Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата Tarzan
  • Време на започнување Време на започнување
Имало распоред ама денеска биле колегиве и рекле дека нема предавање.
 
Имало распоред ама денеска биле колегиве и рекле дека нема предавање.


Провери си известувања, обично има од професорите со кој предмет кога ќе започнат, исто и за вежби, оти не се одржуваат иако по распоред вежби, ако уште немало предавање..
 
Распоредот треба да го средат денес или евентуално утре.
 
Булент мечтае да стане фармацевт и македонски зет

Во ресторанот „Хурем-султан“, кој го води Булент од Адијаман, десетици млади Турци и Македонци седат на ниски фотелји, пушат наргиле и пијат турско кафе и чај, додека келнерите служат донер-ќебап, шиш-ќебап, адана-ќебап, ѓунефе, баклава, автентична турска кујна среде Штип




Во Турција студиите чинат 10.000 евра, а кај нас 1.500 евра

ТУРСКИ СТУДЕНТИ МАСОВНО СТУДИРААТ ВО ШТИП

Бурак, Емине и Гизам од Турција крснозе седеа во паркот пред ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Се топлеа на сонцето, си муабетеа и појадуваа. Кога ги здогледавме оддалеку, за миг нѐ потсетија на нивните колеги од големите европски и светски универзитети, кои, како и тие, одмораат во парковите на паузите меѓу предавањата.

Им пријдовме. Им кажавме дека сме новинари во весникот „Нова Македонија“. Им подаривме и еден примерок. Почнаа да ни се смешкаат, а дваесетгодишната Гизам Бајдоган збунето извади речник од чантата за да види што значи зборот „весник“. Си помисливме, одлично, овие млади луѓе се љубезни и сигурно ќе бидат расположени за разговор.

Македонците се како нас

Ве молиме, не ни зборувајте на англиски. Да зборуваме на македонски, ни рекоа. Се согласивме, седнавме до нив. Овие студенти од Анкара, Истанбул и од Измир веднаш почнаа да ни раскажуваат за животот во Штип. Разговаравме за тоа, зошто ја избрале токму Македонија како земја во која сакаат да се стекнат со високо образование.

- На Државниот медицински факултет во Истанбул многу тешко се совладуваат испитите. Но освен тоа, откако ќе завршиш средно училиште, мора да полагаш испит. Ако не го положиш, немаш право да се запишеш во државното високо образование. Студии, пак, на приватен турски универзитет чинат 10.000 евра за една година, што за мене лично е премногу. Малку истражував, се распрашав и го избрав Медицинскиот факултет во Штип. Овде е одлично, Македонците се слични на нас, има дружба - вели Гизам.

Студирањето на штипскиот универзитет за странски студенти чини 1.500 евра годишно, што е неколкукратно поевтино.

Сите тројца мора прво да завршат курсеви по македонски јазик. Ако го положат испитот, ќе добијат сертификат со кој може да се запишат на факултет. Потоа треба паралелно со студиите да одат на дополнителен курс, за да можат полесно да го совладуваат материјалот што се предава.

Студира фармација и е газда на „Хурем-султан“

Пред да појдеме за Штип ни препорачаа да ги посетиме неколкуте локали што ги држат Турци. Така, без многу талкање стигнавме до „Хурем-султан“, турскиот ресторан чиј сопственик е Булент Ѓузел, кој е родум од Адијаман.

Млади Турци и Македонци седат на ниски фотелји, пушат наргиле и пијат турски кафе и чај. Преполно е. Наоѓаме слободна маса внатре. На телевизорот е вклучена турска програма, а на радио се слуша пријатна турска музика. Се служат донер-ќебап, шиш-ќебап, адана-ќебап, ѓунефе, баклава... Автентична турска кујна среде Штип. Сѐ се готви на ќумур, па јадењата се уште повкусни.

Гостопримливиот Булент седнува со нас на маса. Добро научил да зборува македонски во период од три години, колку што престојува во државава.

Вљубен сум во Македонка

Булент е трета година на штипскиот медицински факултет.

- Студирам фармација. Дома, во Адијаман, имаме наша семејна аптека, но нема кој да работи во неа. Затоа дојдов да студирам овде фармација. Без диплома од овој факултет во Турција нема шанси да работиш во аптека. А македонската диплома таму ќе ми ја признаат - почнува да ни раскажува Булент.
Во меѓувреме, додека студирал, решил да вложи во сопствен бизнис и, како што вели, не жали поради тоа.

- Гледате, има народ. Ми доаѓаат гости Македонци и Турци. Добро ми оди работата. Имам другари-Македонци, кои, верувајте, како браќа ми се. Си помагаме меѓусебно. Им помагам и на моите колеги-Турци, на пример, ако имаат некоја мака на факултет, помагам колку што можам. Факултетот ми е приоритет, бизнисов ми е на второ место. Дали ќе се вратам во Адијаман или ќе живеам во Македонија, не знам. Имам девојка-Македонка, која е од Скопје, многу се сакаме. Не знам што ќе се случува и каде ќе ме одведе животот - подзамислено ни раскажува Булент.

Околу 250 Турци студираат во Штип

Само годинава на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ се запишале околу 80 нови студенти од Турција. На сите факултети во сите години се запишани околу 250 турски студенти, информираат во ректоратот. Освен нив, има студенти и од Грција, Бугарија, Германија. Турците главно се запишани на медицина, на градежен факултет и на англиски јазик.

Од „Гоце Делчев“ учете како треба да изгледа универзитет

Студентите и професорите прават истражувања во 11 нови лаборатории

На штипскиот универзитет има околу 20.000 студенти. Распределен е во повеќе објекти во градот. Има 11 нови лаборатории со апликативна дејност во кои се вршат различни видови истражувања.
Единствено овој универзитет поседува и електронски микроскоп што го набавила државата, а кој чини околу еден милион евра. Во лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, на пример, се испитува присуството на пестициди во зеленчукот и во овошјето.
- Странка ни носи еден килограм домати за да го испитаме присуството на пестициди. Сето тоа го мелеме во блендер, а потоа земаме мостра околу 10 грама што ја испитуваме. Имаме и машина за испитување присуство на тешки метали. Така, кој сака си носи примероци што ние овде ги испитуваме - ни објасни Билјана Ковачевиќ, аналитичарка.
Во близина на ректоратот се наоѓа инфоцентар наменет за студентите, во кој секој од нив може на компјутер да си го провери електронскиот индекс, распоредот на предавањата. Ако нешто не им е јасно, можат да ги консултираат вработените во центарот, кои веднаш им ги разјаснуваат нејаснотиите.
- Ако студентот е од Скопје, не мора да доаѓа овде, туку испитот го пријавува од дома. Овде водиме електронска евиденција за секој студент, се знае точно каков статус има, оценките. Сите активности за студиите ги прават електронски, што многу им олеснува. Овде се гледа и дали студентот платил за студии. Со системот што го имаме ние не може да се случи, на пример, откако студентот ќе заврши со студиите, да му фалат пријави, уплатници и да не може да дипломира - информираат во инфоцентарот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9261384811&id=9&setIzdanie=22987
 
на дипломите што се земаат знае некој подетално што пишува дали си завршил 3 или 4 годишни студии просек нешто или пишува само со кое звање си се здобил
 
на дипломите што се земаат знае некој подетално што пишува дали си завршил 3 или 4 годишни студии просек нешто или пишува само со кое звање си се здобил


Види во информаторот кое звање го добиваш. Најчесто со 3 години е пр. инженер агроном, а со 4 години дипломиран инженер агроном. Тоа беше само пример.
 
Види во информаторот кое звање го добиваш. Најчесто со 3 години е пр. инженер агроном, а со 4 години дипломиран инженер агроном. Тоа беше само пример.

А како може со повеќе звања да се стекнува, или тоа зависи од текот на предметите кои ги изучува?

Пример во рударскиот отсек пишува: - Дипломиран инженер по површинска експлоатација и механика на карпи и тлото
-Дипломиран рударски инженер по подземна експлоатација
-Дипломиран инженер по минерална технологија

Благодарам однапред!
 
Види во информаторот кое звање го добиваш. Најчесто со 3 години е пр. инженер агроном, а со 4 години дипломиран инженер агроном. Тоа беше само пример.

прашањето ми беше што поточно содржи дипломата, дали пишува дали си завршил 3 или 4 годишни студии, дали го пишува просекот ... итн.
 
прашањето ми беше што поточно содржи дипломата, дали пишува дали си завршил 3 или 4 годишни студии, дали го пишува просекот ... итн.

Пред некое време случајно на ФБ налетав на слика од диплома на девојче кое завршило медецина мислам. Просекот и' беше наведен, а за години на студии не се сеќавам.
 
А како може со повеќе звања да се стекнува, или тоа зависи од текот на предметите кои ги изучува?

Пример во рударскиот отсек пишува: - Дипломиран инженер по површинска експлоатација и механика на карпи и тлото
-Дипломиран рударски инженер по подземна експлоатација
-Дипломиран инженер по минерална технологија

Благодарам однапред!



Рударскиот е со 4 години, но секако не мора да е секогаш така, еве пример градежен е со 3 години па звањето е дипломиран градежен инженер. А тоа кој колку години студирал се гледа од кредитите 180 или 240.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom