Трпение?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Пет колега, пет. Само јас споив три теми.
:)
Ме престигна на оваа. Другите се средени ако членкава продолжи вака(ова се нарекува спамирање) тогаш ќе се превземат други мерки.
 
Повторно две исти теми.

Јас ќе ја замолам *princess* малку повнимателно да ги отвара темите и да не го трупа подфорумов со теми кои веќе ги има.

Значи постои опција која е за преберување, и која треба да се употребува пред отварање на секој тема. Ова е веќе трета тема која јас ти ја бришам.

Затоа обрни внимание и прочитај ги правилата на овој подфорум!

Пет колега, пет. Само јас споив три теми.
:)
Ме престигна на оваа. Другите се средени ако членкава продолжи вака(ова се нарекува спамирање) тогаш ќе се превземат други мерки.
епа проблемот е баш во пребарувачот,,што не ми ги наоѓа темите а нормално дека неможам сите толку теми на број да ги поминам за да видам дали има некоја таква..........и без нервози ќе ве молам.....штетно е по здравјето :pos2::pos2::pos2:
 
Без разлика што не бара пребарувачот,јас пред да отворам тема,најпрвин го прелистувам цел подфорум страна по страна.Така можеш и ти.

За да не бидам скрос оф,јас ќе си одговорам на темава.:

Не,немам трпение,брзо избувнувам,особено ако темата е од национален карактер.
Едноставно,не можам да чекам,неможам.
 
Трпение спасение!

тоа е моето мото!!!!можам да се пофалам дека имам нерви од железо!тешко некој би ме изнервирал толку па да избувнам!може да се налутам за миг, а по 1мин заборавам!кога сум лута може малце да го повишам тонот,и толку,ми поминува,ама оти скоро никогаш не викам,на другите им е чудно ако малце се издерам!

Едит: Научи се да цитираш!
 
Порано ептен лесно можеше некој да ме изнервира но сега се обидувам да се воздржам. А и забележеав штом почнеш да се воздржуваш полека ти влегува во системот и се навикнуваш.
 
за се имам трпение, освен кога некој ми го повторува едното исто по 100 пати!како да сум некој идиот! е тогаш стварно многу се нервирам...сакам да нее така...ама никако не ми успева..
 
Имам! У фамилија ќе ми доделеа "орден за трпеливост и сослушување" на исти работи кажани по сто пати од страна на баба ми! :pos: Кога она ќе почнеше да раскажува исти работи кажани по сто пати и да поставува исти прашања на кои милион пати и` е одговорено на сите одма им текуваше дека имаат итни и неодложни работи и ги снемуваше! Само јас останував да ја дослушам и по стоти пат да и` одговорам. Некако гревота ми беше да станам...
После баба ми имам кондиција за секого. :wink:
 
нетрпелива сум коа ми се може :) коа знам дека тие према кои сум нетрпелива ми се блиски
им кенчам ко мало дете пошто знам дека можам и неам попаметна работа да праам освен да ги нервирам (и пак ќе ме сакаат)

ама иам трпение спрема оние кои ми згазнале на нерв :) и тоа големо. Полека полека бавно долго тешко разарање на нивната личност. Иам невидено трпение тогаш.Што е мое кога тогаш ќе дое кај мене макар и одмазда :)
 
Зависи од ситуацијата. Инаку немам трпение. Не ме замарај, не ми објаснувај глупости, не ме малтретирај со проблеми (не малтретирам ни јас). Имам трпение колку за едно кафе, скоро од нога, за подолго почнува крв да ми врие. А да.. и не мислам дека треба да трпам некого. (или обратно.. никој не е должен да ме трпи мене)
 
Трпелив сум и тоа премногу.Сите ми се чудат,дури и јас самиот од каде толку живци имам.Сепак мислам дека е тоа добра особина.
 
Зависи од ситуацијата .
Знам често и да избувнам - на што не се гордеам мн.мн.:icon_neut Ама навистина понекогаш не вреди да се преќути и да се чека.
Ии.. сметам дека е добра особина.. али се во своја граница .
 
Ретко да избувнам или да изреагирам ептен екстремно, ама ептен ретко, смирена личност сум и трпелива...
 
Трпението доаѓа не само со возраста него и со секое направено добро дело а се губи со секое направено лошо дело. Колку би бил светот поубав кога во него би имало се потрпеливи луѓе.
 
Немам многу трпение, и затоа воопшто и не се замарам кога се работи за такво нешто. Едноставно го напуштам теренот ако сфатам дека не можам веќе да се разберам, а ретко избувнувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom