и колку ке кошта се ова да се направи, пошто имам фичо
Тешко прашање пошто доста зависи од мајстори и работни раце, јас имам во план да го правам али немам уште математика, имаш ефтини ставки како на пример делови од застава 850 кои одат внатре али имаш и преработки и доработки на моторот за кој треба ем добар мајстор ем квалитетна изработка
Отприлика ова би требало да го направиш (не мораш се, можеш да одиш сегмент по сегмент)
1 Ставаш клипови од 850 и радилица од 850 (која со стругање ќе му даде дополнителен од на клипот) овде би требало да стигнеш до 900-980 кубици секако и пократки клипњачи
2 Спушташ глава на моторот (машински) за 2 милимтри и ставаш дихтунзи 0,8 наместо 1,2 и добиваш компресија од 9,2:1 (фабрички е 7,5:1)
3 Ставаш вентили од фиат 850 (треба да се прошири седиштето на вентилот и ширната на венецот)
4 Ако си менувал вентили треба да ставиш и брегаста во забвисност од вентилите дали стандардна брегаста или некоја модифицирана (за ова треба допрва да се распрашам) појаки федери на вентили олеснување на клацкалица замаец (не премногу)...
5 Двоострук карбуратор Вебер 40 или 45
6 Бомбина од Југо и најубо и палење од Југо 45
7 Ладење најубо напред на спојлер да се угради ладњак со цевки да се спроведи до мотор а од моторот да се извади вентилаторот. Поголем картер за масло (од фиат спорт купе или исто на преден спојлер да се стави ладњак за масло (од Застава 101 “радијаторчето“ што е за греење на кабината)
8 Издув 4 во 2 или 4 во 1
9 Кумплунг (имам слушано дека препорачуват од застава комбиња 850 комби али во секој случај постоеччките треба да се стават поквалитетни облоги и појаки опруги
10 Менувач - наука за себе некои комбинираат со различни запчаници за да добијат на убрзање но јас би го зел стандардниот од застава 850.
11 Кочници - дискови (напред сигурно а и назат ако сакаш) може од застава 850 комби, но ако не е претерано фризирано фиѓото може да се користат и постоечките кочници 9ако добро се стегнат и наштелат)
12 тркала, од Југо 13“ или од фиат, гуми пошироки
13 Спуштање со сечење на задни федери и обработка на преден лиснат, ставање на пократки амортизери (назат потврди)
14. Олеснување на каросерија исфрлање на непотребни работи од неа ставање попречни шипки и рол барови (ако се тркаш)
ова е во главном важното и воопштено, не мора се значи може сегмент по сегмент постепено како се има пари и време.