Во стариот формат Сити немаше да игра со Интер, ПСЖ, Јувентус, туку ќе играше со Клуб Бриж и Чукарички и ќе обезбедеше пласман уште во четрвто коло и ќе играше со 20% со силите до крај, па после во 1/8 финале со некој залутан тим како Лајпциг и слично и ето ти до четврт финале без капка пот.
Не знам што ви беше интересно во стариот формат, ќе се паднеа Реал Мадрид со Шериф Тираспол и Слован Братислава и дури и да имаше некој јак тим од втор шешир пак дербито ќе беше тиња без некоја борба. Со години групната фаза беше мртвило, до тој степен да веќе ретко и се следеа утакмиците како порано плус и осмина финалињата беа тиња со години, само од 1/4 финале вредеше да се следи. Едноставно плачеше натпреварувањето за промени.
Годинава се изнагледавме интересни натпревари: Реал-Милан, Реал-Дортмунд, Реал-Ливерпул, Барселона-Баерн, Барса-Дортмунд, Барса-Бенфика, Барса-Аталанта, Сити-ПСЖ, Атлетико-Леверкузен и тн. Плус ќе гледаме интересни натпревари во 16тина финале и после тоа. Според мене засега новиот формат е право освежување за разлика од мртвилото што го гледавме изминативе години во групната фаза.