Турција меѓу 20-те водечки економии
Во крајот на оваа година Турција ќе го заземе 16-то место меѓу 20-те водечки економии во светот, се вели во прогнозите на Меѓународниот валутен фонд, објавени денеска во весникот „Заман“.
Според МВФ, БДП на Турција за оваа година ќе биде рекордни 942 милијарди долари. На прво место меѓу светските економии во 2008 година ќе бидат САД.
Прогнозите на Фондот се дека и во 2013 година Турција одново ќе биде 16-та меѓу 20-те најголеми економии во светот кога БДП во државата ќе биде 1.311 милијарди долари, се додава во написот во „Заман“.
Истовремено во друга вест, медиумот објавува дека зголемената политичка нестабилност во државата има негативно влијание врз економијата.
Весникот пишува дека основните негативни фактори за турската економија се поврзани со делото за затворање на владејачката Партија на правдата и развојот како и од одлуката на турскиот Врховен суд за давање одобрение за носење исламски шамии на универзитетите во државата.
Весникот „Реферанс“ објавува дека турски фирми ќе може да направат во Ирак инвестиции од 15 милијарди долари.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93932