Тврдокорни

  • Креатор на темата Креатор на темата DarthMakedon
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам гледано и симнато со Јордан Пиперката и со Кирил Псалтиров-Узунов и секогаш кога имам време ги гледам,никогаш не ми е досадно да ги гледам,едноставно ремек-дело :smir:

Кој сака да ги симне нека кажува,само не се торенти...
 
Ги даваат повтроно на МРТВ, одличен маестрален, серијал многу емотивен пропратен со мал апсурд т.е музиката која иде во позадина е од Вангелис кој како што знаете е грк :toe:
 
Снимање на првата клапа од филмскиот серијал „Тврдокорни”

tocka-83535.jpg


Во Марков манастир започна снимањето на првата сцена од филмскиот серијал „Тврдокорни” во копродукција на 3Д - Проект Студио, Скопје и МРТВ.

Серијалот ги опфаќа дел од животот и смртта на македонските војводи од илинденскиот период или поточно од 1903 – 1915 година. Овие денови се снимаат сериите за војводите Јосиф Даскалов, Пешо Самарџиев и Мишо Развигоров. Серијалот опфаќа 30 играни серии кои ќе се снимаат парцијално а првите локациите на снимање се Кратово, Штип и Марков манастир.

Серијалот е во режија на Миле Гроздановски, продуцент Милчо Узунов a костимограф Зорка Тодоровска Младеновиќ.

„Поминаа повеќе од дваесет години од снимањето и емитувањето на претходниот серијал Тврдокорни, исто така во организација на МРТВ. Идеата за повторување на овој проект беше пред сè успешноста на претходниот, но и потсетување на вредностите кои ги претставуваат војводите во тој период. Денешното време и нашата младина има потреба од зајакнување на идентитетот преку приказните за нивните предци. Сегашните „Тврдокорни” се добропозната приказна раскажана низ денешни стандарди и вкусови на генерацијата”, изјави режисерот на „Тврдокорни”, Миле Гроздановски.

Во серијалот глумат триесетина познати актери меѓу кои Сашко Коцев, Диме Илиев, Сашо Тасев, Рубенс Муратовски, Драган Спасов Дац, Лазо Манасков, Ѓокица Лукаревски, Оливер Митковски, Славиша Каевски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Борче Начев, Александар Миќиќ и Дејан Лилиќ. Во секоја серија покрај главните и споредни актери земаат учество од 15-20 статисти.

tvrdokorni-snimanje-serija-hit-01.JPG



tvrdokorni-snimanje-serija-hit-02.JPG



tvrdokorni-snimanje-serija-hit-03.JPG
 
Добро е, бел бумбар. Само што не верувам дека овој пат ќе го користат Вангелис, пошто сега ќе ни рипнат за ширење пропаганда и тогаш може да го кркаат за авторски права овие од МТВ. Не верувам ни првиот пат дека Вангелис бил употребен легално. А музиката ја направи серијата тоа што е.

Загледав нешто од новите Македонски приказни лани, го немаат шмекот на старите. Се надевам тоа нема да биде случај со „Тврдокорни“. Се надевам дека ќе ја задржат истата структура, со се нарацијата, ќе видиме кој ќе биде Морган Фримен...

Добро е и за нашите актери што ќе фатат „тезга“ немаат што да работат луѓето...
 
Само што не верувам дека овој пат ќе го користат Вангелис, пошто сега ќе ни рипнат за ширење пропаганда и тогаш може да го кркаат за авторски права овие од МТВ.

Помислив ќе кажиш оти грк е... :D
 
Вангелис мора да се користи. Нека платат ако треба за правата, ко што рече членот погоре музиката и те како е битна за успех на сериалот.
 
Не бе, нема врска што е, само мислам дека пред 20 години не бевме „под лупа“ и МТВ си користеше што сакаше. Сега и времето се смени со интернетот информациите се шират одма, не можеш да си дозволиш да прекршиш авторски права. Претпоставувам дека музиката ја здиплиле тогаш, не тврдам :)

Како и да е се надевам дека ќе биде исто како што беше, со се музика и се тоа...
 
А музиката ја направи серијата тоа што е.

.


Тоа време во МТВ морало да има огромен број фанови на Вангелис зашто како што се секавам сите нивни промоа и емисии беа пропратени со негова музика.
 
Баш вчера даваа најава на мтв за 2ра сезона ^_^
 
Првата серија беве одиграна вечерва, само што сега повеќе личи на документарец одколку на "краток филм" за тоа што се случило, во секој случај добри се...
 
Новиот серијал е незнам од кај да почнам ! Прво Музиката ја нема легндарнта и убава музика , потоа режијата ало аглите на снимање се ко да се снима пред 20 години а не сега па сонцето блешти во кадарот затоа што има само една камера?! Сценарио никакво плус ми фали ко наратор Гоце Влахов и која е целта на црно белине слики наеднаш?! За реквизитине да не зборам Дац има чибук без цигара :pos:. На крајот некаде ми доаѓа актерската екипа некој од актерите се лошо одбрани и што го бутат оној антиталентон Владо Дојчиновски ? Се додека се гурат на некоја друга база актери ќе имаме вака тажни проекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom