Убиен е Осама бин Ладен!

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Брат, ти тоа озбилно ?

Мртов озбилен. Не без заебанција, дали вие луѓе имате попаметна работа освен да седите на нет и да се занимавате со тоа дали нечива слика е монтажа или не. Еве гледам постојат многу приврзаници на некакви теории на заговор кои веруваат дека Осама бин Ладен не бил убиен и дека е тоа човек на Амриканците и дека Американците ја основале Ал Каеда и.т.н. Еве да речеме дека е тоа така, зошто тие Американци не би го убиле тој човек кога претходно официјално го прогласија за "лице на теророт", не ми е јасно каква корист би имале од него? Или веруваш дека некој човек е до толку недопирлив што Американците морале да го исценираат неговото убиство за да не се посрамотат?

Па како тоа Американците можеле да го убијат? Па Американците сами си ги срушија зградите и истиот ден кога беа срушени зградите фамилијата на Бин Ладен безбедно беше пренесена во Саудиска Арабија. Па вие не знаете ли дека кралската фамилија Бин Ладен има инвестирано во компании на Џорџ Буш? 9/11/2001 очигледно се случи по одлука на Билдерберг групата. А таму главен е се знае кој друг ако не член на фамилијата на Ротшилдови. А пошто они се истовремено и илуминати тогаш мора да се гз и гаќи со вонземјаните рептилоиди кои уствари цело време стојат позади оваа работа и ги држат конците во рака. И не само што се гз и гаќи туку они и се мешаа со вонземјаните па така се добија хибриди кои кога се пред камера имаат човечки лик а потоа у рептили се претвараат, таков пример беше Џорџ Буш. Ајде да ги разгледаме и знаците на илуминатите кои потајно сакаат да ни испратат порака. Еден од знаците е бувот. Ако сте го гледале филмот The fourth kind ондак ќе видите што им се случува на сите жртви пред да бидат киднапирани од вонземјани. На дрвото лоцирано веднаш до прозорот од спалната квачи утка и им праќа провокативни погледи, тоа се уствари вонземјаните маскирани у таа мистична птица такозвана сибирски був. И таман пред да заспијат им влагаат рептилоидите и ги носат у нивниот спејсшип кај што им прават најразлични експерименти, некои се дури и силувани. Тука режисерот очигледно сакал да ни ја покаже врската меѓу илуминатите и рептилоидите. Еве ритуали на илуминатите од Scull and bones. Тука членуваат исклучиво студенти од Јеил а членувал лично и Џорџ W Буш, го гледате сигурно споменикот на бувот

Owl+Dollar.jpg

а еве го бувот и на американскиот долар

owl_dollar.jpg

2010-02-03-dollar-owl.jpg

Друг знак на илуминатите е сонцето

dollar_ase.gif

imgres

images

Александар најверојатно бил еден од првите илуминати поради тоа Македонците за свој симбол го земале сонцето. Ова го има кажано еден лик по име Стојмир во емисијата на Миленко Неделковски. Александар кога отишол во Египет и кога влегол во пирамидата таму биле стационирани вонземјаните. Тие се понудиле да му помогнат во неговиот поход кон Персија па така настанал пакт помеѓу нив. По што Александар добил енергетски меч од типот на оние од Стар Ворс и поради тоа за еден ден Македонците кои биле 30000 ги победиле Персијанците кои биле 100000 - 200000. Стојмир пресметал дека со обичен меч не било возможно да се испозаколат толку луѓе пошто нашол податоци дека на кланиците во Шведска не се колеле толку пилиња колку што Александар со неговата војска заклале луѓе па поради тоа мора да го користел енергесткиот меч.

Мислам да не се разбереме погрешно, и мене ми се интересни теориите на заговор но сепак да не забегуваме.
 
Не знаев дека Осама бил пензионер, ама, ете гледаш, човек секогаш може да научи нешто повеќе.
Осама Бил Ладен веќе подолго време но новата администрација не е по смрзната храна па решила да го фрли во морето...

Не гледам ниту една причина зошто би му верувал на Обама.

Па сега е Бин Ладен на потег
Да прати видео порака во сите поголеми ТВ станици и да каже “ЖИВ СУМ“
 
Да не се разбериме погрешно, во твојов пост ни ctrl-f не наоѓа он-топик нешто...

Може уште некој пост ваков да напишеш, навистина е забавно...:) пошто гледам ги прашуваш форумџиите дали имале попаметна работа него да седат на нет а ти си се изнапишал оф-топик глупости левитирајќи...не на нет некаде каде се е црно и бело, светот се дели на добри и зли и политичарите се чесни и работат за доброто и здравјето на народот...

За фамилијата на Бин Ладен...
http://www.nytimes.com/2001/10/26/b...y-liquidates-holdings-with-carlyle-group.html
http://www.globalresearch.ca/articles/WAL110A.html

Нивните инвестиции во западни земји “сојузници во борбата против теророт“ вклучително и индуструјата на оружје не се некоја тајна, а и нивното финансирање на разни фундаменталистички групи по светот...

Сега така се трефна, ама поимот “теорија на завера„ е бесмислена кованица која ништо не значи.
Помиот завера си има јасно лексичко и правно значење, писмено дете ко тебе ќе прочита и ќе дознае што е тоа.

Еве ти една од иљадниците завери...
http://en.wikipedia.org/wiki/Shelling_of_Mainila

Песот на Павлов реагираше на ѕвончето, а некои реагираат на поими како “теорија на завери“:..“еееј брат ова е различно од то шо видов на телевизија...остај теории на завери ти е тоа, забегана работа“...
Не секоја алтернативна теорија или извор на информации се веродостојни (некои се далеку од тоа) но за некои телевизијата и политичарите не лажат и дедо мраз уште им носи подароци...
 
:tv:

Со опроштење ама барам барем да го покажеа на јавна телевизија со тим независни експерти да го потврдат тоа не ЦИА
Ако беше така ти ќе поверуваше?
Јас знам дека нема да поверуваш дури и да ти го донесат пред тебе. Ко шо вика Игорче.... програмирање... :)

Да не пуштеа во јавност една фотошопирана слика
Сликата е пуштена во јавност од страна на пакистански медиуми.
Мислам дека ти тоа го знаеш, нема потреба да се обвинува УС гавермент.

сликите да се покажат цело време хмпкаа со разни бедни изговори, како на пример народот ќе се вознемирел. Доволно време да се довлечкаат некои експерти во монтажи или народски кажано фотошопирање. Немој само да ми кажеш дека ја немаме технологијата? НЕМОЈ!
А ако ја пуштат снимката од акцијата? Кои ќе бидат твоите изговори тогаш?
Монтирана е, наместена е, во Холивуд снимена е... Еве во случај да ја пуштат, ова ќе ти биде изговорот.
Иначе ако сакале да направат дека е убиен, мислиш дека вака ќе се заебат? :tv:

Не можат ни да ги средат своите тврдења како што треба, нели обама гледал што се дешава на стрим. Толку е тешко да кажат што се случило?
Кажаа што се случило.

( верувам дека е мртов само не е убиен од американците како што велат они, природна смрт си умрел човекот пред неколку години)
Ахам природна смрт... роден е во 1957 година.... што значи дека би бил негде на возраст од 50тина години.... човек кој што живеел во богато семејство и луксуз.
Потоа, со што го поткрепуваш тоа твое тврдење? И зошто мора да биде така, од каде си ги слушнал тоа? Конспираси рисрч? Ех... после нас ќе ни кажуваш на кој да му веруваме.
 
Кажаа што се случило.

И што се случило?колку има вистина во сето тоа што е кажано?
Ме мрзи се да цитирам ама си мислам дека ти веруваш во сево ова или грешам?
Плус сите ке кажеа една приказна која се согласува,а не додавања,па секој со своја верзија и после ке вели некој зошто не верувате...
 
Ако беше така ти ќе поверуваше?
Јас знам дека нема да поверуваш дури и да ти го донесат пред тебе. Ко шо вика Игорче.... програмирање... :)

Сликата е пуштена во јавност од страна на пакистански медиуми.
Мислам дека ти тоа го знаеш, нема потреба да се обвинува УС гавермент.

А ако ја пуштат снимката од акцијата? Кои ќе бидат твоите изговори тогаш?
Монтирана е, наместена е, во Холивуд снимена е... Еве во случај да ја пуштат, ова ќе ти биде изговорот.
Иначе ако сакале да направат дека е убиен, мислиш дека вака ќе се заебат? :tv:

Кажаа што се случило.

Ахам природна смрт... роден е во 1957 година.... што значи дека би бил негде на возраст од 50тина години.... човек кој што живеел во богато семејство и луксуз.
Потоа, со што го поткрепуваш тоа твое тврдење? И зошто мора да биде така, од каде си ги слушнал тоа? Конспираси рисрч? Ех... после нас ќе ни кажуваш на кој да му веруваме.

Абе по пештери се криел чоекот, здравјето му попуштило, па така злобен и ковајќи завери против “неверниците“ го нашле новинари од Ал Џазира, а пред тоа и од Си-ен-ен...кога раскажувал какви зулуми ќе прави...
Шо ти е новинарство гледаш...:) Пентагон и Ленгли не можат да го најдат деценија и пол, ама телевизииве одма го лоцираат и си седнуваат и си прават муабет...
 
The following interview between Al-Jazeera television correspondent Tayseer Alouni and Osama Bin Laden took place in October 2001. The following transcript of the interview, which was done in Arabic, is by a translator hired by CNN.
Ова пред инвазијата на Авганистан? Не пишува точно на која дата.
Сеедно, Ал Џезеира има објавено доста снимки од Осама, некој мора да ги однесе таму, соработници...

Бтв, нели го нашле Осама откако неколку месеци му го следеле курирот? :)

Но и други држави ловат водачи на терористи долги времиња...
 
Абе глеј, 100% знаеш за една древна цивилизацја тзв. Сумери, ја иам многу читано за нив и некои работи не можат никако да се објаснат. Ако веке се надоврзуваш со Fourth kind тие ти се мн битен елемент пошо се претпоставува дека тие први имале контакт со вонземјани односно има една цела религија (можеби и првата религија уопште) во која човекот (Сумерите) ги возвишуваат како нивни богови и има дури и нешта кои се поклопуваат со некои настани од Библијата (потопот на пример). Е сеа според една друга conspiracy theory пак некои веруваат дека токму тие вонземјани не донеле нас луѓето (тогашните Сумери) на земјата што лично јас мислам дека е чиста глупост, али поентата е дека јазикот на Сумерите никогаш не е целосно дешифриран, според тоа ни плочите што се најдени од таа цивилизација не можат да се интерпретираат, и додека е тоа така нема да знаеме што точно се случило
 
Вчера еден сенатор на CNN вика дека Амеика треба да биде сојузник со Индија,а не со Пакистан.Ептен се лути на Пакистанциве,им даваат помош последниве години од преку 18 милијарди долари,а тие им работат зад грб.Дали тоа се случува пресврт во распоредот на силите на далечниот исток???
 
Mora da veruvame site do eden deka e ubien, cim amerikancite toa go kazaa treba da veruvame, bez razlika dali e laga ili vistina, bitno e deka izvorot e od SAD>....:icon_eek: :)

Поларис, прв пат да се согласам со тебе у нешто,LOL ...:smir:
 
Па сега е Бин Ладен на потег
Да прати видео порака во сите поголеми ТВ станици и да каже “ЖИВ СУМ“

Хех, уште тоа да се случи и слободно можеме да кажеме дека живее во Земјата на чудата. Потоа Обама и комплет дружината околу него ќе треба да се пресели на Месечината или во некоја установа за ретардирани. Во краен случај би можело да се каже дека се работи за монтажа и за стари снимки...:tv:
Ама сето ова е чиста фантазија - јасно е дека Осама не е жив.

Прашањето е кој го уби Осама?

А. Командосите на Барак Обама.
Б. Севишниот дедо Боже.
В. Неписмен муџахедин на лекцијата за саморазнесување.
Г. Јас го убив, ама не ви кажувам каде го фрлив.
 
Според мене ако не е убиен единствена опција е да се здружил со Американците а овие да му дадат азил и лажен идентитет што и не изгледа така неверојатно !
 
Лејм ти е сценариово...демек се кријам во подрум со фолија на глава и слушам да не има некакви чудни звуци наоколу...темата е за ситуацијава со Мр.Бин...Ладен...а самото тоа што го пишуваш е сценарио од филм (и тоа со Мел Гибсон беше) со кој Холивуд ти направил слика во главата за некакви си параноици и лудаци кои се плашат да не им заѕвони ЦИА на врата...
Дури и цинизмот ти е копија на нечија копија...

Не верувам во официјалнава верзија бидејќи се коси со основна здраворазумска логика и потекнува од извор (Пентагон,Белата куќа) кој низ децении и децении лаже,манипулира и води корпоративни војни по целиот свет. Не е тоа нешто ново па да те шокира посебно...одамна се игра таа игра...
Па на таков ми изгледаш со заговориве, како и да е, теории на заговор секогаш ќе има. Се прашувам, што е тоа во луѓето што ги тера да развиваат луди теории на заговор. Дали премногу гледање филмови или нешто друго? Зошто Тоше мора да е убиен, зошто Аркан е жив, зошто кралицата е рептил, зошто НАСА не слета на месечината? Зошто по секој АМА БАШ СЕКОЈ голем настан се појавуваат 5-6 теории на заговор? Уште еднаш ќе кажам, не викам дека не постојат заговори, завери во светот и не викам дека не се игра прљаво не се лаже, но викам дека тие популарните теории на заговори се смешни. Проектил го погодил Пентагон? Контролирано уривање на кулите близначки? Што се коси со здраворазмуската логика и кој рече дека конспираси сајтови се веродостојни извори?
 
Се што е официјално е лажно. Тие што се конспираси се точни.

Демек не верувај на никој медиум али верувај у медиумот кој вели да не веруваш у никој медиум.

Здрава логика нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom