Учебници за основно/средно

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Дали некој погледнал во последно на учебниците што се одорбени за основно/средно образование ? Дали некој ги приметил дубиозните тврдења во истите ?

Нека ова биде почеток на една продуктивна дискусија кај што ќе се зборува со цитати од истите и препораки за корекции.

Едно е сигурно - многу работи не чинат. Ќе спомнам некои само:
1. "Фашизам е уништување на работничката класа" - колку и да е некој заљубен во старите времиња на комунистичка Југославија ова просто не е вистина. Нацистичката идеологија не е ништо добро - но едно е сигурно нејзин непријател не е работничката класа. Баш самото име на нацистичката партија го инкорпорира работникот - Nacional Socialistishe Arbait Party - Национал социјалистичка работничка партија.
Просто децата што ќе ги читаат овие учебници ќе имаат погрешна претстава!
2. "Јудаизам е религија која верува во богот Јуда" - Треба да кажам нешто во врска со ова ? Замислите едно дете на ексурзија во Израл кај што се среќава со Евреи. Колку погрешна претстава да не прајме муабет ако читал библија и предрасуда ќе има. Катастрофално.
3. "Метропола е главен град на една држава" - апсурдно. Било која дефиниција од било која енциклопедија го тврди спротивното.
4. Сега сакам да допрам една поосетлива тема. Ги вклучува меѓуетничите односи и е малце осетлива. Неќам да бидам погрешно разбран, немам ништо против Албанците, ама имам против тоа некој да му наметнува нешто на македонските деца!!. Се сеќавата на Петре, Трајче,Мирко,Билјана и сите останти илјадници ликови од четивата кои што ги читавме од прво од осмо ? Верувале или не сега истите имиња, полека но сигурно се заменувани со Али, Фатима, Исмаил и така натака. Дали некој во МОН дели тендери за учебници по етничка основа, или пак мора да има 20% застапеност дури и на фиктивните ликови и во детските приказни не знам. Ама она што го знам е што е праведно: нека има албански имиња во сите учебници на албански - воопшто не ми смета албанските деца да имаат културна блискост со материјата, ама немојте ви се молам утре на моите деца да му давате писменост преку нешто културно далечно за истите!

Што е следно ви се молам ? Да ја препишеме цела македонска литература и да се осигураме дека барем 20% од ликовите се албанци ????
Да се осигураме дека месечината е секогаш над крстот во учебникот по Етика на Религии, да се осигураме дека не само учебникот по етика на Религии туку и сите други почнуваат со реченеци од Коранот ?? Да се осигураме дека за секој цитат од библијата има барем два од коранот ??? Не ми смета и 1000 да има од коранот за децата албанци на кои тоа им е културно блиско и прифатливо - ама немојте тоа да им го наметнувате на македонските деца!!


Толеранција не е асимилација и деградација!


Немојте темава да ја претворите во меѓуетничко препукување - најмногу би сакал кога би се фоксуирале на една подлабока анализа на сите учебници за основно оти очигледно нешто трагично се случува за Македонија а тоа е се уништува во коренот!
 
Се смеевме на американците, а сега ни се заканува истото и на нас.

Патем, памтам кога сестра ми имаше неквалитетна професорка по англиски јазик. Уморен се враќам од работа и сестра ми ме моли, батеее, ајде научи ме англиски...
И така три години по ред се додека во 8мо нејзиниот клас по казна беше пратен кај нова професорка. Изненадувачки, ама професорката беше и уште е мошне квалитетен даскал. Догодина сестра ми без проблеми ќе запише јазична насока во ЈБТ.

Единствена надеж е децата што овие години ќе одат на училиште да имаат квалитетни професори кои ќе им ја пренесат вистината на своите ученици. Па здравје, со тек на време, да се врати квалитетот на образованието .
 
Изгледа некој премногу време поминал читајќи ја Тао Те Кинг, особено делот во кој се објаснува како се владее со народот.
Супер. Изгледа ние сме следбениците на Америка само без воена или каква било сила, само се надевам дека во иднина нема да станеме и габаритни како нив.
 
И во (штета беше чда) темата за учебникот по општество нафрлив дека не е само тој учебник и не е само оваа година.
Години наназад (посебно во првите години од основно кога родителот учи заедно со децата) наоѓавме многу нелогичноти од ваков вид (и во биологија и историја и општество...), се расправавме со наставниците не можејќи да му одобриме на децата да ги учат тие и такви факти. Кај одредени наставници наидувавме на одобрување, но кај некои и на отпор па од тие причини кај вторите имавме проблем и со оценките.
Како пример за потешкотиите на родителот со погрешно дефинирани поими и лекции -Доколку во учебникот е вметнат еден погрешен податок за метаболизмот, многу е тешко да го научиш детето на коректниот податок (според официјални мед. книги и енциклопедии) затоа што при испрашување тоа дете вообичаено наидува на проблеми кај предметниот наставник.

--- надополнето ---

Но во глобала, таква ни е цела држава. Енциклопедијата ја повлекоа, пред неколку години одредени учебници беа оспорувани од ЕУ институциите и грците, Албанија и Бугарија ни сугерираат што да учиме во дел од тие учебници...иако забрането, неминовно е кај овој проблем да се постави прашањето и за партизацијата на одредени раб. места, стручноста на некои лица и работењето на државните институции одговорни за образовниот процес.
 
Нашето истражувачко новинарство не може ни 5 учебници за 4то да прочита и да развие дискусија за сериозна тема. Битно е да се штампат пропаганда.
 
Нашето истражувачко новинарство не може ни 5 учебници за 4то да прочита и да развие дискусија за сериозна тема. Битно е да се штампат пропаганда.

Новинарите кај нас се општонародни експерти кои се стручни во секоја област, џабе му се некому магистратури, докотрати, тие први се за галама.
Навистина имаше пропусти во учебников и тоа најмногу досега ако добро паметам, но и досега и во други учебници тоа го имало. Затоа треба многу претпазливост во изборот на автори и рецезенти, но и факт е дека полека ќе станеме како Американците...
Но сепак битен е и професорот колку знае и може да го презентира материјалот и да побара нешто плус што смета дека треба учениците да го знаат.
Во средно по географија морав да знам буквално се за Македонија, па дури и колку домати имала бербата во 2000 година... од светот морав да знам кај се наоѓаат сите земји, па дури и оние колонии кои секој трет ден менуваат име, морав да ги знам сите главни градови, реки, планини по светот... по историја покрај нашата морав да ја знам и светска историја, лидери, настани, датуми...
За разлика од мене студентите од Америка и Британија во средно научиле дека Чешка била дел од Југославија, дека Тито бил службеник во османлиската војска, Југославија опстојувала со векови, Дубровник е главен град на Хрватска, Бетовен е куче, Микеланџело е компјутерски вирус, Германија никогаш не била поделена и други разни глупости.
За жал и нашите идни генерации се ближат кон вакви знаења.
А уште пожално е што мора да ги услогласуваме учебниците заради политички компромиси на одредени структури во земјава, а исто и барања токму од неписмените САД, Британија...
 
Новите учебници се пародија на образованието. За жал (или за среќа) не ми паднал во раце учебник за средно образование, но затоа новиве учебници за основно се оружје за масовно затупување на генерациите.
Образовниот систем ни оди надолу како ,,Титаник,,
Тешко на децата кои ќе учат дека: ,,кино е филмски театар,, или дека: ,,државно знаме е знаме на една држава,,
Критериумот паѓа од година на година и тоа драстично.
До сега се намалуваше квантитетот на информации кои се бараат од учениците, сега ќе се намали и квалитетот на истите. И потоа ќе се чудиме зошто имало запрепастувачко слаби резултати на државна матура или зошто новите генерации немале ни општа култура.
Многу едноставен е одговорот, затоа што нема ни од каде да ја добијат!
Се форсираат децата со задолжително средно, па после тоа и со факултет кој стана неофицијално задолжителен (ама за некоја година ќе донесат и за тоа закон) а реалната слика за образованоста застанува на тоа да знаат да се потпишат и да пресметаат дали ќе им украде некој денар касиерката во продавница,.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom