Трошење пари на искуства или предмети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување

Што би избрале ако мора да одберете едно ?

  • Искуство

    Гласови: 64 79,0%
  • Предмет

    Гласови: 17 21,0%

  • Вкупно гласачи
    81
Ок, те сфативме, тебе предметите ти се побитни.

ПС. Имаш евтини кинески смартфони кои ги имаат набројаните работи.

не дека ми се побитни предметите само сакав да кажам дека ако е за фалење и едното и другото може да биде или стварно да се сака или има потреба

Пс. кинеските сепак го немаат тој квалитет и издржливост а и за сервис не се сигурни
 
Е и јас ја имам оваа дилема и зато немат да гласам.
Дали летово да одам на едномесечна екскурзија со воз низ Европа или да си купам таблет (или фаблет) кој ќе го користам за потреби на факултет.
 
Никогаш не сум имал афинитет кон одреден предмет. Искуството и доживувањето секогаш ми биле на прво место (посебно патувањата). Како што рече некој претходно..предметите се минливи, а доживувањата ќе ги носиш со себе додека си жив. Светот има премногу интересни места и работи за да остане неистражен. Затоа секој според своите можности нека истражи колку што може.
Од предметите ако може да се каже, единствено повеќе пари можам без проблем да потрошам за книга, не гледајќи ја како предмет, туку како средство за интелектуален и духовен развој, ако може така да се изразам.
 
Е и јас ја имам оваа дилема и зато немат да гласам.
Дали летово да одам на едномесечна екскурзија со воз низ Европа или да си купам таблет (или фаблет) кој ќе го користам за потреби на факултет.

искористи ги парите за летото,кога ќе се вратиш натерај го мозокот да мисле како да допре до таблетот,сигурно ќе најдиш решение и за тоа да го имаш. Регенерирај си го телото ако си летен тип,ќе зажалиш ако за 1 таблет скапиш дома.


Мене од дома ми нуделе 2 решенија пример.....се погоди да одам на екскурзија (3 година средно во италија),ама пред тоа за нова година добив можност исто да одам на патување да не седам дома. Морав да решам италија со школски или нова година со пријателите. Решив нова година,ново искуство во животот и не зажалив ниту секунда......
 
Шом нема човек пари, нема ни предмети, нема ни искуства....
Ама сите пари шо сам ги дадел по пејачки и кафани по селата са добро потрошени пари... ајФон за на сливите не ми требе... Иако Ебиветрецо ми вика да си купам еден таблет и да бидам модерен сељак. :D
 
За членовите што се караа погоре за ајфон и слично,вие ја заборавате примарната употреба на еден телефон.А ти ако го користиш и за нешто друго,тоа веќе е твој избор.(а и најчесто за чалам е )
Иначе бирам искуства ,предметите немаат никаква цел :D
 
Врти сучи за да имаш искуство пак ти требаат предмети.

Мое мислење !
 
колку е неточно ова, може и да се фали некој сум бил ваму таму, а предмет да се купи ради потреба на пример може да купам ајфон зашто ми треба имам потреба


не е муабетот за потреба, туку за духовно или материјално задоволство, за изборот помеѓу да се биде и да се има.
и нема точен или неточен одговор.
секој си го кажува својот став. јас не избрав во анкетата ниедно од двете понудени алтернативи. искуство за мене е премногу буквален превод од англиското икспириенс. на македонски ми асоцира на работно искуство, горко искуство, неискусен таксист, на менување партнери колку да се проба целиот „расположив асортиман“ ;)

А ти Змејко :D, со здравје да си го користиш (y)
 
Нормално дека би избрал искуство(патување, одмор, концерт, авантура), а сакам и предмети ама побитно ми се авантурите него ли предметите.
 
Шом нема човек пари, нема ни предмети, нема ни искуства....
За второво не сум баш сигурен, и тогаш се стекнува искуство; го пиеш горчливиот нектар на немаштијата, го запознаваш нејзиниот вкус, мирис, карактеристики, опкружен си со нејзината миризба и отруен си и згорчен од нејзиниот вкус.И тоа е искуство.
Така да тоа дека само со парите се стекнува искуство е гола вода.И тоа укажува на тоа дека прашањето не е баш најдобро составено.Некаде промашил авторот нешто и ова (до авторот) не го пишувам со цел да те навредам и слично, да не ме разбереш погрешно.
 
За второво не сум баш сигурен, и тогаш се стекнува искуство; го пиеш горчливиот нектар на немаштијата, го запознаваш нејзиниот вкус, мирис, карактеристики, опкружен си со нејзината миризба и отруен си и згорчен од нејзиниот вкус.И тоа е искуство.
Така да тоа дека само со парите се стекнува искуство е гола вода.И тоа укажува на тоа дека прашањето не е баш најдобро составено.Некаде промашил авторот нешто и ова (до авторот) не го пишувам со цел да те навредам и слично, да не ме разбереш погрешно.
Не те разбирам погрешно, не се секирај. Ама темата беше поставена ако имаш пари шо би избрал. Ако немаш пари, изборо на некој начин ти е ограничен само на искуства.
 
Немој бе да ме јебете со искуства, добри 90% од македонската популација би одбрала да купи нов стан, автомобил, плазма телевизор отколку да го прошета Светот, Европа, Охрид ако во џеб ги има само тие пари.
 
A зошто воопшто некој би трошел. Далеку подобро е да се штеди, инвестира, вложува и надградува капиталот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom