- Член од
- 16 август 2009
- Мислења
- 2.213
- Поени од реакции
- 1.713
Браво за Милан. Доколку го исклучија Фламини што и требаше, ќе беше истата песна, немаше да поминат центар, така да заслужена победа на Тотенхем. Физички каде каде поспремни, побрзи и за разлика од Милан имаа кој да повлече игра. Мислам дека некако потецнувачки гледаа према Тотенхем, демек ние искусните па кои се сега овие дебитанти, дали тоа првото место во Серија А ги дигнало толку или не знам што друго. Играта на Тотенхем беше многу јасна, играат во гости го имаат Ленон што може да им претрча 3ца на контра и да примаат гол. Додека да нападне Милан, Тотенхем веќе беше со 9 фудбалери позиционираи во одбрана, а Милан немаше средина или играч што ќе размрда и ќе направи акција која ќе придонесе посериозна шанса. Иако во второто полувреме имаа иницијатива сепак не успејаа, сите чекаа Ибра чуда да прави, додека Робињо не се виде нигде. Тука и Гомез беше мачка. Ќе биде доста интересно во Лондон, ќе се вратат некои повредени, Гатузо фала Богу нема да го гледам, а ако не игра Пирло шансите за Милан да победи таму се 20% според мене. Толку им се силите, реално.