Убавината на празниците!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се радувате на празниците кои се во тек?

  • Да!

    Гласови: 43 71,7%
  • Не!

    Гласови: 4 6,7%
  • Сеедно ми е!

    Гласови: 13 21,7%

  • Вкупно гласачи
    60
  • Гласањето е завршено на .

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Празниците, момент за уживање со семејството или време за дружење со пријателите?

Да,

Денешниов голем празник ми беше причина да ја отворам темава. Да дискутираме малку, според вас:

Празниците момент за уживање со семејството или вистинско време за дружење со пријателите?

Поентата ми е:
Денешниов празник ќе го поминете во кргугот на семејството, во семејна атмосфера или слободните денови од работа и продлжениот викенд ќе ги искористите за убаво дружење, за излет со пријателите?

Значи повеќе се “држите„ кон она традиционалното прославување и сфаќање на големите верски празници, или пак сте од луѓето кои празникот го сметаа само како ден за одмор и за дружење?

Нели, како викаат празниците се создадени за да се поминат со најблиските (во семејна атмосфера), а време за дружење секогаш има.

Кој е вашиот став?
 
Поставеноста на односите во семејството, го гради и празничниот ден, како најзначаен момент за бивање дома, со своите, со оние кои ти се најблиски и ги сакаш најмногу. А и тоа е поентата на секој празник. Не за џабе претходната недела правевме генералка дома, не за џабе вапцевме јајце во четврток сабајле, и правевме торта вчера, бевме заедно на пазар одлучувајќи како да го спремаме денешниот ручек. Сите одат дома за празниците, сите патишта се свртени кон дома, љубовта надвладува над далечината и лутината во срцата, и не прави сплотени, такви какви што сме биле и пред прв пат да вдишеме воздух. Осамени се срцата кои немаат традиција, немаат почеток за да тргнат низ патеката. Семејството е најблиску до срцето, пријателите се палат и гасат и повторно и повторно.

Бидете со своите за празниците, ако ја немате традицијата, почнете да ја градите. Вашите деца ќе ја ценат уште повеќе. Трудот кој мајка ми го правела за да не задржи и обедини сите дома, за најголемиот празник воскресението, одамна па се до денес, се кодира во мене и ќе продолжи и по мене. Многу помалку се среќни луѓето кои сами го поминуваат денешниот празник.
 
Јас би рекла и двете. Си славиш дома со домашните, нормално, ама во црква на пример одиш со пријателите, се кршиш, се дружиш, се забавуваш...
Не може да се спореди, бидејќи секое е за себе. Дома со домашните, надвор со пријателите.
 
Се разбира дека правам комбинација од двете:
Поминувам убаво време со фамилијата,празнично,во духот на празниците,а потоа гледам и да се видам со другите поблиски луѓе, пријатели и слично.
За се има време.
Впрочем,поентата на празниците е да ги прославиш со твоите блиски луѓе.
 
Повеќе фамилијарно сум приврзан... Всушност зависи од празниците. Оние Божиќ, Велигден, (католички и православен - ЈБГ мултикулти фамилија) 1 мај повеќе со фамилијата ги поминувам, не сум ни расположен тогаш другари да ми доаѓаат... Нова година е празник кој најчесто го славам со другарите но и неизбежно морам и во кругот на семејството (некој друг ден веднаш после нова година (а башка после божиќот православен). За другите празници само со пријатели.
 
Мое мислење е дека верските празници се создадени и постојат за да семејството се собере и убавите моменти да се поминат со семејството во семејна атмосфера, додека кога станува збор за државни празници (како 1ви мај) тоа се веќе празници кои треба да се поминат со друштвото во убаво расположение...
 
Се обидувам да направам баланс помеѓу семејството и пријателите. Иако рака на срце колку и да си ги сакам пријателите, помило ми е кога за верски празници ќе се дружам и ќе поминам повеќе време со роднините. И онака не ги гледам често па ова ми е прилика да надокнадам за се.

Со пријателите најчесто излегувам вечерта, односно кога ќе си заминат сите роднини.

Државните празници си ги поминувам со пријателите, како впрочем и секој ден што го поминувам со нив.
 
Зависи од празникот, зависи од расположението и така...

Јас би рекла празниците момент за одмор и free time кое можеш да го искористиш како сакаш и со кого сакаш.
 
pa za praznici obično sum so semejstvoto, ama i nekoe vreme pominuvam i so prijatelite
 
Малку да продискутираме за убавината и за големината на празниците кои се во тек.

Колку ви значат коледарските песни, бадниковите огнови, лепчето со паричка...

Колку празнициве ве прават среќни и внесуваат мир и спокојство кај вас и вашето семејство?

Се радувате ли на коледарите?

Факт е дека празниците се време кое треба да се помине со семејството, но колку мислите дека тие се и време за дружење и споделување убави мигови со пријатели.

Колкаво внимание им обврнувате на празнициве кои се во тек?

Колкаво значење за вас има бадниковата вечер и божикниот ден?

Како се чувстувате денес кога денот ви започна со коледарската песна, а ќе ви заврши со посната вечера?

Се чувстувате ли полни после секој ваков убав ден?

И нека ни се честити празниците кои следат!
 
-Интересни ми се некако сето то особено бадниковите огнови, а за лепчето во паричка секоја година за жал се паѓат само кај братми :(
-Не дека внесуваат некој посебен мир ама некако сме сите дома онака повесело расположени и немаме многу време за карање
-На коледари?? Хммм се радував јас до пред 4 години, сега денешниве деца не ни ги знаат песните само ѕвонат на врата и тропаат со чеканчињата и прават тажни фаци кога ќе му дајш нешо чоколади или овојшје... појќе се за пари
 
Сето тоа зближување на фамилијата, пријателите ме прави да сум среќна, пресреќна, позитивни лица, дечиња се радуваат - пеат(и јас на времето ),собир на вечера и чекањето на Божиќ, духовно ме иполнува оваа амосфера, тешко се опишува со зборови.
Им посакувам среќни празници и се најубаво на сите, пред се здравје, љубов и мир па се останато!
 
Се радувам за празниците со некоја чудна причина која не ја ни знам ни јас. Зашто сум дома, опкружен со семејството чуство на безбедност кое ми останало од кога бев мал. А сите ритуали (огнови, коледари, паричка во лепче) ми се интересни.
 
Чувството е интересно, сите дома, заедно на трпеза гледаш надвор снег паѓа. Се надополнуваат и ритуалите за време на Бадник, коледарски песни, Божиќ и слично се стокмено е супер за време на зимскиве денови.
 
Празниците многу ги сакам,посебно Бадник и Божиќ, тогаш ми е најубаво:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom