Urban FM 90.8 Fest

  • Креатор на темата Креатор на темата Rothmans
  • Време на започнување Време на започнување
Што ќе има?
Некој инфо?
 
Па пошто е радиски, ваљда диџеи од радио каналот ќе пуштаат музика.
Македонска музика имало. 2Бона, Лара Иванова, Пајак, Теа и такви што најчесто им вртат песни на радиото.

Ова им било второ издание. Супер идеа ама лошо е што не го направиле сето тоа на поголемо ниво организираност. Од друга страна па и нема пубкика голема за вакви концерти со македонска забавна музика. Не е проблем што се 2Бона или кој и да се. Ете во Aнглија го има Гластонбери фестивал таков тип фестивал и треба да се земе пример од тој фестивал. Секако буџетски не може да се спореди ама барем да се направи повеќе дена, појаки изведувачи пример и карта да се плаќа би било уште подобро финансиски да се зајакне фестивалов.
 
Последно уредено:
Македонска музика имало. 2Бона, Лара Иванова, Пајак, Теа и такви што најчесто им вртат песни на радиото.
Не знам, не бев. На ФБ им пишуваше дека ќе има радиски диџеи.
 
Не знам, не бев. На ФБ им пишуваше дека ќе има радиски диџеи.
Па и тоа имало. Јас слабо одам на концерти ама ете пишав ваков фестивал му треба појака организираност и повеќе дена и пример еден изведувач нека биде од веќе познатите како Каролина и слични од постарава гарда артисти. Макар и се плаќало треба да појака организираност.
 
Ок е ваков концепт на радио каде се фура Мак музика и знам у кола да ги слушам али често фураат некоја нова мак музика што по мој вкус е доста лоша ко на пример некој турбо фолк рап у два бона стил каде сите текстови им се глумење вонаби мафијаши и дилери. треба да го сменат концептот со програмска шема каде ќе бидат опфатени и македонските песни од цел период на постоење со тоа и фестивалот би имал поширока димензија...али они си знаат вака мое скромно мислење ко слушател
 
Малку е лошото што самиот фестивал е каша попара стилови во еден ден. Доколку го направат повеќе дена и секој ден да биде различен стил би било супер.

Јас сум љубител на мак музика и знам преку интернет да го слушам радиово. Имаат некоја мак листа со нови песни и таму е све измешано стилови. Имаш песна 2 бона па потоа некој рок поп. Барем да ги поделеле листите по стилови.
 
Back
На врв Bottom