Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
Некогаш оддамна зад седум мориња, седум гори, седум езера и седум градови си живееше малиот влечкар Трајче. Трајче вредно работеше секој ден и им правеше папучи на сите папучари во кралството. Со малкути парите што му остануваа после арачот за да можат благородниците и кралот да живееат како бубрег во лој ги подмируваше сметките и купуваше леб и паштета додека во петок леб и туна зошто Трајче беше побожен..................................................................................................................................
Кралството на Трајче беше опкружено со темна вода во која пливаа големи ајкули но големата брана и зидини го штитеа вредно кралството со години и години од тие штеточини и пропаст.
Едно утро Трајче одеше со велосипедот цуцле Партизан на работа и го стегна нешто стомакот - уф изгледа е од млекото си помисли во себе, што ми требаше да се напијам млеко по три години, арно само на леб, сол и чај бев на утро.......
Со трчање се упати до една кула но таму стражарот решаваше судоку на ајподот и му се види малку непристојно, па се прикраде до една грмушка покрај патот, разгледа да не има некој во близина и ги турна гаќите.
Запна силно и најпрво беше тврдиот дел кој му задаваше мака, кога тој успеа да помине низ аналниот отвор, Трајче почуствува големо задоволство кога се ослободи од товарот.
Се забриша со ферманот кој го читаше дека неговото кралство е најдобро кралство во околината и дека кралицата ќе делела колачиња наместо леб и ги крена гаќите.
Се подиспули дискретно во местото каде се олеснуваше и си помисли во ум - ај машала што зајре сум оставил, ах пусто млеко од утрово.....
И кога помисли да го јавни велосипедот и да продолжи за на дуќан, слушна нешто како шепурка во зидот, се упати на местото каде идеше шумот и се шокира. Зидот напукнал колку еден милиметар и водата течеше полека, почна да трча и да бара нешто да го затвори за да не навлезе водата и ајкулите во кралството но не можеше ништо да најде соодветно. Испаничен почна да вика и бара помош но никој немаше утрото тука, се врата кај зидот но дупката веќе се пораширила.
Го кладе показалецот од раката но водата течеше, тогаш го кладе средниот прст и водата престана да тече.
Добро е - си помисли Трајче, ќе помине некој покасно, ќе ми помогне да ја затвориме дупкава и спасиме кралството
.......................................................................................................................................................................................
Сонцето изгреа зад седумте ридови и го разгали лицето на Трајче кој веќе дремеше со прстот во зидот. Ги подотвори очите од сонцето и почна да се прозева и разгледува наоколу за да побара помош.
Покрај зидот поминаа две деца на седум - осумгодишна воздраст и Трајче почна да вика по нив
Помош, помош добри деца - викаше Трајче
Кажи бе стари - рече едно од децата
Ќе може да повикате некој од вашите родители зошто кралството е во голема опасност
Нема никој дома сеа пеер, старио е у лимбо од ракија три дена, старата рмба у текстилна четири смени- одговори едно од децата и запали цигара
Кажете му на учителот, и изгаси ја цигарата немаш ни десет години - рече возбудено Трајче
Не идеме бе на школо ебате, кој напрајл пари од школо ебате лузер и не сум десет години туку осум стјупед мадафака
Идеме бе - му рече на другото дете му удрија по една клоца на Трајче и заминаа во непознат правец
Ах што не ги воспитуваат родителите како што треба децава си помисли Трајче кој со слободната рака се ја бришеше прашината од ногавиците.
Еј господине, господине ве молам - му викаше Трајче на еден од кралските везири кој слегуваше од кочијата
Мене ми се обраќате - му одговори везирот
Да Вам, кралството е во голема опасност и мора да се спаси му објасна Трајче на везирот кој стрпливо го слушаше
Со странки работам од 9часот до 11 претпладне, ве молам уплатете најпрво на жиро сметка и не заборавајте админситративни трошоци на посеба сметка. Вашата молба ќе биде разгледана во најкус можен рок и одговорена - учтиво одговори везирот и влезе во кочијата
По улицата се заврвија река од луѓе, но никој не му обрнуваше внимание на Трајче, дури еден од нив му го украде велосипедот кога му кажа дека не можи да се помести зошто прстот му е заглавен и опстанокот на целото кралство зависи од неговиот среден прст
Трајче почна да станува очаен се повеќе и повеќе, дури и не веруваше на своите очи дека никој не е заинтересиран да го спаси кралството но тогаш помина неговиот стар професор по физика кој беше исклучитилен човек, интелектуалец пар екселанс, филантроп и космополит додека му предаваше.
Професоре, професоре - почна да вика Трајче среќен дека сретнал еден разумен човек денеска
Трајче дали си тоа ти - видно остарен со брада воскликна возбудено професорот кој му ја подаде раката на Трајче да се поздрави
Не можам професоре, зафатена ми е - одговори Трајче и му објасни на професорот до детаљ што се случува и во каква опасност е кралството.
Тогаш професорот седна, се замисли и изваде нож од џебот кој го забрца во раката на Трајче.
Трајче списка како попален, почна да се брани со едната рака, додека другата му беше во крв и почна да вика
Што ви професоре, зарем се полуделе
Вади ја раката Трајче од зидот, зарем не гледаш дека овие подданици не заслужуваат да живеат - викаше професорот кој се обидуваше да му ја извади раката од зидот
Трајче се бранеше и успеа да го оттурне професорот од зидот кој падна на улица, во моментот кога се обидуваше да стане и да му го зададе последниот напад на Трајче помина кочија по правливата улица и го уби професорот.
Поминаа дузина кочии кој само го прегазуваа телото на професорот за кој Трајче и покрај се чуствуваше жал, за на крај да застане кочијата на која пишуваше STAРО КУPUЕМ, му ги испразне џебовите на мртвото тело од професорот и го остави покрај патот да не го газат останатите кочии.
Трајче сеуште празно гледаше во ликовитекој одеа по улиците и веќе не се обидуваше да вика за помош, туку чекаше нешто и самиот не знаеќи што.
Тогаш се појави едно свештено лице кое слезе од една кочија.
Оче, оче, вие сте сигурно послан од Бога -почна да вика Трајче...................................................................................
Дали свештеникот и Бог ќе го спаси Трајче и кралството, што ќе се случи понатаму во оваа приказна ќе дознаете после рекламите