Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Me,Universe and You... и сето тоа изгледа само како фигура. се бркаме во Круг. секогаш кога посакувам да те видам ти си чекор зад мене, секогаш кога посакувам да те имам ти си на другата страна, кога посакувам да ти зборувам ти си неколку чекори пред мене
твојот поглед е само занесна магија, а јас упорно се губам во неа
го одам целиот круг и истовремено се вртам околу себеси
дури и кога си со мене, ми недостигаш
не знам што се крие зад сета таа слика што ми ја даваш
се наоѓам во тотално бунило, очајнички сакам да го допрам она што не ми даваш ни да го видам
се она што понекогаш ќе излезе од таму, покасно го одрекуваш

јас не сум само јас, јас сум точка, круг...прашина, сенка... тивка,а бурна. мојот поглед те прати тебе...ние сме сенка, круг...точка...зарем сето тоа не е целиот универзиум?
да...јас се топам во сенка, сенката се претвора во круг...кругот се движи кон своето теме....се претвора во точка....точката во ѕвездена прашина. Now....touch me ... цела ѕвездена прашина се враќа во мене...а јас сум сенка,круг, точка...
да, моето тотално бунило...каде стигнав во мојот круг...нашиот круг?
мојот круг....нашиот е моја илузија
 
Од времето кога ноџињата ми беа мали ко на патче до калдрмата која сега ја одам се случуваат само... Миракули
 
Миракули

Миракули се случуваат секој ден. Ти, тој, таа, луѓето бараат во секој миракул некаква причина и заднина. Кога ќе се случи негативно чудо, бараат, веднаш наоѓаат и објавуваат конспирациони теории, заговори, задкулисни договори, и секако атентатори и други злосторници.
Кога пак ќе се случи некое позитивно чудо, повторно бараат лоша заднина, значи или си го ускратуваат радувањето поради она `зошто`, или воопшто не сакаат да веруваат во миракулот, вметнувајќи негова изобличена слика во некои малограѓански муабети. Ова второво се случува кога миракулот го усреќува другиот, можеби зависта замешува прсти. Зошто да не сакаш да поверуваш дека комшијата добил милион на бинго, дека колегата стана втор човек у фирмата само благодарение на неговиот труд, дека убавиот другар е среќно вљубен во грдата соученичка? Да, постојат мал милион примери за необични но убави настани, што не мораш да ги испитуваш до сржта, затоа што причините се видливи и прилично едноставни. Миракулите се случуваат секому. Се` е во тоа како ги доживуваш настаните, од твоја перспектива и гледна точка. На пример, можеби она што јас го гледам како миракул, магија и сл. Ајнштајн и сличните го докажал со цели теории.
Не велам дека `животот не` носи на различни патишта`, напротив она што ти го правиш, говориш, па дури и мислиш е строго причинско-последично. Уствари, животот не` носи во интеракција со различни луѓе. Токму затоа, туѓата реакција на твојата акција секогаш ќе биде x(дури и да ги знаеш сите допуштени вредности). Кога ќе речеш `никогаш не ни помислував да го направам тоа`, тоа значи дека свесно навистина не си помислил, но дека потсвеста е чудна и дека крие сто и една замисла. Па така, стојам зад тоа дека човекот она што го направил, што го прави и ќе го прави за него самиот не претставува мирикул. Тоа е можеби миракул за некој друг човек.
Миракулите се случуваат при интеракција со луѓе. Јас обожавам така наречени чуда, кога заедно правиме моменти за паметење, нешто за кое кога ќе се сетам ќе се насмеам, ќе помислам, дека било чудно а сепак е дел од мене, дел од она што сум била и што сум.
 
Тоа е една чудесна миракула.Како човекот може да постои без се освен без она за што тој си замислил дека му е неопходно.Притоа ги ограничува своите мисли.Се ограничува себе си на битие кое е предодредено да живее во ограничено време и простор.Миракулата е всушност едно проклетство за човековиот род од времето кога се појавува свеста па се до ден денешен.Дали тоа се некои искривени рамки во кои нема пребегнување?Дали е тоа кафез од кој птицата се плаши да излета и да види што се може да направи надвор од сопствениот затвор ,кој јас го нарекувам најголемата миракула од постанокот на свеста па се до ден денешен?
Лудост,миракула,страв.Човекот не е суперхерој или бог кој има симбол на безсмртност.Но човекот е помоќен од се она од што се плаши.Ако сака може да лета.Само доколку тоа многу го посакува ,тогаш тоа го може.Човекот е една чудесна машина ,роб на своите навики ,роб на своите ограничувања и смртност.
Миракулата е она што го обележува нашиот живот.Она што не учи на послушност кон сите наши обврски е бегање од сите опции.Животот не е ова што обичниот човек го живее и сака.Тоа е миракулата што ни го поматува умот.
 
Од времето кога ноџињата ми беа мали ко на патче до калдрмата која сега ја одам се случуваат само... Миракули

Уморноста се покажуваше на нејзиното лице, но таа продолж високо да се вивнува, не знаејќи дека подоцна ите како ќе падне.

Живееше во нејзините одаи на прекрасната измама, и го вдишуваше воздухот на лагите кои и задаваа дополнителна мака.
А таа.. Толку немоќна и кршлива, се бореше за нешто сосема поинакво- нешто необично, поразлично од нејзиното секојдневие.. Се бореше за миракули, знаејќи дека иако се случат, таа ќе остане истата кршлива особа. Знаеше дека ништо нема да се смени во нејзиниот живот и дека ќе остане истата каква што е.

И се случија. И?.. Ништо. Уште повеќе се скрши, ги затвори нејзините одаи, го запечати нејзиното срце, а нејзините гради фучеа од болка.

Чекори полни со огорченост и сивилост, а толку јасни стапалки.. Оди, но никаде не стигнува.
Исконски крик испуштаат нејзините гради, велејќи и` дека не можат повеќе да издржат. Но, продолжува да се вивнува, се погоре и погоре..
Веќе не се чувствуваше дека е во нејзината кожа. Сега беше нешто друго, уште полошо. Сега е гола, сосема е гола нејзината душа, онака малечка, со отворени рани, а таа пак и пак продолжува да боцка во раните, се дури не потече крв, се дури не се раскине на милиони делови..
Се тргачи де на едната де на другата страна, не сфаќајќи дека и е залудно, дека веќе одамна е жив мртовец, и дека и се залудни сите тие обиди да се вивне, и да почувствува нешто сосем ново.
Пиеше љубов од неговите раце сметајќи дека можеби тоа ќе биде за неа нешто ново, неизживеано, некоја авантура..

Доживеа само пораз. Невиден пораз проследен со огромна празнина.
 
~*~


-Оди ако сакаш, навистина не ме ни интересира.
-Знаеш дека ќе одам, тоа се надевам уште на почетокот ти беше јасно?
-Оди.

Станува смирено од столот, доаѓа до неа и ја фаќа за косата. ја влече со целата сила по подот како да е крпа, ниту часовите по аикидо, ниту годините џогирање и фитнес не можат да и помогнат во рацете на ова суштество.
Ја носи до тоалетот и ја става во лабавото и пушта ладна вода врз неа.Почнува да и се размачкува шминката и да голта вода, џабе прета со нозете кога со другата рака ја држи цврсто како клешта.
Чека нивото да дојде до носот и тогаш ја крева и ја фрла на креветот.Таа станува бесно и почнува да го мава со се што и се наоѓа при рака, додека тој така мирно и сталожено стои пред неа и ја покажува вратата.

-Оди.

Не се случуваат миракули секој ден.
 
Иииии така дојдовме до неизбежната тема... Букаке... (the real story)
 
Букаке - Наглупиот годишен одмор во Хрватска некогаш

фаца ко со запек
али насмевка е, мора да е
Ми се појави утринава
не знам зашто,
можеби некој ја пречекори линијата
шо е тоа букаке
и како настанува
треба вернички или такви од зад мтв?
- Ненастрана песна/За настрана песна


Шипо се разбуди среде ноќ целосно во пот, ладна, не толку смрдена. Се преслече набрзина во мракот и пак продолжи. Утрината пак беше целосно слепен. Лошо спиеше последните ноќи. Глупи соништа го прогонуваа, некои чудни идеи постојано му никнуваа. Не дека не се случуваше ова некогаш, ама периодот беше чуден. Две недели пред годишен одмор - мозокот треба да биде далеку на пасење. Или да се спрема за таму, за топлите плажи. Не вака напнат, со извитоперени стресови. Сонуваше како мава по толпи по улиците(не беа штрајкувачи), неугледни беа луѓето ама пак, Шипо не беше познат по насилството. Барем не покажуваше. Никогаш.

Се случи и одморот - Хрватска. Некаде на обалата, кај оние градби кои Хрвати не ги изградиле ама ете.
Соновите ни таму не престанаа. Ја имаше девојката и другарите, сепак соновите не престанаа. Секоја ноќ од тие четиринаесет дена истите сони, истите превртени очи по улиците, глупи лажни насмевки само да се тргне тој од едвај гледливиот пат. И одново и одново. Една вечер една непозната жена му рече да пречекори, каде, тој не знаеше. Друга пак сони знак на патот, пишуваше со големи букви - ЧУДНА ЖЕНА ВИКА ДА ПРЕЧЕКОРИШ. Му падна чудно, дури и во сонот.
Последната ноќ иако проследена од целодневно и целоноќно пиење мораше да заврши со тој пуст сон. Го мразеше Шипо сонот. Знаеше дека ќе го сони кога ги склопуваше очите.
Се разбуди следното утро. Чудо.
 
Букаке-Реал стори

Клубот на новинари е едно неафирмирано катче во градот каде што се оди за муабет и пијачка на раат далеку од зоната на црвените светилки.
Ако си чесен си наебал длабоко. Ти си идеалистот. Ти веруваш во принципи, почитуваш, сакаш, вреднуваш, поставуваш пиедестали на човековото битие нешто што го прави човекот човек, степен над неандерталството. Ти си идеалниот кандидат врз кој се извршува букаке.
А таа е секогаш тука за тебе. Те восхитува со нејзиниот шарм, те освојува со нејзината галантност, те фасцинира со нејзиниот карактер. Начинот на кој те буди наутро, потезите со кои те заспива навечер сензуалноста со која ти го носи утринското кафе.
Те пречекува нејзината појава толку детинеста, нејзината насмевка толку невина, одблескот на нејзините усни.
Не драги мој идеалисту не е тоа од сјајот, ниту од лабелото ниту од карминот.
 
Замисли си ја сценава... седам по гаќи во фотеља со чаша виски во десната и далечински управувач во левата рака, ама не вртам зашто упорно се обидувам да сфатам што зборуваат на вести. Одамна сум камен пијан и мислам дека секоја следна чаша ќе ме остави во таа состојба на пијаност и страв ми е дека се отрезнувам полека. Собата ми е зачадена од димот кој сеуште го вади недоизгасената цигара од девојката која си отиде пред два часа.
Додека телевизорот упорно трешти, мене ми се враќаат соништата кои ги имав... оние добрите каде сексот на плажа во некоја зафрлена лагуна е благо перверзен, да не речам фантастичен но и оние кошмарните мисли... таа, јас како врат на истата плажа и многу сперматозоидна течност која со уживање и со часови ми ја прска во лицето преку оние сјај шишенца кои толку добро знаат да направат ситни капки. Целото лице ми е завиено и едвај дишам, но добра девојка е, ме полива со кофа морска вода и потоа се` е во ред, а јас ја обожувам што е толку добра со мене. Срце е, ја сакам, не можам без неа... се до моментот кога повторно сум под земја а таа го има магичното шишенце, и повторно магичниот круг.
А кругот е таков се додека некој не реши да го отвори. Потоа станува обична права линија, без секс, без без нежности и без фекалии од било кој вид. Само линија, која отсликува нечија ништост. Сите сме по некогаш такви, сите сме никој и ништо, но некој од нас... за секогаш ќе остане само привидна слика на човек а всушност е дух. Мислиш дека си видел нешто, но знаеш дека не постои и сакаш што побргу да го заборавиш. За среќа секогаш успева и тоа мошне брзо...
 
~*~


Обожавам простории преполни со мирис на марихуана, зачаденоста по некоја случајност не е само околу мене, туку се лизга по секој дел од моето свесно битие.Зошто да се обидувам да бидам разумна, кога можам да му се препуштам на задоволството?
Секоја наредна цигара која што ја палам ми го враќа тој познат мирис, влезен ми е длабоко во нозрите и ми ги дразни сите сетила, не само тоа за мирис.
Полека излегов од преполниот стан наркомани и се сминав полека надоле по зградата полујасно гледајќи ги скалите.Бурна реакција на црно вино и ... други супстанци некаде под врвовите на прстите.
Високите штикли не прават да ми биде полесно, ниту црната кошула не е веќе црна, напротив.
Букаке ми мине низ глава ... сум се нашла на погрешно место во погрешно време, но што да правам кога обожавам да бидам војаер.Тоа ја буди секоја клетка во мене.Се чуствуваш перверзно и тоа по некоја чудна веројатност те пали до граница на сексуално лудило.Но јас бев таму само за да гледам.
Лоша девојка?
Само понекогаш, овој пат, оваа вечер бев потполно мирна, не земав дури ниту еден дим, ниту дадов некому шат, ниту учствував во оралните игри на моите новостекнати пријатели, похотноста избиваше од секоја пора на младите учесници.Марихуаната си го прави своето, веројатно нема ни да се сеќаваат наредниот ден.
Кога пристигнав дома легнав да спијам, наредниот ден, кошулата стоеше на столот потполно црна.
-Мамо ме боли главата.
-Да, ти дадов дизапам и веднаш си легна, веројатно од тоа ти е.
-Не излегов, а?
-Не!

Зарем сеуште сонувам зачадени соби со чудни миризби и екстремни форми на фацијална сексуалност?
 
Благодарам на вниманието... се враќаме на стариот колосек. Оној добриот кој поминува покрај градот на фините луѓе, но таму не застануваме... одиме до крај.
Оваа тема е нарачка на една наша честа посетителка и учесничка на темата... повели драга. Темата е: Лице од восок
 
Кој би рекол дека тринаесетиот ден на февруари ќе наликува токму на оној октомвриски ден? И тогаш чекорев по пустиот кеј на Вардар со ништо повеќе од звукот на тупотот на чизмите по заматените виори и со залудните претања да се задржи оној син чадор од баба ми кој не ми помагаше, туку јас му помагав - да не одлета во бесната река. Мирисот на влага ми ги исполнуваше ноздрите, ветрот провеа низ мене, но не расчисти, можеби само го стави хаосот на stand by.
Од кејот се искачив на прометната улица на новиот мост. И не ми беше важно дали и како ќе го дочекам утрешниот ден, зошто повторно бев дел од толпата на восочни фигури, луѓе со маска која го има оној тмурен `не ми е гајле` изглед. Не дека не ми одговара што го имаат. Се` си има свое време зар не, така и восокот ќе се стопи, така и ќе видиме жар светлина, така и ќе видиме блескаво пламенче. И со тоа блескаво пламенче ќе запалам и други свеќи. Ќе уживам во чекањето тие да догорат, како што ќе уживам во моментот кога конечно восокот ќе се истопи целосно.
Само ми требаат свеќи...Соседи, не грижете се, нема да предизвикам пожар повторно, заситеноста од гушење во пепелта што остана од моите сништа ме направи одговорна.
 
Додека ги броеше влакната од својата коса,тој нежно ги гребеше крлушките од нејзиното лице. Се прашуваше со какво суштество спие во кревет,и кога престана да биде слеп. Се гадеше од нејзиното присуство,се прашуваше само-кога ќе дојде и тој ден...не смееше да зборува повеќе,имаше совест. Барем така мислеше.
Таа беше трнот на розата,пукнатината на лицето на порцеланска кукла,фецесот кој го одбегнуваш,а сепак привлекува внимание со неговата одвратна појава и мирис. Ако го шутнеш,остава трага на исполираните чевли.
Навечер,кога убавината заспиваше,ја ставаше својата маска од восок. Личеше на ѕвер во кашмир. Но убав ѕвер. Портрет кој е осуден на вечна сеедност, една гримаса, еден замислено прекрасен поглед со небесно сини очи. Го ставаше јадот и тагата во фиока,но не можеше да се ослободи од рацете со мостови,кои раскажуваа за нејзиниот копнеж по него,за вниманието кое сите ние мислиме дека го заслужува,но би се помислиле кога би го виделе нејзиното вистинско лице.
Знаеше за неговите непристојни допири,за бакнежите на кои се претплати,но не доби повратен одговор. Беше премногу далечна и одбивна за да дели нешто со него,освен креветот со милион замислени брави.
Таа ноќ врнеше кисел дожд. Но сепак излезе да го следи,се надеваше дека ќе ја забележи со новото млечно лице,и дека ќе и се исполни животната желба-да му застане погледот на неа.
Го виде,седнат на аголот во сепарето,како во своите прегратки моделираше паднат ангел. Не можеше да остане рамнодушна. Отиде до него, и го погледна со тага,но и осуда. Тој се скамени,а на нејзиното лице се стркала една капка врел восок,а потоа и повеќе. Сакајќи да ја спаси својата гордост,гневно излезе од местото на злосторството. Нејзиното лице се изобличи,а киселиот дожд го разјадуваше секој нејзин сантиметар. Се предаде на црниот асфалт.
Го препозна кашмирот што остана да лежи на калливата земја,и неколкуте капки црвен восок кои таа ги изгуби. Се покаја,но беше предоцна.
Сепак,некаде покрај пламенот од црвената свеќа која наговестува крај, и распаднатата кожа,таа беше задоволна на некој нејзин налудничав и одвратен начин. Поради тоа,таа беше единствена,и прекрасна.
 
~*~

Лице од восок

Похотно.
Не постои друг збор со кој што би можела да ја опишам енергијата која што зрачи од секој мој веќе одамна добро извежбан потег.Начинот на кој што го повлекувам димот од цигарата или пак начинот на кој што го испуштам, се е тоа цензурирано во очите на моите пријателки, засилено во очите на потенцијалните љубовници.Премногу траги-комично за да биде поднесено од некој што ме сака или ме мрази.Несреќниот сплет на околностите е дека сите што ме познаваат влегуваат во една од овие две горе наведени категории.
Комплицираниот дел од приказната е дека имам премногу бивши, сегашни и потенцијални пријатели кои што сакаат упорно да бидат нешто повеќе од тоа што се.Не им се допаѓа улогата во која што ги имам ставено, јас како режисер кој што сеуште не научил да режира на вистинскиот начин.
Сепак, се е во намената на предметите, а јас сум баш таква, се обидувам да ги направам луѓето предмети за да можам да ги употребувам на вистинскиот начин, ако се доволно посебни ги ставам во омилената витрина, секако, нема да биде се иронично ако јас сама не се жалам дека јас сум таа што треба да стои во витрината.
Подложена на јавниот суд и вечен предмет на оговарање, животот ми е апсолутно фантастичен и ексклузивен.Тоа е делот наречен тешење на сама себе, кога сакам да ги оправдам моите промискуитетни дејствија.Но луѓето би се замарале и без да им се даде повод, вака јас барем се трудам да направам да им биде интересно.
Затворена во безвоздушен простор, стаклена вазна на дрвена маса.Само во тие зборови се пронаоѓам, не знам зошто, не се ни обидувам да дознаам.Ако откријам што се крие зад сите противречности на кои што жените, девојките како мене се подложни нема да ни биде бајката така бајковита, не?
Затоа секој ден одново се лажеме или пак ги широко ги затвараме очите пред она што заедницата ни го сервира и си велиме на сами себе дека зад добар коњ се крева прашина.
Живеејќи го животот во рамките на општествените стеги и наводните морални принципи, сфаќаме се повеќе, од ден на ден дека е залудно.
Залудно е да се трудам кога никој не го интересира ништо друго освен какви ќе бидат резултатите од „натпреварот“.Не знаеш кои се вистинските луѓе и што сакаш да правиш со сам себе и тие кои што те опкружуваат.
Не, никој не се грижи за тоа.
Навистина похотно.
Не постои друг збор со кој што би можела да ја опишам релацијата што ја негувам кон луѓето кои што сакам да ги видам една вечер во кревет и да им го заборавам името наредниот ден.Нажалост, никогаш тоа нема да ми биде кој знае колку јака страна, можам да го направам еднаш, два пати, третиот пат ќе се чувствувам како да сум силувала некој или уште полошо, како некој да ме силувал мене.Нечистотијата нема да може да се избрише од телото што веќе ќе биде отпечатено, тажно е.
Изгледа сепак не сум толку либерална колку што мислев дека сум.
Но сепак, сега после се, само бегам, постојано секој ден, одново и одново, упорно бегам од реалноста, на најпохотниот начин на кој што можам да го пронајдам.Упорно се уништувам сама себе, бегајќи.
Се тешам и дека има некој друг некаде, како мене, што можеби би можел да ме разбере, штета што тие луѓе не можам да ги пронајдам.
Сама, бегам.

Jас сум само уште едно лице од восок!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom