Турција и Русија во битка за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
So malo zakasnuvanje i od mene

Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики"

52B1D345FECF174A801342F5B6069CF6.jpg
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики" кога на 6 септември ќе се случи официјалното пуштење во употреба на терминалната зграда и полетно-слетната патека, дознава ВЕЧЕР. Претседателот Ердоган ќе долета со редовната линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул во 12.55 часот.
За отворањето се организира голема фешта со присуство на врвни луѓе од земјава и Турција. Шеесет и осумте двокатни автобуси (даблдекери) што истиот ден пред хотелот "Александар Палас" во Скопје ќе ги промовира ЈСП "Скопје", ќе ги пренесат учесниците на скопскиот аеродром на пуштањето во употреба на новата терминална зграда.

http://daily.mk/cluster/125569b299ca65591533de8083c7e823

Pozdrav ACHQ.... :icon_lol:

Јака фешта беше нема што. :pos:

Зошто не дојде Поларис?
 
Имам забележано се зголемува побарувачката на луѓе кои знаат турски , се почесто има огласи од типот книговодител, сметководител со знаење на турски. Ама сеуште повеќе бараат со Германски познавање.

Тоа е зошто Германија е најголемата сила на полето на економијата на просторите на Европа.А Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ зошто власта во Германија (иако е држава на протестанти и католици) сеуште ја држат луѓе припадници на католичката вера.Згора на тоа, Франција е католичка земја и тие две земји кои и се моторот на ЕУ никогаш нема да дозволат да влезе Турција во ЕУ.И од таа причина нормално е повеќе да се бара повеќе луѓе со познавање од германскиот јазик зошто се знае кој го движи моторот во Европа.И плус не се и тие будали да дозволат некој да им ја завземе водечката позиција на тоа поле, се знае зошто колку си подоминатен толку повеќе привилегии имаш.А они не сакаат да ги изгубат тие привилегии.
 
Ердоган доаѓа да направи инвестициски бум

Турските бизнисмени имаат една порака до нашата држава: дајте ни ги истите услови што ги дадовте за влегувањето на грчкиот капитал пред неколку години

rejep-taip-erdogan.jpg

Најавената посета на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за крајот на месецов ќе значи нов силен поттик на интензивирање на меѓусебните односи на секое поле и, во таа смисла, во некои кругови веќе се оценува како „историска“ или пресвртна за турското економско присуство кај нас. Засега остануваат датумите од 27 до 30 септември како можни денови за посетата на Ердоган.

Дознаваме дека турскиот премиер ќе го придружуваат повеќе министри и бизнисмени, кои ќе ги скенираат бизнис-климата кај нас и можностите за соработка и за инвестиции. И од Министерството за надворешни работи потврдуваат дека посетата на турскиот премиер ќе се случи на крајот на септември, но и дека сé уште се преговара за точниот датум.Бизнис-релациите меѓу двете држави ќе бидат една од главните теми меѓу двајцата премиери, особено по отворањето на аеродромот „Александар Велики“, кој е најголема турска инвестиција кај нас. Не се исклучени и разговори на тема безбедност, одбрана и воена соработка. Инаку, посетата на турскиот премиер Ердоган се најавува уште од лани во март, кога требаше официјално да почне реконструкцијата на аеродромот „Александар Велики“ од страна на турскиот инвеститор ТАВ. Ердоган тогаш не стигна да ги удри темелите на новата административна зграда, ниту да присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот аеродром. Ова е трет пат како се најавува неговата посета во Македонија.

Заеднички интереси

Како претходница, група од дваесетина бизнисмени од неколку турски града веќе беше кај нас за да ги испита условите за работа и инвестирање пред сé во слободните економски зони. Ја посетиле и зоната во Жабени, близу Битола. Турските бизнисмени се интересирале пред сé за висината на даноците, на платите на работниците, но и за инфраструктурата и имотноправните односи поврзани со земјиштето. На средбите имало и конкретни барања за соработка помеѓу наши и нивни фирми.

- Бизнисмените што ја посетија Битола беа заинтересирани најмногу за нашата храна, пред сé за производтвото на месо, сирење и вода за пиење. Во Турција овие продукти се многу скапи, а квалитетна вода за пиење ретко се наоѓа. Тие веднаш почнаа да се интересираат за процедурата за отворање мешовити фирми и барање партнерски фирми од Македонија што би направиле извоз на месо, млечни производи, но и на амбалажирана вода - ни изјави Шенол Мемиш, познавач на македонско-турските односи, а наедно и претседател на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола.
Тој појаснува дека за турските инвеститори е интересно и градежништвото, во делот на големи инфраструктурни проекти и големи станбени комплекси.

- Турската градежна индустрија е меѓу најразвиените во Европа, но и пошироко. Доказ за тоа се огромните проекти што ги градат турски фирми во Европа, а последниве години особено се активни на територијата на поранешните советски републики, каде што реализираат повеќе стотици милионски градежни проекти - вели Мемиш.

Како увертира на турското учество се гледа на можната изградба на трите облакодери во околината на општината Аеродром, каде што турски експерти веќе ја испитувале безбедноста на земјиштето.
Турците ја скенирале и состојбата за најавената изградба на неколкуте автопатишта што се во рамките на коридорите 8 и 10.

Друг вид соработка

Зошто соработката би била корисна за двете страни? На Македонија и се потребни инвестиции, „нови“ пари во стопанството и нови работни места. Отворање нови фабрики многу би придонело за разбивање на оваа домашна финансиска стега. Турските инвестиции во производство на храна, градежништво или, пак, во туризмот би значеле многу за нас. Од друга страна, пак, Турција знае дека Македонија има потпишано многу билатерални трговско-економски договори со Европската Унија, што, пак, ќе и обезбедат полесно пробивање на нејзините производи на европскиот пазар од 400 милиони жители.

- Турските бизнисмени имаат една порака до нашата држава „дајте ни ги истите услови што ги дадовте за влегувањето на грчкиот капитал пред неколку години“. Турција е земја со над 10 проценти економски пораст последниве години и станува една од најголемите економии во светот со стратегиска позиција меѓу два континенти. Нејзиниот капитал е огромен и има потреба од пласирање надвор од границите. Да ги искористиме и емотивните врски како блиски народи што живееле неколку века заедно и да работиме за обострано задоволство. Ваквата соработка секако не исклучува и заобиколување на бариерите што Турција ги има од ЕУ, и тоа токму преку нашата држава, што не е ништо спорно - ни изјави Ѓунер Исмаил, директор на центарот за стратегиски истражувања „Форум“.

Тој истакна дека Македонија треба да има искрена политика кон Турција, што, според него, не било случај.
Досегашни турски инвестиции кај нас
- Прв затворен трговски центар во државава „Рамстор“
- Изградена очната болница „Европа“ во Скопје
- Компанијата „Џевељ“ најави инвестиција од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром во наредните четири-шест години
- „ТАВ“ влезе со инвестиција од над 150 милиони евра за реконструкција на двата аеродрома и за изградба на нов карго-аеродром
- Турски инвеститор ја купи и фабриката за производство на лепила „Белене“ во Берово што беше во рамките на „Охис“.
- Наскоро ќе почне градба на турска фабрика за експлоатација на мермер во околината на Прилеп
- Во најава се изградба на цементарница и на фабрика за производство на храна и прехранбени продукти, а сé уште стои најавата на „Шише џам“ за нова фабрика во државава

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9241194318&id=9&prilog=0&setIzdanie=22389
 
Шенол Мемиш, познавач на македонско-турските односи, а наедно и претседател на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола.

Ах ни се плака мајката...
Истото важи и за нашиот амбасадор во Турција.

Се извинувам за off-topic-от, малку ми е смешно, чисто како даночен обврзник, кој не претставува и се претставува во „наше име“ и „води“ политика ...
 
Турскиот премиер Ердоган пристигна во Македонија

29.09.2011

Со највисоки државни и воени почести премиерот Никола Груевски денеска на аеродромот „Александар Велики“ го пречека својот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Двајцата премиери направија обиколка на новиот објект на аеродромот „Александар Велики“.

Според агендата, Груевски и Ердоган ќе одржат тет-а-тет средба, а предвидени се и официјални разговори на македонската и на турската делегација.

Турскиот премиер Ердоган денеска ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Средба со турскиот премиер ќе има и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

Во рамките на дводневната официјалната посета, сопругите на премиерите Боркица Груевска и Емине Ердоган се очекува денеска да ја посетат Детската амбасада „Меѓаши“ во Скопје.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/turskiot-premier-erdogan-pristigna-vo-makedonija
 
Ајде да го мериме сега.

Да бидете обединети и да не се делите, порача Ердоган во Тетово

30.09.2011
Премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во рамки на посетата на Тетово, учествуваше во петочната молитва во Шарената џамија, по што им се обрати на присутните.
Потенцирајќи оти вторпат е во Тетово, по неговата посета пред 11 години, Ердоган информира дека по посетата на овој град ја формирале Партијата на правдата и прогресот.
- Во 2002 година ја освоивме власта и ви порачувам дека во 2023 година кога ќе се одбележат 100 години од формирањето на Република Турција ние ќе бидеме во првите десет најразвиени економии во светот. Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер.
Тој истакна дека вчерашните разговори со државниот врв на Македонија, со премиерот Никола Груевски, со претстедателот Ѓорге Иванов и другите поминале во пријателска атмосфера и дијалог.
- Ве замолувам и натаму да бидете обединети и силни и да не се делите бидејќи ние делиме заеднички цивилизациски вредности, истакна Ердоган.

Еве ја последната изјава на Ердоган во Тетово:

"Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер."

Дали барем малку ви се рассветли у главата, зашто Турција ја подржува Македонија и зашто држеше дистанца 2001?
 
Чудесно речено! Поточно не можеше да го речи.
 
Чудесно речено! Поточно не можеше да го речи.

Ами... Па мислиш меѓу вас нема внуци на Османлиите :ROFLMAO:
Оти не сакал да ве посрамоти иначе...

Шала на страна ова е реалноста. Нашиот сојузнички однос се базира на моментални политички и економски интереси. И добро е дури сме свесни дека е така.
 
При нас не може да каже вакво нешто,заштото ке му покажат вратата. ;)
E,jaвно вас посакал да ви посрами.
Аjде, буирум на обновуването.
Ердоган даде иницијатива за организирање туристички тури за турските граѓани на Балканот, при што Македонија ќе биде една од станиците. Затоа побара да се реставрираат османлиските објекти кои треба да ги привлечат туристите од Турција.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=FE9B64AB89851341A161F49F569052C2
 
фми, ти како да си од друга планета.

Ние за Македонија говориме постојано за реални проблеми, кај вас Бугарија лебди на некое небесно ниво, како да не сте на Балканот.
Вадењето на ташакот на секое нешто за да го мериме на чиј е поголем на Османлијата му отвара бришан простор да влета со мал напор.

Бугарската и српската политика на негирање на правото на еден народ да има црква, јазик, да постои и битисува на својата земја ствара раздор помеѓу блиските словенски народи а тој раздор па прави кратер да ти се инфилтрираат од вехабии до османлии а позади нив папата и нато алијансата.

Доцна ќе биде додека се свестиме сите, како што во овој момент доцна им е на Србите за да разберат зошто и што им се случи на Косово.
Утре ќе биде Тракија, знам дека тука ќе сококнеш како таму се сите Бугари и како Бугарите православни таму се прцаат како зечеви, западна Македонија а богами и централна, Чемерија , Црна Гора итн итн ....

Силата е во обединувањето, мислам дека го имате тој слоган на бугарскиот парламент, ако сакаме да бидеме свои на своите, а за другото е лесно, само треба да продолжиме по истиот пат по кој одиме.
 
Не, не сум от друга планета, просто не оправдјавам ваквото однесуване и не оправдувам желбата да се избрише паметта от преди 100 години.
Славjaнски, ние им отвараме пат? 50 години во източниот блок бехме задолжени да спречуваме секакви деjствиja на Турциja и Грциja(предимно мислам на разузнавателни). Ние ли подпишуваме документи за стратежко партнерство? При нас ли сакат обновуваве на отомански обекти, при нас ли зборуват за наследници на отоманците?
Винаги сум го кажунал и това е фактот - Турциja има свои интереси на Балканот и те не са во интерес на ни една словенска држава. Вие уште сте млада држава и немате големо изкувство во таа работа, но чуjте тиja, кои са патили и со терористични актове и со финансиране на екстремисти на нивна териториja и со спречуване на доставки на оружие за малцинства и така натаму...
Кажувам го заштото когато при нас се взривjaваха возове и точно во вагони со маjки с деца,когато бомби избухваха на железнички станици на аjродроми, вие уживахте уште во Jгославиja.
 
Еве ја последната изјава на Ердоган во Тетово:

"Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер."

Дали барем малку ви се рассветли у главата, зашто Турција ја подржува Македонија и зашто држеше дистанца 2001?

:icon_mrgr:
 
Не, не сум от друга планета, просто не оправдјавам ваквото однесуване и не оправдувам желбата да се избрише паметта от преди 100 години.
Славjaнски, ние им отвараме пат? 50 години во източниот блок бехме задолжени да спречуваме секакви деjствиja на Турциja и Грциja(предимно мислам на разузнавателни). Ние ли подпишуваме документи за стратежко партнерство? При нас ли сакат обновуваве на отомански обекти, при нас ли зборуват за наследници на отоманците?
Винаги сум го кажунал и това е фактот - Турциja има свои интереси на Балканот и те не са во интерес на ни една словенска држава. Вие уште сте млада држава и немате големо изкувство во таа работа, но чуjте тиja, кои са патили и со терористични актове и со финансиране на екстремисти на нивна териториja и со спречуване на доставки на оружие за малцинства и така натаму...
Кажувам го заштото когато при нас се взривjaваха возове и точно во вагони со маjки с деца,когато бомби избухваха на железнички станици на аjродроми, вие уживахте уште во Jгославиja.

Ние стратешки сојуз со Турците направивме оти имаме несалам соседи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom