Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
„Вие си го знаете јазикот, нема зошто да одите на курсеви. Ќе живеете во Албанија, македонски јазик нема да ви треба, ќе ви треба да знаете да зборувате англиски“, вака поединци Албанци ги убедувале родителите на учениците-Македонци во Голо Брдо, да не ги пуштаат своите деца да ги посетуваат приватните курсеви по мајчин јазик
Заплашувањата и притисоците за стопирање на часовите по македонскиот јазик продолжуваат, иако албанскиот министер за образование Мучерем Тафај уверуваше дека часовите можат слободно да продолжат да се изведуваат.
Едмонд Османи, потпретседател на тамошната партија Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека и покрај тоа што Албанија проблемот го смета за решен, државни органи и поединци и натаму им вршат притисок на Македонците.
- Им зборуваат на родителите дека тие го знаеле мајчиниот јазик и дека не им било во интерес да го учат. Луѓето се исплашени, нема кој да им каже дека можат слободно да ги пуштаат децата на часови. Во почетокот имаше 200 деца што одеа на курс, сега тој број е 120. Нема никакво влијание тоа што министерот го кажа за да се охрабрат луѓето - вели Османи.
Заплашувањата, притисоците и заканите кон Македонците во Голо Брдо почнаа пред околу три недели, кога албанското министерство, користејќи информации од албанската тајна служба ШИШ, тргна во акција да го забрани изучувањето на македонскиот јазик во оваа област