Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во градинка ми даваа лепче намачкано со маргарин и чајче...![]()
кои бизниси беа и тогаш, прво демек ужинка од Жито Лукс, па Златно Зрно, па ти реков ми рече, секој месец мењаа![]()
имавте пица?! О.о мора да си една две генерации после мене....или у боље школо хахахаха
До ден денешен ми е енигма како на некој може да му се свиѓа маргарин и леб.
на мене стално ми се има повраќано од таа смртоносна комбинација
--- надополнето: 5 декември 2013 во 11:40 ---
Бизниси се водеа ама ние јадевме невкусно ѓубре. Сеуште имам лоши спомени и покрај тоа што се поминати 10 години од тогаш
маргарин не, ама некој добар путер врз вкусно топло лепче...мммммммм![]()
во Сиднеј немало традиционални училишни мензи. Затоа секое утро родителите им спремаат ланчбокс со сендвичи, фрукти, десерт и шише вода. Во школите имаат киосци каде може да купат мафини, кои ги печат родители-волонтери, хот-дог , сендвичи, купечка австралиска пирошка со месо и суши. Топол оброк потребно е да се закажи однапред, до 08:00 (можно и онлајн). Цените им се исти — како во обично кафе во центарот на градот, или сосемамалку пониски.
Има и школски кафеа — т н р „mother's little helper“ — доколку детето заборавило да понесе од дома свој ланчбокс
Штета што македонија не ја ставиле. Јас во основно школо јадев една од најгрозните и најсувите ужинки што се било кога произведени
Сеуште ги памтам моментите кога тоа сувите залци ми заглавуваа у грло
Па требало да ги џвакаш пред да ги голтнеш
А не одма дирек само голтање, не оди тоа така посебно со храната![]()
Празник беше кога даваа лепче со пола милиметар слој од еурокрем. Радости.
Некој од класот спомна дека авионот всушност е збир на мравки, па кога и да добиевме кифли со афион никој не ги јадеше. Ем тапа ужина ем гладни сите.