Кутар Филе, одавде го осеќам дека е в земја пропаднат. Обично кога твојата екипа ќе испадне можеш да се вадиш на туѓата среќа или на твојата неправда, ако те заебал судијата. Ама во овој случај барем да кажеше: пробавме, имавме 2-0, пенал, играч повеќе и сл. наша кривица е..а не да ми тупи тука филозофии за барселонизам, за млади школи...цитирам:
Спомнете си или пробајте да најдете еден тим во Европа, посебно од оние кои стигнаа до своите трофеи (или кои ќе стигнат) да изиграле натпревар со 10-мина или 11-мина од сопствената фудбалска школа.
Ме интересира да ми каже кој се тоа 10-11 играчи од сопствената школа на Барса, што освоија лани се, а се фалеа и годинава дека ќе освојат се?!!? Само Меси, Чави, Иниеста, Пујол, Педро, Бускетс можи да се кажи дека се нивна школа. Кој друг? Алвес (купен од Севиља во 2008), Пике (во Манчестер од 2004-2008), Фабрегас (купен за мало богатсво од Арсенал каде беше од 2003-2011), Давид Виља (купен за уште поголемо богатсво, готов играч од Валенсија каде беше 2005-2010), Санчез (купен за исто така мало богатство, во Удинезе од 2006-2011), Маскерано (купен од Англија каде беше 2006-2010), Кеита кој од 1999-2007 играше во Франција