Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Kazna...nema vistinski dom za mene.
Tuka sum, za najdolgoto vreme...
Ne, ne storiv prestap !
Ovdeka sum zatoa sto, jas bev edinstveniot "ljuboven kriminalec", koi tie go pronajdoa.
I zatoa sto pravdata e slepa, jas sum vo domot sto ne e moj.

Strashniot sud, me sudi...a sudii vo zadkulisni odevki, so strogi pogledi i mentalni barieri pred mene tleat...kako ognot vo svojata bavna igra.

Naskoro ke dojdat po mene, zatoa sto zidovite na mojata kelija, mi shepotat.
Se prasuvam, dali umrev i sum veke vo pekolot.

Pecat sin, i so nivnoto mastilo tie ubivaat...povtorno i povtorno...tuka prijateli nemam, zidovite na mojata kelija mi shepnaa nokta prethodna, koga mesecinata ja molev za milost.

Ne sum jadel, zatoa sto nesakam da me otrujat, ne se ni izbanjav...zatoa sto moze da me sovladaat so nivnata mnogubrojnost vo borbata pred svetata voda, nemozam da spijam...zatoa sto nekoj ke dojde vo mojata kelija, da mi zarie noz vo grb...dlaboko.

I se ova go znam, zatoa sto zidovite na mojata kelija mi shepotat, slusham govorat, informacii techat...

Ne, ne e laga...zidovite mi kazava, deka strashniot sud e pred svojata odluka...

Edinstven izlez...e "samoubistvoto".
 
И вечерва како по обичај поминувам покрај големиот маркет, влегувам внатре со мисла да купам нешто, парите се за трошење велат, а јас немам намера да ги собирам и да ги чувам под перница. Секогаш купувам некои глупости, од чиста досада, некои дребулии на кои веднаш им поминува рокот на траење, многу брзо ми станува досадно од нив. Последните обетки што ги купив за 20 денари ги ставив 2 пати и толку. Сега ене ги онаму во кутијата фаќаат прашина.

Студи....температурата е некаде под нулата, темно е, уличните светилки веќе почнаа да се палат и да го осветлуваат градот, а светилките што се палат покрај темниот булевар даваат некоја слика на романтичарска идила во октомври.

Пред маркетот секогаш стои една сиромашна жена од околу 50 години. Секогаш ја носи истата облека, црни панталони кои веќе и се куси, црна блуза по долги ракави, тенок елек и влечки. Паметам дури и кога врне снег таа ги носи истите влечки од кои и` се гледаат прстите и сугурна сум дека ама баш ич не ја топлат.
Нејзиниот поглед е секогаш ист, продорен, замислен, изгубен некаде...Очите и се суви, вдлабнати и од нив како да излегува некоја тажна приказна. А усните суви, бледи....Рацете секогаш ги носи ставени во џебовите и кога оди секогаш оди згрчено и како да си зборува нешто. Им дава јазик на мислите...си зборува можеби и самата на себе, можеби се теши, а можеби некого/нешто проколнува.
И вечерта беше тука, просеше. Човекот ја губи гордоста кога желудникот е празен и кога некој чека да го нахраниш и напиеш. Па затоа обврска е да сториш се`, а достоинството ќе си го голтнеш како плунката кога немаш можност да ја исфлиш надвор, и ќе ти застане како кнедла во грлото што гребе.
Ја одминав и не го свртев погледот накај неа. Луѓето што излегуваа од маркетот беа пречекувани со зборовите на еден просјак, молба за некој денар и благослов.
Кога излегов од маркетот, го ставав кусурот од благајничката во новчаникот. Тоа беа некои ситни 10 15 денари. Жената сеуште беше на истото место каде што се наоѓаше и пред да влезам. Ме пречека со истите зборови и мене. Секогаш кога ќе ги слушнам тие зборови си мислам:
“ Кога можеш да си купуваш дребулии и чоколатчиња можеш да си дозволиш и да дадеш барем 10 денари “. Таа мисла доаѓа така, брзо, нема ни цела секунда.
И секогаш кога сум во можност добива од мене некој денар, а добивам благослов гратис.
Некако потоа си одам со мирна глава, чиста совест и задоволство.
Се јавува она алтруистичкото чувство тогаш на дело, повторно и повторно. Можеби токму моите 10 денари и фалеле да си купи топол леб. Што знам....

Кога ќе дојде страшниот суд си мислам - е тогаш сигурно на судењето ќе го земат предвид и ова. Штом Господ гледа се` го гледа и ова. Можеби ќе ми се намали тогаш заслужената казна. А можеби тоа не го правам од желба некому да помогнам туку само да се искупам, да си го обелам малку образот. А можеби и....
Не знам, нешто сигурно е.
 
Дојде денот, удри часот. Но пред секој изнемоштен земјанин да го фати долгиот ескалатор до небото и портите на свети петар мора да помине ни з овдешниот страшен суд. Да ги врати сите долгови кои ги должи, во пари или со дела, со ум на поколенијата, со среќа на синовите, со кратки крилја и мала доблест на неговите внуки.
Велат, “каде јас застанав, ти сине продолжи“ - па по тој систем најчесто откако грешникот ќе ја помине капијата бидува суден и казнуван. Канцелариите кои се наоѓаат во Ѓорче 2 изгледаат како сосема обична градска барака од оние во кои работи градскиот административен апарат.
Откако човекот починал, стои пред портите некоја минута додека поспаниот чувар успее да го најде во списокот и да запише дека пристигнал, го најавува кај надлежните и тој влегува во една мала собичка во која го испрашува дебелкаст вообразен чичко што од време на време мора да кликне нешто на својот ајфон. И покрај тоа, сеуште личи на злобен лик од цртан филм. До него како од времето на социјалистичка Југославија, седи дактилографка со дебели очила и пишува на ултра модерниот компјутер.

Прашањата се од типот дали и колку сте грешеле, ако не, зошто не? Откако главниот човек ќе ги има сите детали пред себе, распределува, колку долг отплатил самиот починат од претходните должници по крв, колку долг и самиот направил, и на кој начин тој ќе биде разделен на идните поколенија. Откако сите детали се завршени, тој продолжува нагоре каде само ќе ѕирне во рајот од надвор и ќе продолжи вечно да се измачува во пеколот.

Всушност, ако ги разгледаме овие религиозни приказни кои речиси сите монотеистчки религии ги поседуваат, за доброто и злото, за пеколот и рајот, може лесно да заклучиме дека овој живот кој тука го живееме на земјата, како свесни суштества не е ништо друго освен продолжување на еден обичен ланец случувања низ историјата. Затоа, не можам да се договорам со себе, што се случува кога човек нема деца и не остава потомоство, дали тоа значи дека неговите долгови се отплатени и тој може да почива во мир? Ако е така, јас дефинитивно не би имал деца никогаш во животот, особено што тоа се поклопува со мојата идеја за страдање и непотребно постоење како свесни единки тука на земјата, и не гледам со која причина би му накалемил на она кое сите тврдат дека е нешто најмило во животот, да се измачува на ист или можеби уште полош начин со тоа што ќе му озвоможам да се роди и живее.
Од друга страна (иако е тоа истото гледиште, само како точка два) ако ги земам предвид сите шпекулации за светска влада, за масовно контролирање на живиот свет на земјата, за манипулации од секаков вид само за некој да биде задоволен, тоа ми дава само причина плус да сакам да си го скратам животот и би сакал тоа да биде поттик за останатиот дел од светот со што оние кои всушност толку успешно играат со нас, (под претпоставка дека е вистина) не би имале врз кого да ги вршат своите љубопитни експерименти, па нивниот начин на контролирање би прекинал.
Ако одиме подлабоко во суштината на постоењето, темата која не може да биде откриена, но може да биде дискутирана, би рекол дека единствена причина заради која би се согласил да останам жив е да успеам да стигнам поблиску до сознанието. Но, Бог (ќе го земам овој збор како нешто со кое полесно ќе стигнам до поентата, иако е комплетно релативно дали тој постои) не создал да мораме да живееме и работиме прилепувајќи ни брдо проблеми и работи кои ќе ни одвлекуваат внимание за ние да не можеме да се фоксуираме на вистинскиот пат. Кога некој би требало да ми се спротистави на овој монолог, би рекол, “па оди во манастир“ што и не е така лоша идеја, но нас ни требаат дијалози, дискусии, идеи, истажувања, експерименти, спојување науки, проверување тези, давање шанса на сите поединечни размислувања од кои евентуално ќе се изроди вистината, порано или подоцна, а се` што ние луѓето правиме секојдневно е борба со тривијалности, од маки за наоѓање храна и преживување, до наталожување нервоза заради успехот или неуспехот на останатите свесни единки покрај нас. Преоптоварени сме со трката за пари и убедени дека таа ни ја дава смислата на живеењето а не гледајќи воопшто на духовноста. Можеби и тоа е смислата, парите, но ние единствено дискутираме за вчерашниот бокс меч, додека дискусијата за поентата на самата дискусија и зошто ја водиме, се смета за напорна, тешка, непотребна и бесмислена.

Кога навистина би постоел Бог, во неговата архаична замисла, како некој кој дава и зема, би сакал само да му кажам, дека кругот кој го поставува за израмнување на сметките... му е преголем. Разбирам дека е тој преголем, но ние сме премали. Јас не сум нестрплив, но сум жеден, и очајно гладен, па се плашам организмот да не испушти душа талкајќи.
 
Поривот и денес се закануваше да откорне уште едно парче кое и колку да биде минијатурно сепак беше болно, поривот сакаше постојано да го доближи брегот на бесконечната бездна која голташе лакомо и нанаситно, скржаво чувајки го кај себе се претходно што го земала со секое парче стануваше се побесконечна, поривот најзиниот слуга и денес се надвишна над скршеното тело кое стуткано лежеше на креветот и несакаше да ги тргне завесите на прозорот давајки така барем на светлината да навлезе, не ја сакаше и нејзе само стуркано чмаеше, немаше сила ни во грлото да испушти било каков крик, само погледот замрзнат во сликата која висеше на ѕидот го оддаваше дека сеуште е жив. А таму еден насмеан лик, лик кој го натера да избега од сите нормални луѓе и да замине во една неизвесност, лик кој го потсетуваше на постоењето дека ете и тој како и сите други навистина постоел. Сега безнадежноста го направи само еден тенок лист кој можеше и најслабото ветре да го крене во висините и да го однесе некаде далеку, само широката насмевка му влеваше некаква сила па макар и таа била мала. Неможе да воскресне нешто што веќе беше мртво. Насмевката на ликот го носеше духот на неговата мртва љубов која замина кога најмалку се надеваше, замина кога најмногу даваше од себе да ја зацврсти во темелите кои макотрпно ги градеше. Само една зла рака помина преку сето тоа и го урна во еден миг, го урна на толку многу ситни парчиња што и највештиот реставратор не би можел да го соедини, за миг го снема сето тоа што го сакаше, сето она што го носеше во срцето. Апатијата го направи своето ја гледаше љубовта, но згасна жарот со кој што ги палеше утрата, згасна и немаше намера повторно да ги разгорува. Само сликата остана ја зеде и замина борејки се во почетокот со спомените, се бореше барем тие да не згаснат и да останат чисти, чисти како детска солза. Но како одминуваше времето и тиее бледееа и стануваа се послаби на моменти дури помислуваше дека се толку сили што го гушат па почна да ги фрла насекаде, само ликот, ликот со насмевката несакаше да го пушти од себе, само ликот со насмевката го воздигнуваше споредувајки го со едно божество. Остана сам, стуткан во креветот чекајки го страшниот суд...




Не припаѓам овде.
Моето место е таму.
Каде што моите соништа живеат.

 
The End of Female Kind

Се тегавам низ каналите на модерното постоење и се прашувам зошто ли дојдовме до тука ...
Гротеските кои излегваат кон мене од сребрениот екран се приказ за распадот и неспособноста на човечкиот род да се соочи со со своите недостатоци ...
Иделизираме премногу , до толку што идеализациите длабоко ги врежуваме во главите на нашите деца , и тие такви индоктринирани од сам старт се претвораат во уште по гротескни животинки од они кои ги донеле на свет .
Јас само се прашувам до каде .

Целата таа идоктринациа кај женскиот род доведува до извртопаколчување на вистинските вредности и претворање на себеси во бизарна репрезентациа на колективната идеализациа ...
Него да не претерувам со умните зборови ... Јас си ги сакам простите и тукушто скованите .
Ги претворивме жените ( или тие самите тоа си го дозволиа ) во смешни суштества кои не личат на ништо убаво . Или пак со својата фигура порадо подсеќаат на нешто кое пикасо го насликал во мамурно неделно утро и потоа го запалил да не се срами од него .
И таа Барбизациа на женската популациа траее веке век и нешто ... Од оној момент кога умовите на неколку медиумски гиганти решиа дека добро да се создаде представа за идеалната жена онаква каква само на мала група има одговара .
И така додека седам и пијам кафе сега крај мене минува нешто кое влегува во тие стандарди за убавина но јас само би можел да се исмеам со тоа како изгледа .
Има 45 килограми , Прслук со обиколка екватор ( ДД по американски и судејки по општата тежина е полн со пластика ) и половина ( очигледно престегната со нешто за да влезе во димензиите препорачани омилениот дамски магазин ) која можам да ја префатам со една рака . За останато нема да коментирам ...
И тука се прашувам ... КАде ли си дозволивме да направиме таквите болни фантазии да ја уништат убавината на жените ???
За уште поголема гроза во приказнава мора да го наметнам и прашањето на обидите на модерните жени за сопствена асексуализациа . Нормално зборувам за екстремите на депилирањето ... Мора да се спомене моето грозење од тој акт , а пак и од неговиот резултат .
До таму се стигна со тоа , што и барби би завидела на постигнатите ефекти . Нит трага нит глас од какво и да е влакно . И јас при првото гледање на така средено мегуноѓно подрачје почнувам да се прашувам дали всушност треба орално да задоволувам Жена ??? Бидејки таму ни трага ни глас од фоликулите кои зрелост значат . НЕ да бидам погрешно сватен ... Не сакам грмушка ... но бар да се остави некаков знак дека орално задоволувам возрасна жена , а не 12 годишно девојче .
Немам педофилски желби и не го сметам таквото обезвлакнување за убаво .

Него да не завлегувам во грозите од будоарот . Да се вратам на поентата ... Дали дами мои и господа можеби претеравме со обидите за создавање на идеалната жена ... И уште повеке дали со тоа не го донесовме женскиот род пред страшен суд . А со тоа и целото човештво на истот место .

Бидејки како сега тие анорексични , обезвлакнети и полни со пластика кукли ке раѓаат деца . А од друга страна индоктринациаата е таква да и машката популациа ( се исклучувам себеси од генерализацијава заради очевидни причини ) точно нив ги бара ...
Бедна е судбината на човечкиот род ако продолжиме во таа потрага по Идеалниот физикус .
Ех сепак можеби Така и требало ... МОжеби тоа е новиот пат на еволуциата . Можеби природната селекциа ке ги остави само грдите и здравите луге . Или бар оние кои не се грижат за тоа дали нивниот изглед е социално прифатлив .

( ИТН ИТН ИТН )
 
Што ќе кажам на Страшниот суд кога страниците на мојот живот ќе почнат да се разлистуваат?
Што ќе кажам кога ќе стојам со наведната глава?Ќе треба ли да го бранам животот што сум го проживеала на Земјата?Дали сум ги остварила сите добри вредности?Што е добра вредност?Нели сите вредности се еднакви,а ниедна од голема вредност!
Што ќе кажам?
Ќе бидам сама,нема да можам никого да обвинам за моите постапки.
Ќе завршат ли моите стравови кога ќе го прогласат моето вечно почивалиште или тоа ќе биде само нивниот почеток?

Човек ужива,ужива и се забавува наспроти се додека не зажали зошто воопшто се родил.
Животот-тоа е нешто што те крши,а сепак не ти дава да посакаш да умреш,а сите ние напредуваме кон гробот-во тоа е сето лукавство.
Животот!Ох!Знам дека се смета дека животот е загатка,но јас ги кренав рацете од тоа да ја решам.Јас само сакам да поминам убаво,зашто знам дека ништо не може да трае вечно,ама мислам дека сеуште не знам како да го постигнам тоа.Само летам понатаму и се надевам.
Штета што човекот има срце!

Колку се лицата запечатени книги!Секое со страници и страници лични мисли,интереси,намери,замисли,страсти,надежи и стравувања...и потоа доаѓа смртта-ПЛЕС... и едно суштество е збришано,како мува на ѕид и никој повеќе не го гледа неговиот мал затворен механизам да работи и да се стреми кон својата цел,во тајност и исполнет со чувство за својата вредност.Никој освен Страшниот суд не може да одгатнува дали било чисто или валкано тоа мало дело.

Знаеш што ќе кажам?
Ма сеедно е каде ќе ми шета душата.Рајот отиде по ѓаволите,а исто така и пеколот.
 
Повторно го земам парчето лист со цел да оставам дел од својот живот на неколку страници кои ќе сведочат за мене и за моето време. Помислувам за миг да престанам да го правам ова, но не застанувам. Зарем кога ќе дојде страшниот суд и кога засекогаш ќе заминам од овој свет да не нема ниту еден збор кој ќе остане како сведок дека некој работел, творел, мислел и создавал. И со оваа мисла почнувам уште една приказна за уште едно патешествие за уште една радост или уште една болка. Како пишувам така мислите се редат небаре раскажувам една бескрајна приказна. Мисла по мисла и збор по збор, една па друга приказна, за една па друга вистина, за мене или за некој околу мене.

И ако не е ова парче хартија, што ќе ни остане после страшниот суд?

Ќе остане време страшно и празно. Ќе остане простор без забелешка, живот без сведоштво, ќе има приказна но празна, без содржина. На листот ќе биде запишана една голема буква за почеток и една точка за крај. Во овој момент и на ова место го пополнуваме тој празен простор, за точка да не биде сама, да има мигови преточени во зборови и моменти преточени во реченици. За во овој момент да споделиме неколку редови и тие редови да останат запишани некаде засекогаш. Можеби доколку се вредни некој ќе ги прераскажува и по неколку пати ќе ги пречитува, ќе ги анализира со цел да најде суштината и покрај тоа што во некој момент е многу тешко да го направиш тоа. Но, за некого ова се празни реченици во кој чувствата ги доживува како илузии во кои нема да пронајде ништо интересно и занимливо.

Знам дека не сум Гане Тодоровски или пак Крсте Петков Мисирков, но барем се обидувам на парчето хартија да му дадам живот, за момент да си поиграм со пенкалото и пред да дојде страшниот суд самиот да создадам услови за незаборав. За поколенијата мој и за сите кои знаат дека во убавата реченица може да биде скриена тајната за еден живот или вистината за едно живеење и патување. Патување низ угорнините и надолнините низ кој не води животот, патување низ убавините и гадотиите на животот се додека дојде судниот момент и кога ќе се стави точка не се. Тогаш се е залудно, тогаш друг ќе зборува за нас. Тогаш на парчето хартија му даваме една тешка улога засекогаш да ја прераскажува приказната за големиот на постоењето на човекот, без разлика дали бил голем или мал. Затоа што и во големината и во малината за човекот за крие една интересна приказна. Секогаш е интересно да сознаеш како се станува ѓубре, но уште поинтересно е да дознаеш како се станува голем човек.

Јас продлжувам да пишувам и да читам што е она што е оставено на хартијата пред ова парче дел од мојата приказна. Така наоѓам едно богатство од искуства, патешествија, приказна и дела кои ќе бидат дел од мојот живот до моментот на страшниот суд. До тогаш ќе бидат среќен со секој прочитан збор, а од тогаш натаму само...

...точка и нов ред.
 
“Страшниот суд“


Пострашна е мислата обвиткана во грев или гревот сам по себе? Пострашно е да го живеам сопственото "сакам" ослободена од стеги и предрасуди, онака како што навистина се чувствувам во даден момент, па макар значело тоа и грев и грешка или да го живеам туѓото "би требало" по строги прописи и правила, трудејќи се да останам безгрешна, а сепак длабоко во себе да ги посакувам општо неприфатените нешта?
И што е гревот всушност? Кој го дефинира? Бог? Јас? Околината?
Грев е само прекршувањето на 10 те Божји заповеди? Или како поим е далеку поопсежен и се движи до граници кои немаат крај, па секое нешто што ќе го направам, гледано од поинаков агол претставува грев...
Ако сум злобна, грешна ли сум? Ако сум добра, безгрешна сум?! Ако ги сакам парите, моќта, славата- лоша сум? Или ако живеам како изгубен скитник, просјак, сиромав- тогаш сум добра?
Љубовта од целото мое битие ќе биде извадена ли и ставена на кантар наспроти омразата која напати ме преплавувала? И ќе бидат праведно измерени...??!! Целокупната добрина во текот на мојот живот ќе биде ли компарирана со неколкуте недела? И што ако тие недела се малку, ама толку тешки што ја надминуваат добрината...Тогаш?
А од друга страна ако се покајам тоа ќе биде доволно за се да ми биде простено...и отпишано...
Затоа внимаваме што поретко да грешиме- за поретко и да се покајуваме.
Никој од нас не живее онака како што навистина сака- секој е свесен дека "семоќниот судија" се гледа, се слуша и се знае. Тој е всушност и обрачот кој не стега, терајќи не на некој начин да живееме во страв, не знаејќи што може да ни пресуди за непослушност. Можеби токму и тој обрач не држи свесни, трезвени и под контрола. Плашејќи се од казната, го прескокнуваме злосторството. И колку повеќе не стега, ние се повеке стануваме луѓе; чесни, морални, разумни...и одиме по вистинскиот пат.
Ако нема стега околу себе, човекот би живеел блудно, развратнички, разбојнички, потполно ослободен во секој поглед...а тоа би го претворило светот во општ хаос и тотално безредие.
Страшниот суд е истовремено гас и кочница. Одиш напред, но сепак се осврнуваш зад себе: "Што сторив"; "Добро ли направив" ?
Секој жив човек кој зачекорил на Земјата ќе се најде пред страшниот суд и ќе си го добие заслуженото. Само што сепак, од нас самите ќе зависи и казната. Во зависност од тоа колку пати во животот сме помислиле на "семоќниот судија" и колку тој ни бил поттик да направиме нешто добро или препрека да не направиме зло- таква ќе биде и нашата пресуда, т.е. казна.
Значи ние самите во текот на животот си судиме и пресудуваме, а страшниот суд може само пресудата да ја направи правосилна. Ништо повеќе...
 
Бидејќи се сите со чудна нарав, и зашто секој сака да биде еден, тема посветена... се вика: Мачор
 
Си легнувам да спијам.Огромниот кревет е мек и удобен,а мојот човек едвај може да се помрдне(и ги заробив нозете и таа е стуткана во сладок сон).
Тука ја поминувам секоја ноќ без никој да ме вознемирува се додека не дојде утрото кога почнувам да се умилкувам за храна.Газам по мекиот чаршаф и стигнувам до нејзината брада.Таа брзо се буди-секогаш.

Утро-време за игра.Се чини дека секогаш го добивам тоа што го сакам.Благодарен сум за ова човечко суштество што го гледам,ова суштество што ме гушка и ме држи цврсто и што си го жртвува креветот секоја вечер за мене.
Знам дека и се допаѓа кога ќе и скокнам во скутот и кога ќе ги триеме главите една од друга,а вчера успеав да ја насмеам кога ме најде заспан на шанкот помеѓу разнобојните шишиња.

Додека читаше една стара книга,предев и ја гледав корицата.Имаше човек ист како неа,исти очи,ист поглед.На десното рамо имаше ист мачор како мене,исти очи но различен поглед.Неговиот беше толку далечен и нескротлив,а јас...јас сум предан и мојот живот е следењето на секој нејзин чекор.Јас одам позади неа,а овој мачор е до неа.
Почнав да ја гребам корицата.Сакав да го избркам од нејзиното рамо.Таа ја тргна книгата,слатко се насмевна и ме зема кај неа.

Каква будалетинка сум јас!Доволно ми е едно нејзино милување и заборавам на оној мистериозниот.
Оние викаат дека не сум вистински мачор затоа што сум зависен од неа,а не таа од мене.Но јас знам,знам дека ако ме нема дека таа нема да се смее,затоа сум постојано покрај неа,тука и ќе останам...
 
Шеташе по улицата, налицкан, намирисан. Таман за секоја мачка на две нозе. Вистински мачор сосе мустаќи.
Редовно носеше лаковани чевли и поскокнуваше додека одеше со високо крената глава.
Мјауууу.. -ја викаше под прозор. -Мјаууу -пак се случна екот низ празната улица.
Се исправи за подобро да го види.
Се појави таа... насмеана.
Многу нормално, секоја би се насмеала кога некој ваков „мачор“ би ја викнал.
А знаеше тој и да се тепа како мачор, и да преде како мачор. Но ја сакаше.
Таа беше негова „мачка“.
Ха, ја зафркававме дека му дава „млеко“, а таа се муртеше и ни возвраќаше „ќе ве улови како глувци, само да посакам.“
Долго се смеевме на тоа, ама знаевме дека има право.
Тој „МАЧОР“ го даваше животот за неа...
 
Бидејќи се сите со чудна нарав, и зашто секој сака да биде еден, тема посветена... се вика: Мачор

Дестинација: Нема, изгубена е некаде попатно.
Психичка состојба: Компулсивна потрага по совршенство, проследена со елементи на депресија и идеализам.
Боја на косата: Моментално плава.
Боја на очите: Константно сина последните 3 месеци.
Аспириции: Мртви.

Во моментите на утеха имам навика да читам стари добри книги, да гледам филмови во кои главната хероина ми е доволно слична или да го прередам секој сантиметар од просторот на живеење за да можам да го поднесам.
Холи, најпривлечната улога некогаш одиграна од страна на генијалната Одри, во тој филм имаше мачор кој што немаше име, го викаше само cat, како сиротото животно да нема потреба од име, како да нема потреба да му се даде било какво значење, освен она основното кое го има, за утеха.

Cat, cat, cat where are you when I need you?

Музички желби: I'm only happy when it rains
Потреби: Мачор.
 

The cat is in or out of the bag?

Macor, maska macka, zivotno koe se povrzuva so lokacija, dom, ne so gazdite, onie koi go cuvaat, vdomuvaat, hranat.

Velat macorot e povkusen od mackata, barem taka velat vo Vietnam, povkusno meso, najcesto se gotvi kako janija, so zelencuk, trevki i kompir. Gulas od mackino meso.

Seuste ne sum probal, ama mozebi eden den i toa ke se sluci.
Edno od nestata na spisokot na za mene bizarni jadenja, no koj sum jas da sudsm, svetskata glad i razlicnite poimanja i percepcii vo razlicni, nam tugji kulturi, ne ni davaat za pravo da sudime.
Macorot e delikates za Vietnam, a vo stariot Egipet bil depiktiran i poiman skoro na nivo na bozestvo.
Sepak i tigarot e macor, golem macor, mokjen, kako i lavot itn.
A tie ne se za jadenje, barem dosega ne sum cul jas deka nekoj gi zgotvil.

Velat i deka zenata e macka, ako e zenata kako macka, neretko bara soodveten macor, no dsli toa funkcionira? Obicno mazite se povrzuvaat so kucinjata, verni, posveteni, pozrtvuvani. Miskoncepcija ili vistina?
Dokolku e vrodeno da se bide saraj-oko, mrdni-kure, kako togas se povrzuvaat mazite so kuce, treba so macor!
A ako mazite se macori, onie zeni koi se saraj-gaze, se macki, no ima teorija deka zenite cinam ne se dovolno macki!

Sepak, gulashot od macor zvuci bizarno interesno jadenje!
 
„Мачор“

Четиринаесет недели чекав да ја соголам мојата апатична кожа и да ја фрлам во нов контејнер за да се ослободам од маките на стариот живот. Така мислев оди тоа: Полнолетството е врата кон излезот. Заборавав дека може да е влез. Ми подарија сонца. До ден денешен, не постојат. Им се истрошија батериите. Не беа вистински. Но затоа, тука е Марко. Тоа негово врескаво лигавење, во сите раѓаше нетрпеливост и нервна конспирација. Доказ за аномалиите на новото време и хистеричната стресност. После некое време, Марко избега од мојот дом. Од неговиот дом. Се врати за некоја недела. И роди седум мачиња.

Наравоучение: Секогаш гледај што има меѓу нозете на твоето домашно милениче.
 
Безброј прекари. Зошто?
Мачка е терминот. Девојка сум. Зошто тогаш мачор?
Што му е толку слатко во тој прекар? Зошто кога допира до моите уши дава посебно значење?
Затоа што тој го изговори? Затоа што ја љубам мелодијата на неговиот мил глас кога ми се обраќа?
Зошто ми го посвети мене? Затоа што моето име или личност асоцира на милото животно?
Не знам, но тој така ме нарекува.
Мацол. Мачорче. Не она грубото мачка. Онака..Лигаво.
Јас сум таа. Неговото девојче.
Сите моменти поминати со него, како ништо дотогаш.
Средбата со бушавото улично мачорче.

Понекогаш чувствувам дека толку се лигави за да ми угоди...Со што заслужив? По што оцени тој дека сум заслужила? Го сакам најмногу секако, но таинствениот прекар ме измачува. Има некое затскриено значење во тоа `мачор`. Се појави и одеднаш сите мои мисли се испомешаа. Поставував многу прашања.
Некои нешта во животот се толку поврзани, ни стојат пред очите, но како да не ги гледаме. Зарем за се треба да ни се посочи?
Зарем една средба со мачор да ме наведе да размислувам толку многу?
Да, мачор не следеше. Таинствен трагач по нешто одредено. Како и јас.
Улицата празна, само јас и тој...и мачорот. Обично мало животинче, скитник во ноќта, збунето трага по нешто.
Тој ја зафаќа цврсто мојата дланка и ме повлекува кон својата прегратка, настрана од мачорот. Мачорот е скитник, можеби створ полн со болви, можеби трагач по храна или милувања.. Ме оттргна од него. Но, тој е сеуште тука. Не се откажува.
Поради некоја причина сеуште не следеше. Не се плашеше да не го повреди некој. Не бараше храна. Не следи и со погледот бара начин да ни каже нешто.. Неговото мјаукање не значеше многу, но погледот во неговите светкави коси очиња сакаше да изусти нешто, но ја немаше моќта.
Упорно се обидував да одгатнам што се крие во неговиот поглед, но бев спречена...
Не дознав што сакаше тој мачор. Но, сигурно беше некаков знак.
Дали се обидуваше да ми каже нешто во врска со мојот прекар? Нешто за мене? Ми падна жал колку невино гледаше и очекуваше да го разберам и прочитам.
Тргнав и јас по него и посегнав со раката. Тој повторно не ми дозволи да го допрам мачорот и овојпат посилно ме повлече и ме оттргна од него. Ќе задоцневме, но сакав да знам што бараше мачорот од мене.
Се појави од никаде и криеше нешто во себе. Зјапав непрекинато во него и молчев. И мачорот замолкна. Повторно посегнав да му се доближам.
Тој ме повлече за последен пат. Конечно се оттргнав од мачорот. Но, овојпат и тој остана на улицата. Сам. Не мјаукаше веќе, само застана и како да се откажа од посакуваната цел. Го завртев погледот и се судрив со неговиот кој сеуште бараше нешто. Но, очајно изгледаше.. Што сакаше да каже?
Морав да го оставам. Ние заминавме, а мачорот остана сам на улицата.
Не открив какво значење имаше неговата појава и оттогаш не го сретнав повеќе.
Остана таинствен мачор. Исто како мојот прекар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom