Досега се квалификуваа:
Франција (домаќин)
Исланд (група А)
Чешка (група А)
Белгија (група Б)
Велс (Група Б)
Шпанија (Група Ц)
Германија (Група Д)
Англија (Група Е)
Швајцарија (Група Е)
Северна Ирска (Група Ф)
Австрија (Група Г)
Италија (Група Х)
Португалија (Група И)
Борба за директен пласман или бараж:
Група А:
3. Турција 15
4. Холандија 13
Холандија-Чешка
Турција-Исланд
Турција ќе биде трета и со нерешено.
Група Б:
3. БиХ 14
4. Израел 13
5. Кипар 12
Белгија-Израел
Кипар-БиХ
Кипраните со победа на домашен терен против БиХ може да финишираат како трети и да играат бараж.
Група Ц:
2. Словачка 19
3. Украина 19
Луксембург-Словачка
Украина-Шпанија
Словачка со многу поголеми шанси за пласман, а Украина треба да брка победа против Шпанија за да може како најдобро третопласирана да влезе директно.
Група Д:
2. Полска 18
3. Ирска 18
Полска-Ирска
Во директен дуел ќе решат кој ќе оди на ЕП, а кој во баражот...
Група Е:
3. Словенија 13
4. Естонија 10
Сан Марино-Словенија
Естонија-Швајцарија
Во глобала Словенија е сигурен патник во баражот, но сеуште постојат теоретски шанси за Естонија ако ја добијат Швајцарија, а Сан Марино некако чудесно ја тепа Словенија
Група Ф:
2. Романија 17
3. Унгарија 16
Фарски Острови-Романија
Грција-Унгарија
Романија има голема шанса да заврши како втора, Унгарците малце потешко. Сепак, Унгарците имаат огромни шанси да влезат како најдобра третопласирана селекција.
Група Г:
2. Русија 17
3 Шведска 15
Русија-Црна Гора
Шведска-Молдавија
На Русија и е доволен бод против веќе отпаднатата Црна Гора, така да не би требало да имаат некои проблеми. Шведска ќе оди во бараж...
Група Х:
2. Норвешка 19
3. Хрватска 17
Малта-Хрватска
Италија-Норвешка
Хрватска иако е трета има поголеми шанси. Во меѓусебниот дуел подобри се Хрватите, па ако Хрватска тепа во Малта, тогаш Норвешка ќе мора да ја добие Италија на гости, што би значело дека Италијанците ќе завршат втори на крајот, а тоа сигурно нема да им се допадне
Група И:
2. Данска 12
3. Албанија 11
Ерменија-Албанија
Албанија мора да ја тепа Ерменија за да оди директно, во спротивно одат во баражот.
Третопласирани селекции:
Унгарија 15
Хрватска 14
Украина 13 (-1 натпревар)
Ирска 12 (-1 натпревар)
Албанија 11 (-1 натпревар)
Турција 9 (-1 натпревар)
Шведска 9 (-1 натпревар)
БиХ 8 (-1 натпревар)
Словенија 7 (-1 натпревар)
Унгарија ги има одиграно сите мечеви со екпите кои не се последни, па со 15 бода има големи шанси и како третопласирана селекција да влезе директно на ЕП. Ирска доколку победи ќе биде втора, а трета ќе биде Полска која не би можела да ја премине Унгарија на оваа листа.
Доколку Хрватска заврши втора, тоа би значело дека Норвешка изгубила или ремизирала со Италија и на оваа табела би имала 13-14 бода што не би било доволно да ја мине Унгарија.
Унгарија може да биде премината само од Украина доколку Украина тепа со Шпанија.
Е сега, ако пак Романија некако заврши трета во својата група, а Унгарија успее да ја помине. Тогаш Романците би имале 13 поени ако изгубат од Фарски Острови или 14 ако завршат нерешено. Тогаш Хрватска/Норвешка/Украина истотака би имале одредени шанси за пласман. Ама тешко дека Романците би кикснале во Фарски Острови
