Укинување на офсајд правилото?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Веб-сајт
www.demirhisar.gov.mk
Што ќе донесе еден ваков потег?

Позабавна игра? Повеќе голови?
Ќе се изгуби убавината на фудбалот?

ајде да дискутираме....

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер со претседателот на Интернационалната хокеарската федерација Леандро Негре ја дискутирал можноста да се укине офсајд правилото во еден фудбалски натпревар, пренесе фудбалскиот портал Гол.ком.
Правилото на офсајд во хокејот беше укинато во 1998 година, и се смета дека тој потег го направил хокејот многу позабавен спорт за публиката, а постојат шпекулации дека се планира истото да го направи и ФИФА за фудбалот.
Негре откри дека Блатер неформално разговарал со него но не било ништо решено за тоа прашање.
„Ме прашуваше повеќе прашања за укинување на офсајд правилото во хокејот и колку тоа беше успешен потег во хокејот, но тој никогаш не го кажа своето мислење па би било тешко да кажам што ќе направи Блатер за ова прашање,
 
ДА, нека се укине... преку глава веќе од радување на даден гол на ПЕС,па после глеам офсајд...:pos2::pos2:
 
Што ќе донесе еден ваков потег?

Позабавна игра? Повеќе голови?
Ќе се изгуби убавината на фудбалот?

ајде да дискутираме....

Според мене мислам дека ке стане малку по продуктивен, односно барем да гледаме голови!

Сепак не верувам дека Блатер ке успее ова да го направи!:toe:
 
Што ќе донесе еден ваков потег?

Позабавна игра? Повеќе голови?
Ќе се изгуби убавината на фудбалот?

ајде да дискутираме....


Инзаги ке биде најдобар стрелец во историјата :vozbud:






ако се укине ке биде позабавно поради повеке голови :tv:
 
Никако не смее да се укине, пропаст на фудбалот како што го знаеме. А и не верувам дека ова ќе се случи. Нема смисла едноставно, напаѓачите само ќе седат пред голманот и ќе имаат помалку грижи за тоа дали се во офсајд или не. Одбраната на една екипа не ќе може излезе барем до средина, бековите нема да напаѓаат, хаос.:jaj:
 
да се укине “офсајд“...а како ќе се нарекува таа игра?!
 
Фудбалот е најпопуларниот спорт во светот само заради неговите едноставни правила. Укинување на офсајдот ќе биде најголемата глупост во историјата, фудбалот не бил бил тоа што е ако се укине, па би рекол, едно од најзначајните правила во играта.

Вака, одбраната се обидува да биде на иста бранова должина и противничкиот напаѓач да го стави во недозволена позиција, нека си останат правилата какви што се. :toe:
 
Јас сум против ова, од погоре наведените причини да не се повторувам.

Предлогот е донесен по сугестија на укинувањето на ова правило во хокејот на трава. Тоа укинување според мене не му донело поголема популарност спроред мене. Фудбалот си е популарен и на овој начин. Не му требаат вакви работи за популарност.

Сепак мислам дека нема шанси да се усвои ова
 
Да бе, па Инзаги да игра уште 20 години :icon_lol:

Се шегував, против нормално. Ајде тогаш во пливање нека укинат да не се допира до крај кога се превртуваш :/
Напаѓачите ќе си бидат тогаш фиксни само напред, ќе чекаат топка до голманот одма, трчањето низ терен ќе се сведе на 0.
 
Поглупо од ова здравје..Сакале да го направат фудбалот подобра игра,напротив,со укинувањето на офсајдот само ќе го уништат..
 
Поглупо од ова здравје..Сакале да го направат фудбалот подобра игра,напротив,со укинувањето на офсајдот само ќе го уништат..

Се согласувам со ова !!!

Ако се укине офсајдот,секоја недела спортска ке факам,7+ ке стаам,па да видам некоја да ме зезне :)

Не ми се верува да се усвои ова правило,ептен ретардирано е.Играчите како Инзаги и остала багра ке спијат во офсајд и ке имаат повеке од 50 голови по сезона :tapp:

За убавината на играта да не збориме,голманот ја рога од гол до гол,нема офсајди,секој напад ке пага гол :)
 
Треба фотелја да му се остави на централниот напагач, да не му биде досадно во напад.
А може и лаптоп со интернет да си отвори фејсбук, или на Кајгана.
 
Епа сега нека стават по 12 души во екипа за едниот да "спие" пред шеснаесетик
 
ако веќе оди на уќинување на офсајд нека ги избркаат и линиските судии,за кој кур ќе им се...нека биде со двајца во терен :tapp: глупа идеја која не верувам дека ќе успее
 
Како не, уште ова фали...кој сака да гледа многу голови нека гледа ракомет! Некогаш утакмицата е интересна дури и ако нема голови, што ако заврши 2:2 или 3:3 ако нема никаква игра, важно голови си видел а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom