UEFA Champions League - Season 2024/25

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.053
Поени од реакции
2.549
Ливерпул - Барселона? Која е поентата да бидеш од 1 до 6то место. Ова испаѓа 7 и 8 место најубаво да си :toe:
Колку што разбрав Ливерпул и Барса нема да можат да се сретнат до финале секако ако ги победат сите наредни противници.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.360
Поени од реакции
5.482
Се изнаиграа еден куп дополнителни утакмици само за пари. Благе везе нема групната фаза. Во стариот формат веќе ќе беше испратен Сити, а ништо чудно и ПСЖ и Јувентус. Вака никогаш нема голема екипа да испадне, се заштитија како мечки.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.296
Поени од реакции
4.225
Леле форматот врска нема.
Боље систем лига и најдобри 4 да играат Ф4 и ајт у пичку матер.
Вака боље да си 8ми отколку втори. :pos:
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.837
Поени од реакции
12.024
Се изнаиграа еден куп дополнителни утакмици само за пари. Благе везе нема групната фаза. Во стариот формат веќе ќе беше испратен Сити, а ништо чудно и ПСЖ и Јувентус. Вака никогаш нема голема екипа да испадне, се заштитија како мечки.
Во стариот формат Сити немаше да игра со Интер, ПСЖ, Јувентус, туку ќе играше со Клуб Бриж и Чукарички и ќе обезбедеше пласман уште во четрвто коло и ќе играше со 20% со силите до крај, па после во 1/8 финале со некој залутан тим како Лајпциг и слично и ето ти до четврт финале без капка пот.

Не знам што ви беше интересно во стариот формат, ќе се паднеа Реал Мадрид со Шериф Тираспол и Слован Братислава и дури и да имаше некој јак тим од втор шешир пак дербито ќе беше тиња без некоја борба. Со години групната фаза беше мртвило, до тој степен да веќе ретко и се следеа утакмиците како порано плус и осмина финалињата беа тиња со години, само од 1/4 финале вредеше да се следи. Едноставно плачеше натпреварувањето за промени.

Годинава се изнагледавме интересни натпревари: Реал-Милан, Реал-Дортмунд, Реал-Ливерпул, Барселона-Баерн, Барса-Дортмунд, Барса-Бенфика, Барса-Аталанта, Сити-ПСЖ, Атлетико-Леверкузен и тн. Плус ќе гледаме интересни натпревари во 16тина финале и после тоа. Според мене засега новиот формат е право освежување за разлика од мртвилото што го гледавме изминативе години во групната фаза.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.342
Поени од реакции
11.756
Има некаква неизвесност, ама за што? За дали Сити ќе стартува од 14то или 22ро место? Јак кур.
Посекако има едно 7-8 Чарли Чаплин екипи, така да 28 екипи се борат за 24 места...Ако не успееш да бидеш во првите 8, имаш поправен. Колку и да се лоши некои од ГОЛЕМИВЕ екипи, ќе победат некоја утакмица против најслабите што ќе биде доволно за топ 24.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.894
Поени од реакции
30.816
Не е форматот толку луд, колку што Сити, Баерн, Реал и ПСЖ не изборија топ 8 и закомплицираа.
Или си играа кур ташак зошто знае дека ќе биде вака
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.612
Поени од реакции
4.477
Се изнаиграа еден куп дополнителни утакмици само за пари. Благе везе нема групната фаза. Во стариот формат веќе ќе беше испратен Сити, а ништо чудно и ПСЖ и Јувентус. Вака никогаш нема голема екипа да испадне, се заштитија како мечки.
први 3 кола Јуве имаше 3 победи, жими к*р што ќе испаднеше ако играа во стариот формат..
 
Член од
12 март 2024
Мислења
295
Поени од реакции
520
Или си играа кур ташак зошто знае дека ќе биде вака
Две утакмици плус знаеја дека ќе играат без топ8. И еден од Баерн/Сити/Реал сега сигурно ќе испадне. Курташак сигурно не, не беа во форма едноставно и тоа е.
Автоматски споено мислење:

Абе шо се замарате , секако Реал освојува :cool:
Ќе им паднат Селтик утре 100%
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.360
Поени од реакции
5.482
Во стариот формат Сити немаше да игра со Интер, ПСЖ, Јувентус, туку ќе играше со Клуб Бриж и Чукарички и ќе обезбедеше пласман уште во четрвто коло и ќе играше со 20% со силите до крај, па после во 1/8 финале со некој залутан тим како Лајпциг и слично и ето ти до четврт финале без капка пот.

Не знам што ви беше интересно во стариот формат, ќе се паднеа Реал Мадрид со Шериф Тираспол и Слован Братислава и дури и да имаше некој јак тим од втор шешир пак дербито ќе беше тиња без некоја борба. Со години групната фаза беше мртвило, до тој степен да веќе ретко и се следеа утакмиците како порано плус и осмина финалињата беа тиња со години, само од 1/4 финале вредеше да се следи. Едноставно плачеше натпреварувањето за промени.

Годинава се изнагледавме интересни натпревари: Реал-Милан, Реал-Дортмунд, Реал-Ливерпул, Барселона-Баерн, Барса-Дортмунд, Барса-Бенфика, Барса-Аталанта, Сити-ПСЖ, Атлетико-Леверкузен и тн. Плус ќе гледаме интересни натпревари во 16тина финале и после тоа. Според мене засега новиот формат е право освежување за разлика од мртвилото што го гледавме изминативе години во групната фаза.
Јаките дуели, како пријателски да гледавме. Дали два дуела гледав поради тоа што дали едните ќе победат или изгубат е баш сеедно. Во претходниот систем ако изгубеше две утакмици ти си во проблем, ќе чекаш на другите да киксаат. Тука и да изгубиш пак имаш 300 други дуели со небитни екипи за да фатиш место.

Плус толку многу дерби дуели се губи смислата на дерби утакмица. Ти станува монотоно со тек на време. Баерн, Барса, ПСЖ, Реал, Сити, Ливерпул, овие меѓу себе во последните години се сретнаа 500 пати, досадни се веќе. Италјанскиве нешто ново што нудат оти немаат константност цело време.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
Во овој систем не ми се допаѓа тоа што многу рано вкрстуваат екипи од иста земја.

Пример во плеј офот ПСЖ секако ќе игра со екипа од Франција, а можни се и дуели Милан-Јуве и ПСВ-Феенорд. Во 1/8 финале може да има Интер - Милан/Јуве, Баерн - Баер, Реал - Атлетико.

Ќе биде како домашни првенства да гледаме.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.668
Поени од реакции
14.310
Во овој систем не ми се допаѓа тоа што многу рано вкрстуваат екипи од иста земја.

Пример во плеј офот ПСЖ секако ќе игра со екипа од Франција, а можни се и дуели Милан-Јуве и ПСВ-Феенорд. Во 1/8 финале може да има Интер - Милан/Јуве, Баерн - Баер, Реал - Атлетико.

Ќе биде како домашни првенства да гледаме.
Која е разликата дали од иста земја ќе играат во осмина или во четвртфинале?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.998
Поени од реакции
19.352
И кој курац има ждрепка сега, кога веќе беше битно на која позиција ќе завршиш не требаше да има ждрепка, јас цело време така мислев дека е.
Утре ако му падни Селтик на Реал ќе има смеа, не дека во осминафиналето ќе се пресреќни дека ќе играат со Атлетико и Леверкузен ама сепак.
Автоматски споено мислење:

Во овој систем не ми се допаѓа тоа што многу рано вкрстуваат екипи од иста земја.

Пример во плеј офот ПСЖ секако ќе игра со екипа од Франција, а можни се и дуели Милан-Јуве и ПСВ-Феенорд. Во 1/8 финале може да има Интер - Милан/Јуве, Баерн - Баер, Реал - Атлетико.

Ќе биде како домашни првенства да гледаме.
Подобро ќе гледам дерби од иста лига кај шо има најповеќе жар отколку да ги гледам Сити и Реал пример во осминафинале против некоја треторазредна екипа кај шо се знај предвреме победникот.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
Која е разликата дали од иста земја ќе играат во осмина или во четвртфинале?
Па поентата на ЛШ е да биде интернационален турнир, каде екипите играат против екипи од други земји од Европа.

Четврт финале веќе има премалку тимови за да се прават такви рестрикции, плус, теоретски може да има 5 претставници од иста земја, па да биде и невозможно да се избегне дуел на екипи од иста земја.

Подобро ќе гледам дерби од иста лига кај шо има најповеќе жар отколку да ги гледам Сити и Реал пример во осминафинале против некоја треторазредна екипа кај шо се знај предвреме победникот.
Нема веза тоа, пак може да се падне Реал или Сити со треторазредна екипа. Или еве Лил да игра со Бриж, па една од нив да стигне и до 1/4 финале. Па таму да биде топовско месо за некоја појака екипа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom