конкуренција. На централниот терен ќе играат Чилич и Зверев, а дополнително ќе се играат и три женски сингла (Мугуруза - Лепченко, Венус - Кузмова, Шарапова - Халеп).
 
Грешка е на rezultati.com шо пишува за пар мечеви откажани или? Чилич-Симон , Мареј со Сандрген и уште два пара?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom