UEFA Super Cup 2017 - Real Madrid vs. Manchester United

  • Креатор на темата Креатор на темата OMG!!
  • Време на започнување Време на започнување
Атлетската патека е најмал проблем, то ест не е никаков проблем, супер си е само што стои неискоритена.

Проблем се теренот, трибините и помошните објекти кои не постојат.

Теренот е ужасен, секоја година има проблеми со него, згрешена е и трева и дренажа и све околу него. Лупнале некоја трева што не е погодна за ваква клима. Затоа мора да го „чуваат“ 2 месеци за една утакмица.

Новите трибини се засега бламажа. Ги изградиле со косина ко да се целосно покриени, а не се целосно покриени. Кога врне водата останува на трибина, затоа што нема ни косини ни канали ни цевки каде што водата би истекувала. Против Шпанија на седиштата кои беа точно во линија со покривот горе требаше да седиш со чизми за да не се утопиш.

Фасадата не е фасада всушност. Лупнале некаков плех и демек тоа е фасада сеа на стадионот. Најавите беа дека ќе биде стакло или плексиглас како на Алианц, нели, нда...

Поради тоа подтрибински простор нема. Све е отворено, ги нема најавените простории од второ и трето ниво, простории има само на приземје/прво ниво и тоа ептен основните ко соблекувални/прес центар исл. Тоа е чист пример на недовршување на изградбата, а не друго, јер ете во Јужна има триста чуда па дури и една цела телевизија функционира во подтрибинскиот простор.

Паркинг направен за стадионот нема.
Доволно влезови нема.
Пола вециња се всушност затворени.

Да не збориме па за овие „модерниве“ фаликни ко ви-фи, телевизори, соба за пренос исл... Стадионот не ги исполнува ни традиционалните услови за добар стадион, не па модерните. Единствено убаво во стадионот е изгледот на трибините гледано од терен или од внатре и атлетската патека која реков за жал стои неупотребена.

Телеком Арената Филип II е школски пример за градено а недоградено, Градски бар си беше онаков со Јужна и мини трибинчиња, ама беше направен ко што планирале да го направат...
 
^А технички,и атлетската патека не е ко што треба. Секаде атлетските патеки се со 9 стази за трчање,кај нас ботовите со 8 направија...Фактички,иако постои,не ги исполнува нормите на IAAF :icon_mrgr:
 
Нема врска. Нема никаква сличност освен што имаат ист број седишта и атлетска патека. Пољуд е архитектурски мастерпис - градски е кич за стадион изграден во 21-ви век. Да не зборам за историјата на стадионите и зошто Пољуд има капацитет колку што има.

Исто како Пољуд и Олимпико ти е лош пример. И двата имаат атлетски патеки ама и двата се дизајнирани така со причина и имаат истории позади тие патеки. Градски од тој поглед е епик фејл. Бидејќи кога Скопје би бил домаќин рецимо на ОИ како Олимпико или старите Медитерански игри во случајот со Пољуд, градот ќе добие инвестиција за нов стадион кој што би го обележал настанот. :)
Реков дека е правен по планот на Пољуд а не дека е изграден исто како него. Тоа што не го завршиле како што треба и како што објасни ЕлНињо погоре е сосема друга приказна.

ОлиНпико онака го спомнав, пошто замеруваат за атлетската патека. Рака на срце и мене не ми се свиѓаат стадиони со атлетските патеки ама нашиов мора да биде таков со оглед на тоа што е единствен у државава кај што може да се одржаваат повеќе спортски натпревари (не дека ќе се одржаваат ама ај :Д )
 
Атлетската патека е најмал проблем, то ест не е никаков проблем, супер си е само што стои неискоритена.

Проблем се теренот, трибините и помошните објекти кои не постојат.

Теренот е ужасен, секоја година има проблеми со него, згрешена е и трева и дренажа и све околу него. Лупнале некоја трева што не е погодна за ваква клима. Затоа мора да го „чуваат“ 2 месеци за една утакмица.

Новите трибини се засега бламажа. Ги изградиле со косина ко да се целосно покриени, а не се целосно покриени. Кога врне водата останува на трибина, затоа што нема ни косини ни канали ни цевки каде што водата би истекувала. Против Шпанија на седиштата кои беа точно во линија со покривот горе требаше да седиш со чизми за да не се утопиш.

Фасадата не е фасада всушност. Лупнале некаков плех и демек тоа е фасада сеа на стадионот. Најавите беа дека ќе биде стакло или плексиглас како на Алианц, нели, нда...

Поради тоа подтрибински простор нема. Све е отворено, ги нема најавените простории од второ и трето ниво, простории има само на приземје/прво ниво и тоа ептен основните ко соблекувални/прес центар исл. Тоа е чист пример на недовршување на изградбата, а не друго, јер ете во Јужна има триста чуда па дури и една цела телевизија функционира во подтрибинскиот простор.

Паркинг направен за стадионот нема.
Доволно влезови нема.
Пола вециња се всушност затворени.

Да не збориме па за овие „модерниве“ фаликни ко ви-фи, телевизори, соба за пренос исл... Стадионот не ги исполнува ни традиционалните услови за добар стадион, не па модерните. Единствено убаво во стадионот е изгледот на трибините гледано од терен или од внатре и атлетската патека која реков за жал стои неупотребена.

Телеком Арената Филип II е школски пример за градено а недоградено, Градски бар си беше онаков со Јужна и мини трибинчиња, ама беше направен ко што планирале да го направат...
И коа ќе ти текне колку пари се потрошени за стадионов, а уствари е доградба, пошо више беше изградена јужната трибина... Затоа реков, ова е типичен пример за македонска работа, дали од градежништво, до мала ситница, сеедно -- школски пример.
 
Незнам што очекувате,Вембли да ни го изградат?
За ваква затуцана држава со отепан спорт, солиден е стадионот.
Нека го нашминкаат со оние работи кои што фалат, како што се телевизори интернет и сличните работи што ги напишале уефа како забелешка и таман сме
 
Не Вембли, ама да се доизгради тоа што е веќе започнато, а не стандард (изградено-недоградено).
 
Незнам што очекувате,Вембли да ни го изградат?
За ваква затуцана држава со отепан спорт, солиден е стадионот.
Нека го нашминкаат со оние работи кои што фалат, како што се телевизори интернет и сличните работи што ги напишале уефа како забелешка и таман сме
Дечко ти си профилот на човек што би го направил ако пробував да опишам просечен фиромјанец. Елнињо горе до детал опишал што се е фејл со стадионот, а Неар го дополнил дека ни атлетската патек не е ко што треба, за ти после два поста да пишеш солиден е стадионот. Дај боже да ни ја земат организацијата за да видите дека не може плукни залепи по светот. Таман и тимовите ќе ни играат во Скопје место по други градови јер некој мислел дека може да засади трева од стар дел парк и фудбал да игра на нејзе...
 
Не ми беше мене муабетот за патеката, туку за тоа што ги спомнувавте влезовите или 30 000 бил мал стадион можел повеќе итн.
И јас го пишав горе долу истото како и ти, да се среди тоа што фали помалите ситници истадионот ќе биде таман, а ако очекувате вие дека ќе направат алианц арена сте се прецениле малце.
 
Па ако го прават стадионот нека го направат како што треба односно како Алијанц арена, а не плукни залепи..ги имаа сите можни средства во светот да го досредат ама едноставно парите се послатки ако се пикнат вџеб и мора да се прикрива како и секогаш.

И ако не ја дадат организацијата најголем виновник убедливо ќе биди ФФМ после сите други..ФФМ е главниот организатор во очите на УЕФА и тие ја договараа организацијата..Илчо и неговите полтрони..е сега тоа што не најдоа доволно време да ги санираат штетите и да наоѓаат решение тогаш тие нека си сносат најголема одговорност па после сите останати..и искрено навивам да ни ја одземат организацијата и дај боже да се случи тоа само што од друга страна тие што го фатија тендерот за да го шминкаат стадионот ќе ги земат парите за џабе
 
Незнам што очекувате,Вембли да ни го изградат?
За ваква затуцана држава со отепан спорт, солиден е стадионот.
Нека го нашминкаат со оние работи кои што фалат, како што се телевизори интернет и сличните работи што ги напишале уефа како забелешка и таман сме
Исто како да ти дадат тендер за Партизанска и да речеш ееее па за вакви коли што ги возат Македонциве, доста се дупкиве што ќе искочат за 3-4 месеци, не мора асфалт квалитетен, не возат Порше, Масерати, Ламбо па да не им зафаќа нигде.

Кога се нафаќаш нешто да правиш или прави го како што треба или воопшто не се нафаќај.
 
На тие пари што се фрлаат, срамота е вакви пропусти да се прават. Иако и од УЕФА замараат со телевизори, вип-простории и слични срања, ама општо гледано, хаос е стадионот, од паркинг, влезови, на толкав стадион само да 30 илјади собира затоа што пола иде у скали, шипки и остало, кровот исто промашај. Највеќе ме нервира, што со овие пари што се фрлаат за „шминкањево“ на Градски за да се одржи еден супер-куп, можеше да се реновираат бар 2 стадиони, пример Битола и Прилеп, и да имаме асални стадиони, на коишто ќе може да играат и репрезентации, и клубовите. Едино не би се сложил за тревата на Градски, тука мислам дека грешите, истава трева е поставена пред 5 години и воопшто не е сменета, само се одржава, низ другиве држави скоро секоја година го мењаат тревникот, кај нас и да сакаш нема таква опција, затоа што е преоптеретен стадионот и цело време е зафатен за нешто, 2 клуба во домашно првенство, репрезентација, квалификации на лето, концерти, преоптоварен е тревникот..
 
Незнам зошто сте ме реплцирале, не реков јас дека доста ни е оти играчите се скапани, туку дека не е изводливо да направиме стадион како алианц и сл.Тие стадиони коштаат 20 пати повеќе од нашиот.Репликата мибеше за оние кои најдуваа мани во влезовите многу биле широки, па малце публика итн.Не дека тоа не моеже да се направи подобро ама и вака не е лошо.
Тоа што треба да се среди тревата,просториите за новинари или тоалети, интернет се сложувам и јас и напишав и погоре дека тоа да се среди ситните работи кои што не коштаат многу би бил добар стадионот.
 
За да добиеш нешто добро, треба да бараш перфекција. Зошто побогу плаќаме даноци, за да се крмат свињите кои се излежаваат на фотељи?
Болдираниот дел е сѐ што е погрешно во државава. Абе ништо да не фали ќе најдам маана и ќе критикувам. Стремење кон перфекција носи напредок а не задоволување со трошки и медиокритет.
 
Не ми беше мене муабетот за патеката, туку за тоа што ги спомнувавте влезовите или 30 000 бил мал стадион можел повеќе итн.
И јас го пишав горе долу истото како и ти, да се среди тоа што фали помалите ситници истадионот ќе биде таман, а ако очекувате вие дека ќе направат алианц арена сте се прецениле малце.
Нема помали ситници. Има трибини со столчиња, рефлектори и ништо друго, тоа не е национална арена.
 
Па добро ,и јас тоа го велам дека треба да се до нашминка.Ама не е реално да се бара нешто ко алианц арена.Прво и основно многу пари би фатил тој проект.Кога ќе го споредиме стадионот со европските стадиони не е премногу назад, колку што сме во другиве работи како патишта ,канализации,здравство итн.Неможе само на едно да се трошат парите и да се прави стадион од 100+милиони а во селава сеуште се се*ат во полски нужници.
Тоа што парите се крадат е скрос друг муабет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom