igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Уништени се доказите во случајот на седуммесечното бебе на кое во антибиотскиот сируп наместо вода му раствориле високопостотен отровен хидроген.
Фрлен е примерокот од крвта која требаше да се анализира, а се скршило и шишето со сирупот, чија содржина требаше да покаже дали во него имало корозивен отров.
Дали некој се обидува да го заташка случајот?
Во Бирото за лекови велат дека лекарите откако го пријавиле случајот биле должни да го задржат и сирупот.
„Напорите и денеска продолжија да го добиеме сирупот. Во овој момент ми беше потврдено од моите инспектори дека во телефонскиот разговор со семејството е кажано дека при излегувањето од клиниката сирупот бил скршен“, изјави Илчо Захариев, директор во Бирото за лекови.
Родителите не се појавуваат во јавноста за овој скандал, откако имале чести контакти со Благоја Механџиски, сопственикот на аптеки Зегин.
Механџиски за цело време додека било детето на клиника доаѓал и го посетувал.
Во Бирото велат дека без доказ не можат да поведат постапка против Зегин. Самото признание на аптекарките дека можеби згрешиле не е доволно.
„Ако не бил во оригинално шише хидрогенот, ако бил да речеме во исто или слично шише со аквадестилати, акваполификат во конкретниот случај, можело да настане замена, но во принцип чувањето не смеело да биде на исто место. Сите опасни корозивни материи се чуваат на посебно место“, изјави Захариев.
Андон Чибишев
Иако на клиниката тврдат дека немало знаци на изгореници, лекарски извори што сакаат да останат анонимни велат дека усната шуплина на бебето и јазикот имале невообичаено црвена боја што укажува на допир со хидрогенската течност.
Целата работа можеше да заврши фатално. Среќа е што бебето испило само едно лажиче и што веднаш го повратило.
Според токсиколозите, и да се испитала крвта, во неа не може да се докаже присуство на хидроген.
„Хидрогенот не може да се расформира, значи не се ресорбира од органите за варење во крвта. Значи, не можело да настане генерализирано труење. И да се направела анализа на крвта, апсолутно не може да се докаже“, изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.
Кој ќе ја сноси одговорноста за овој скандал не може никој да каже. Министерот за здравство денеска изјави дека без докази им се врзани рацете.
„Се додека не се докаже примерокот, не можеме со сигурност да кажеме дека навистина било хидроген место вода“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.
Уништен доказ, повлекување на родителите, закани од Механџиски, сето ова на случајот фрли мистерија која можеби никогаш нема да биде откриена, се распрсна во скршеното аптекарско шишенце на Зегин.
Благоја Механџиски
Новинарите го осудија вокабуларот на Механџиски
Здружението на новинари го осуди „арогантното однесување и вокабуларот на сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски, користен во телефонскиот разговор со новинарка на А1 телевизија.
„Однесувањето е директен напад врз професионалното право и обврска на новинарот да истражува и пренесува информации од интерес за јавноста“, се наведува во реакцијата на ЗНМ.
Советот на честа при ЗНМ најавува дека ќе ги провери сите факти во врска со овој случај и ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението на ЗНМ.
Дали во Македонија владее навистина правната држава или богаташите можат да ни ги трујат децата со насмевка од лицата и никој да не им може ништо. Ова е шокантно и срамота.