Упорни или попуштате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Понекогаш и ми смета упорноста. Имало ситуации кога и по долго убедување сфаќам дека моето мислење е погрешно, но никогаш не си го погазувам зборот па одам до крај без разлика на се. Секако, имало и последици на мојата упорност, но никогаш не попуштам прва. Најчесто другите се откажуваат, и секогаш мојот збор е последен.
 
тој што ме знае би рекол дека поупорен човек од мене нема така да... упорна сум и не попуштам :pipi:
 
Зависи во која ситуација. Некогаш знам да попуштам, а некогаш сум упорна.
 
Упорна сум и се расправам САМО ако сум во право...во спротивно тоа би било инает
 
упорноста увек е исплатлива и ценета..секогаш се борам до крај за нешто што сакам,но не секогаш успевам,но сепак сум горд и до тој степен до кој ке стигнам,зошто следниот пат сум чекор напред.Иначе во повеќе случаи со друштво или слично,како добра душа попуштам до 2-иот пат каде веќе настанува нешто страшно..:tv:
 
Доколку сум во право не попуштам. Доколку грешам, фер си ја признавам грешката.
 
Зависи од ситуацијата. Ама најчесто сум упорен се додека не ме разубедат со докази и факти дека грешам. Тогаш се повлекувам и признавам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom