deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
Без сомнение, како алтернатива на најкористениот оперативен систем, Microsoft Windows, се појавува Linux. Користењето на Linux во светски размери расте. И во нашата држава се чувствува тој пораст на Linux корисници, а користењето на Linux дополнително ќе заживее со инсталирањето на Linux на 100.000 компјутери низ училиштата кои ги најави Владата на Р.М. Со ова се проценува дека ќе се изместат вредносните системи во однос на Microsoft Windows. Владата прави напори и во сузбивањето на користењето на пиратскиот софтвер, што особено е карактеристично за продуктите на Microsoft како и за апликациите кои работат под Microsoft Windows. Како последица од претходното се очекува Владата ваквата политика да ја примени и во државната администрација.
За разлика од производите на Microsoft (Windows, Office итн.) за кои корисниците мора да плаќаат прилично скапи лиценци за нивно користење, огромен дел од дистрибуциите на Linux и слободниот софтвер се бесплатни а со тоа нивното користење, копирање, дистрибуирање е сосема легално. Овој софтвер е достапен преку Интернет и корисниците на лесен начин може да ги превземаат и инсталираат. Голем број на форуми, блогови, листи со е-пошти го анализираат слободниот софтвер па корисниците лесно може да добијат помош за проблемите во нивното работење.
Освен тоа што е бесплатен, Linux има и многу други предности. Се карактеризира со голема брзина на работа и голема безбедност. Покрај ова, новите Linux дистрибуции се прилагодени за обичните корисници и ги нудат сите видови на апликации кои им се потребни на корисниците.
Деновиве Европскиот универзитет ја промовираше книгата Ubuntu Linux од авторите Симе Арсеновски и Ѓорги Какашевски. Книгата има за цел да ја поддржи идејата, развојот и користењето на слободниот софтвер. Таа претставува прва книга за Ubuntu Linux и за Linux воопшто која е на македонски јазик. Оваа книга е наменета за почетниците кои се среќаваат со Linux но и за оние кои се префрлаат од Microsoft Windows.
Книгата го опишува начинот на користење на најновата верзија на Ubuntu 7.10 која е локализирана на македонски јазик. Во книгата е опфатена историјата и развојот на слободниот софтвер, начинот на работа со Ubuntu и неговите апликации, работа со датотечниот систем, уредување на работната околина, конфигурирање на системот, работа со мултимедија и Интернет.
Моментално книгата може да се набави во Ривер Софт Компјутери по промотивна цена од 325 денари, но наскоро ќе биде достапна и на други продажни места. Авторите најавуваат и други книги кои би ги опфатиле апликациите кои се под лиценцата на слободниот софтвер.
Вечер