UEFA Евро 2016 (квалификации)

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Кучка си е кучка. Лапај си исто бодови со Шпанија.
Екшли...Шпанија има 3 поени а Словачка има 6.


Изгледа само ја сум оптимист за репрезентацијава наша а ? :D (Ма да и ја не знам зошто сум оптимист едноставно онака имам филинг дека до последно коло ќе се бориме за бараж без разлика што се изгледа очајно сега за сега...:@ )
 
Тргнав да барам пост "Абдурахими, оплоди ме" во темата за репрезентацијата и гледам заклучена. (n)
 
Незнам, ама можеби е време Де Хеа да добие шанса за Репрезентација, перспективен голман, има 23 години, секако тој треба да биди наследникот на Касиљас.
 
Јас не знам како е можно сеуште Касиљас да брани, кога Де Геа е во едно 100 пати подобра форма од него. Разбирам јас дека е легенда на шпанскиот фудбал, се е тоа во ред, ама брате кога не иде не иде. И Пеле е легенда на Бразил, па ај ако не на 70 години нека го вратат во репрезентацијата, пошо е легенда нели.
 
Очекував некој поголем ремонт во Шп анската репрезентација после светското ама тоа е , ке си гурат пак на стара слава повекето.
За нашата репрезентација незнам што да кажам....стварно немам ништо против кога некој од "браката" се одлучил да ги брани боите на репрезентацијата , го има тоа речиси во сите репрезентации , спортот е нешто што ги зближува лугето од различни поделби ама тоа со знамето беше врвот....
Сетете се само на Мекејлеб кога го избраа во тимот на првенството во Литванија кога излезе со македонското знаме колкава гордост беше за сите тоа , ке остане легенда во кошарската репрезентација , е сеа замислете да излезеше со американското знаме дали ке ни значеше толку за сето тоа што го направи :)
Исто и за вчера , подраго ке ми беше да изгубевме отколку оваа брука да ја гледам, се губи филингот за репрезентацијата се повеке и повеке, а причината не е била и никогаш нема да биде за тоа како игравме и ке играме туку знаеме сите зошто .....
 
Треба да си иде старото од кормилото на Шпанија, уште не ми се верува дека не си даде отказ после светското..[DOUBLEPOST=1412962005][/DOUBLEPOST]
Исто и за вчера , подраго ке ми беше да изгубевме отколку оваа брука да ја гледам, се губи филингот за репрезентацијата се повеке и повеке, а причината не е била и никогаш нема да биде за тоа како игравме и ке играме туку знаеме сите зошто .....
Дали истово ќе го викаш и ако еве ги победиме Украинците во недела ? Или мислиш дека би се вратила надежта за пласман на Европското ?

Зошто мене ми изгледа дека работава како што е тргната и да отидеме на ЕП наместо да се радуваме за историскиот успех, општото мислење ќе биде "Ете на среќа искористивме што има повеќе екипи таму ќе не растурат"
 
^Си даде оставка Дел Боске, меѓутоа шпанската федерација не ја прифати и остана како селектор
 
^Си даде оставка Дел Боске, меѓутоа шпанската федерација не ја прифати и остана како селектор
Требало пак да аплицира. Додека е идиотот на клупата, Де Геа нема да биде #1...
 
Баш ми е мило за Чешка 2 од 2 што има, баш ми се симпатични онака и како државиче а и како репрезентација.
Не ни имаат некои преголеми ѕвезди, не се преголема земја а пак се солидни.
 
Киелини царе :vozbud::vozbud::vozbud: :pos:
Турција е во огромни проблеми, 2 порази во првите две кола, катастрофални се моментално...
 
И вака кога ги гледам квалификациите не можам а да не помислам дека тоа што Платини им вети на малите земји еднаква шанса ја уништува уникатноста на ЕП како натпреварување.

Се посигурен сум дека на ЕП ќе играат некои просечни и подпросечни земји како Албанија,Австрија,Литванија,Велс,Белорусија и слични..екипи што во стариот циклус не би стигнале до ЕП..ама и не ми е тоа проблемот убаво е што мали екипи ќе играат, ама џабе сето тоа кога од сите овие екипи 1 до ПРЕКУ СИЛА 2 екипи ќе ги поминат групите...и пак главното ќе биде меѓу Шпанија,Италија,Франција,Германија,Холандија..... и пак ќе се заборави дека екипи како овие погоре воопшто играле..и ако вакви екипи влагаат одма сатисфакцијата дека и мојата земја влегла на ЕП се намалува...и ова ќе го мислат фановите на неколку од овие репрезентации.. "Сите влегоа, не е тоа тоа..", и пак очекувам накај 2028 да се врати по старо натпреварувањето...

Ова исто како Епл за да ги зголеми профитите да се реши да ги продава за 20 долари Ајфоните...сите ќе ги имаат ама па нема да ти биде филм да имаш Ајфон после..
 
@dragonsky

Не би се согласил со тебе во целост. Да, секогаш во завршницата најсилните ќе бидат таму со по некое изненадување, но тоа не го намалува чувството на успех на малите репрезентации, баш мислам дека тие би биле презадоволни да учествуваат макар и само во групната фаза.

Земи си пример, ние да дојдеме до ЕП во фудбал, знаеш ли која еуфорија ќе биде, чувство дека си дел од нешто големо, чувство за успех и натпреварувачки дух.

Па што се деси со државата онаа една недела за едно четврто место во кошарка, спорт кој реално е 10 пати помалце популарен од фудбалот, едноставно е, и малите и слаби репрезентации (па и клубови) се дел од спортот и за нив е успех само да учествуваат (односн ода постанат во лига, за клубовите), евентуално уште поголем успех е да извојуваат некаква историски победа и да елиминираат некој фаворит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom