UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Него од дамна имам кажано дека Пеп не е голем тренер. Едноставно имаше среќа да ја наследи најдобрата генерација на фудбалери во последните 7-8 години и воедно да ги уигра.
Добар тренер да, меѓутоа голем тренер не. Се надевам ќе го видам во ПЛ брзо да си ги мери мудата таму и тоа без Меси, Иниеста и Чави

Голем тренер на пример ти е Конте :icon_lol: Има послаб состав и од интер и милан па пак е без пораз :icon_lol:
 
Челзи :cuc:
Историски натпревар за нив. Секоја чест. Огромен мерак ми направија. Можда инстинктивно ми дојде, зашто страшно ме потсетуваше на еден натпревар од 2010 :D.
Барселона со играч повеќе кружи, противници во бели дресови, напаѓачи како бекови, Меси без компас................ само прскалките фалат во сликата.

Два гола со играч помалку. Тоа е голема работа да играш против Вулверхемптон, а не па против најдобриот тим на светот овие неколку години.
Страшна концентрација на цела одбрана кога најмногу требаше. Дефинитивно Челзи имаат една од најстрашно подготвените екипи во одбрана. Можат без проблеми два вакви натпревари да изиграат.
Браво и за тренерот што знае од кого да препишува за анти-барса игра (y).

Добро ќе е ова и за Барселона. Да згазат на земја цврсто и да се соочат со фактот дека во модерен фудбал такво нешто како доминација на еден тим не постои. Нема филозофија, стил на игра, што е доминантен во однос на другите, или за што нема одговор, посебно кога се оди во крајност со нејзе. Деталите и флексибилноста владее во денешно време. Само кога победуваш со нив ги забораваш, ама затоа кога губиш ради нив секогаш ги приметуваш.

Сега сигурно ќе приметат дека напаѓач што игра во простор, со добар финиш, мора стално да се има во тим. Не смееа да се потпираат само на Виља. И сите во Барса на чело со Гвардиола да се уверат дека уште не е дојдено времето за фудбалот што Гвардиола го имаше во глава за оваа сезона. Убави идеи се признавам, ама не може да се брза дотолку со нивно ставање во пракса. Реалноста е срање работа. Мада ја за него уште мислам дека е генијален тренер.
Пс: Утре Реал тепа :D
 
Сеуште памтам една изјава на некој член, од нашиве мислам беше.
Пеп е тактички лимитиран тренер, тренер без план б. Тоа неможе да го направи најголем. Може е се супер со него, сите се заебаваат, слободни се, може е и голем мотиватор. Но не најголем тренер, далеку.
 
off.net.mk-6831.gif

off.net.mk-6833.gif

off.net.mk-6835.gif

off.net.mk-6832.gif

off.net.mk-6829.jpg

off.net.mk-6834.jpg

off.net.mk-6836.jpg

off.net.mk-6837.jpg

off.net.mk-6840.png

off.net.mk-6842.jpg

off.net.mk-6841.gif

off.net.mk-6835.gif

Tolku od mene za vecherva .. :))))))
 
Намерно направија пенал :D Сега колку и да се груби во играта, покрај црвениот и пеналот, тешко уште еден пенал да суди за барса :D
Не направија намерно но факт беше дека немаше да суди ништо. Тоа и му го кажував на едно другарче. Затоа Лампард на Цеск со чиста совест му ги даде нозете во раце. :D
 
Од мука почнаа сами да се куркаат :pos:
Па на 80% од нив прв пут им е ваква сушна сезона да имаат, до душа не е сушна ама голем трофеј азис.

Се сваќаме ваљда.

Овие постариве генерации им чуе, т.е. не дека им чуе ама полесно ќе го сварат ова, ако се изгледа големата слика нормално, и то је то, се иде даље уз крената глава, имаат феноменални индивидуалци, феноменална школа која по навика више им вади асални првотимци, јебига, у фудбал и се коа ти е наредено не значи дека ќе си прв, тоа е убавината во овој спорт, каде она што е на хартија не е секогаш одлучувачки фактор, тоа најубаво се виде и во овој двомеч. .
 
Статистиката на Меси во Шпанската Ла Лига против вкупната статистика на Дрогба , Торес , Калу и Стариџ во Премиер лигата

525508_414268268584662_116982408313251_1619553_1189725047_n.jpg

cuc.gif
cuc.gif
cuc.gif

Без навреда али претерано глупо е да се споредуваат статистики на тимови или играчи од различни лиги.

Ова најверојатно го пишуваш зошто според тебе Шпанската Лига е послаба од Англиската ?

Да во последниве неколку години изгледа најмалку конкурентна со само два тима во борба за титулата ама еве се покажа истото и во другите 3 најаки лиги .Во сите нив веќе подолго време само два тима се борат за освојување на титулата.

Кај го реков тоа жити се?

Лион Бритон од Свонси има два пати подобра статистика во додавања и процент на успешни додавања од Чави, па тоа според логикава значи дека Бритон > Чави и со тоа англиската лига > шпанската? Не. Токму ради овој факт велам дека е ретардирана споредбата на играчи и тимови од различни лиги.

Ама ако ви е интересно, терајте, и онака овие бројки не значат ништо на теренот.
И сега другар, ме сфаќаш ли зошто ти реков дека е глупаво да се споредуваат статистики?
 
Инаку глеам темава наназад на овој драгон навивачот на челзи, имаат пишано пет миљони мислења... ја шо не сум фан на челзи ја изгледав утакмицата у два здива, око не тргнав од телевизорот, а не пак да барам слики на гугл од САФ па копи, па паст, па чек нотификејшнс... а утре нозете коа ќе ми се пресечат не ќе можам до вц да одам... секоја чест!
 
Многу неискористени шанси на двата натпревари, пречки, стативи...против Челзи тоа така не оди, може против Сарагоса така да се ебаваат. Инаку за сите што очекуваа да го пцуеме тимот, играчите и тренерот што остварија за клубот и фановите во последните 3 години повеќе отколку вашите тимови за целите ваши животи...извинете ама колку и да сум разочаран не можам да им се лутам за ова. Можеби вака е подобро, премногу гомнојадци се собраа околу Барса, премногу завист и крв у задниот дел на гаќите. Не се трпеше кога навивачи на срање тимови ќе мудруваат дека не им се допаѓала како Барса играла против цел тим во 10 метри од голот. Каде е Интер? Каде е Јунајтед? Каде е Милан? Каде е <insert your shitty team here>? Освен фановите на Челзи, Реал и Баерн никој друг нема право да зборува за слабата Барса. Додека вашите тимови беа дупени од Базел и Новара, слабава Барса стигна до полуфинале во ЛШ. Премалку за овој тим според вас, можеби затоа што ви поставил такви високи стандарди во вашите глави. Уживајте во вашите 5 хејтерски минути, ние уживавме 4 години. Ах, да...тука се и наредната година, последниот пат кога ја изгубија лигата и ЛШ наредната година се вратија со 6 трофеи. Така да има дана за мегдана.

Xavi-and-trophies-fc-barcelona-22616574-500-416.jpg
 
хахахаха не знам дали сум ставал слики или не ама знам дека мислењата ги пишував без гледање на екран хаха :D :D :D
 
Каде го пишува тоа ?

Отворен е форумов за секој и секого со цел да си го искаже своето мислење. Своите фрустрации од вчерашниот натпревар не ти дава за право некому да му забрануваш да пишува на форумов(кој не е ни твој а кога би бил тек тогаш ставај такви правила).
 
Секако дека не можам да забранам и не мислев на тоа. Зборувам од аспект на самосвест и прст у глава - ако губам 2 пати од Новара сезонава и се борам за Лига Европа ќе размислам пред да кажам нешто и да ја исмејувам играта на екипата и екипата која стигна во полуфинале на ЛШ 5ти пат по ред. Споредба - грд и смрдлив трол ја исмејува Адријана Лима затоа што има бемка на лева рака (незнам дали има, само пример давам).
 
Абе луѓе дај заглејте го пеналот за Барса. Само ја трипам и глеам дека ова е неверојатен апла дајв или па од големава победа се изумија тие работи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom