TВ права за спортски настани

Спортклуб ја земале АБА лига.
Да спорт клуб ја земале . Уште да им текне Лига Шампиони и Лига Европа па и некој други од Уефа ќе биде супер.

Не гледам фудбал нити па кошарка, ама Спорт клуб ми е некако подобра телевизија. Не знам зошто Макс тв сеуште ги нема ставено другите Спорт клуб канали вклучувајќи ги и во HD aко воопшто ги има.
 
Договорот за ЛШ/ЛЕ завршува оваа година, ќе биде интересно да се виде која телевизија ќе потпише нов договор, а и каков ќе биде тој, ма да, најверојатно мислам дека ќе остане на Арена, и еден меч на наша телевизија, дали МТВ или некоја друга не се знае.
А, ако Спорт Клуб им го дрпне и тоа на Арена, поарно нека си ја затворат овие вторите телевизијата.
Глеам утре ќе има директен пренос од Берлинскиот маратон, а земале и СП во велосипедизам., преноси веќе им идат на 4/5/6 каналите, изгледа опипуваат пулс на народ, ако има гледаност да земат за наредна сезона PRO UCI трките, тие што идат на Еуроспорт.

Коа ќе почнат сите првенства кошаркарски што ги имат откупено, преноси месечно им се најавени од над 100 натпревари во просек.
Евролига / Бундес / АБА / НБА / Италијанска / Турска / ВТБ лига..
 
Коа ќе почнат сите првенства кошаркарски што ги имат откупено, преноси месечно им се најавени од над 100 натпревари во просек.
Евролига / Бундес / АБА / НБА / Италијанска / Турска / ВТБ лига..
АБА се преселува на Спортклуб,ако сум точно информиран
 
Јас сум да ги земат ЛШ и ЛЕ Спорт клуб иако не гледам фудбал освен некогаш кога Македонија игра.
Спорт клуб е достапна кај повеќе оператори, само уште операториве да се потрудат и другите нивни канали да ги додадат, а Спорт клуб да се потруди сите те нивни тв канали да ги понуди и во HD.
 
Арена Спорт со изненадување на лето нешто со фудбал поврзано ќе е.
http://www.livetv.rs/Video/12372/TV-...tavljaju.shtml
Свртете отприлика некаде во 1:14 минута во видеото на ликот и тоа може да го чуете во прилогот.
 
Откупија оваа година аргентинска лига, веќе некоја година пренесуваат „Копа либертадорес“ и бразилско првенство, најверојатно изненадувањето ќе биде „Копа Америка“. За ова лето не знам што друго од фудбал би пренесувале, освен да ја вратат „Ла лига“ на нивните канали, бидејќи оваа година им завршува договорот на Спорт Клуб за таа лига, ама муабетот е за на лето, а не за на есен кога почнуваат домашните првенства.
 
Не сум по фудбалот ама ме интересира некој дали знае до кога им е договорот за емитување Премиер лига на Спорт Клуб ?
 
Мислам дека и на нив им завршува договорот оваа година, ама најверојатно ќе се продолжи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom