Тргување со валути-FOREX

  • Креатор на темата Креатор на темата FOREX-Macedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Twin 1 кажи ми ако парот EUR/USD има вредност 1.3100, и ако влезеш во кратка (short) позиција со 10,000 евра без leverage и пазарот е bearish и се помрдне 100 pips до 1.3000, дали ќе бидеш во загуба или добивка и колкава ќе биде таа? Кога ќе го одговориш ова како од пушка тогаш ќе бидеш спремен за форекс и тоа за демо тргување, а не да прашуваш што е MT4. Значи прочитај ги моите два долги поста на страна 29, напишани се за почетници како тебе. Го ѕирна ли ова http://www.babypips.com/school/?
 
Не сум тргувал со валути и незнам.Знам општо за што се работи и знам дека не е “коцка“ затоа и го ставив зборот во наводници.Одбрав што сакам и отворив платформа и се вратив уште пред некој ден и прашав за технички прашања.Не добив некој јасен одговор.И затоа нема да вложам во овој вид барем за подолг период.А планирав за почеток 100 до 200 евра да вложам,па понатака ќе се зафатев поозбилно.Ама сега за сега не.Се интересирам и понатака,ќе прелистувам за информации па кога ќе ми стане доволно јасно тогаш ќе влезам во тој дел.

Инаку ме праша да простудирам што сакам.Јас уште оддамна веќе знам што сакам.Сакам да станам многу моќен бизнисмен и олигарх.Да бидам сопственик на голема меѓународна компанија.Да имам големи индивидуални фирми.Партнерство не доаѓа впредвид.Добро портфолио,контролен пакет акции на голем број моќни корпорации како во Македонија така и надвор,голем број акции на стабилни фирми со добри дивиденди.И дебело конто во повеке банки во МК и надвор.И повеќе не сакам доволно е.
Е сега не ме прашувај и од политика што сакам.Зошто тогаш ни Хитлер не ми е рамен.
 
Stefus Corp. Абе не те прашав тебе :) знам дека ти знаеш :) Сакав да видам дали Twin 1 ќе знае, пошто заинтересиран е за форекс а незнае основни поими од форекс затоа и прашањето намерно го натрупав со такви поими. Ај да не бидам многу математчки настроен ќе го прашам Twin 1 дали знае што е „pip“, ова е најосновно нешто во форекс што треба да се знае после дефиницијата „што е форекс“.
 
Прашуваш откако виде дека не ти оди од рака објаснувањето.:)Pip значи една цифра од бројката на валутата.На пример ако еврото од 1430 се зголеми за еден pip ке биде 1431.
Spread е разликата помеѓу базната и другата валута.Кај некои брокери таа е фиксна кај некои варијабилна.
Leverage е метода каде што може со мала вложена сума да се заработи како да се вложува поголема.Зависно на која разлика поставуваме.И тука исто така не е објаснато јасно,како и многу други работи,дали тоа значи ако пак со Leverage изгубиме,губиме повеќе од сумата што сме ја вложиле или само вложената сума.
И после има и други термини кои всушност се стратегија во вложувањето.Кои за почетник и не се толку битни да му се објаснуваат за да не дојде до забуна.:eek:Иако многу зависат за успех или неуспех во вложувањата.
 
Со pip си донекаде во право, тоа е најмалата промена што може да ја има еден пар од валути. Али со spread си утнал ептен, spread e разликата меѓу ask и bid цената на еден пар т.е зависи каква позиција ќе отвораш (short/long) тоа е процентот што го зема брокерот од тебе. пр. EUR/USD се тргува за 1.3000/1.3003 значи spread = 3. А за leverage тоа ти е позајмување пари од брокерот, и со мала сума контолираш голема сума на пари. Пр. имаш 10,000 евра, и користиш 100:1 leverage, што значи тргуваш со 1,000,000 евра грубо земено, али ако мрдне вредноста за само 1% (а во форекс тоа е секојдневие) во непожелна насока тогаш ги губиш сите пари, затоа користењето на leverage е многу опасно. Иначе форекс термините и те како се важни посебно за почетници. Кажи ми како ќе отвораш позиции ако незнаеш да прочиташ еден candlestick график, на рандом ќе ги отвораш? Ако си за рандом тргување пак ќе ти кажам нема потреба да учиш форекс, имаш online казино, оди си на рулет црвено/црно, ни платформи да учиш, ни анализи да правиш, ни да буљаш во графици. Последен пат ќе ти го посочам http://www.babypips.com/school/, тука имаш објаснато се`, ама буквално се`, од маргина, левериџ, bullish, bearish, candlesticks, техничка анализа, фундаментална анализа, туторијал за MT4, не ти треба ниеден друг сајт на интернетов за учење форекс. Еве ти ги лекциите за leverage http://www.babypips.com/school/unde...the-number-1-cause-of-death-of-forex-traders/ али сепак ти препорачуван да си почнеш од старт.
 
Мене најинтересни ми се оние што ќе кажат дека на демо заработиле 50,000 долари, и кога ќе ги прашаш со колкава сума почнале ти кажуваат нешто како 1,000,000 долари, и после ги прашуваш како мислат да почнат со милион со реално тргување ти викаат па имаш бе leverage 400:1 што значи ми требаат само 2,500 долари за почеток. И после 0.0007 секунди ги гори и тие 2,500 долари (најверојатно тешко заработени) и се чуди што се десило.

Вака сега, овие предупредувања ги имам прочитано на еден куп сајтови за форекс, така да сакам да ги сумблимирам во овој пост:
1. ФОРЕКС тргувањето е екстремно ризично и не е погодно за секој човек, едуцирајте се УБАВО пред да почнете со тргување.
2. И да бидеш успешен форекс трговец ќе загубиш пари и тоа често пати, и ова е СОСЕМА НОРМАЛНО, затоа потребна е емоционална стабилност, и СИЛЕН менаџмент на ризик и пари.
3. За да заработиш пари, дури и една просечна Македонска плата во форекс потребен ти е ГОЛЕМ почетен капитал. Старата поговорка „парите на пари одат“ важи и за форекс, така да со 1000 евра не очекувајте дека ќе ги дуплирате секој месец (ова го нема наравено никој човек во светот така да не очекувајте вие да бидете првиот). Ако правите 10% добивка на вкупниот капитал вие сте еден од форекс боговите, ова го можат професионални трговци со голем стаж и буквално знаат како дише пазарот. Така да ако станете еден од форекс боговите пак ќе ви требаат едно 10,000 евра за да ги заработите тие 1,000 евра месечно континуирано. Јас велам не е битна вложената сума за почеток туку КОНЗИСТЕНТНА и КОНТИНУИРАНА ПРОФИТАБИЛНОСТ на крајот на еден месец. Така да ако сумата ви се зголемува дури и за 2-3% на добар пат сте во форекс тргувањето. И нешто што треба да знаете е дека демо и реално тргување се разликуваат и те како многу. Затоа ако видите дека сте добри во демо тргување не значи дека и реално ќе бидете добри, емоционалната поврзаност со реалните пари ќе си го направи своето и може да ве „скрши“ и да се откажете комплетно од форекс. Затоа кога почувате со реално тргување вложете 100-200 евра максимум и видете како ќе оди, после тоа зголемувајте ги парите постепено, како што кажав потребна е континуирана профитабилност, не се секирајте што таа е 3-5 евра месечно, ако од 100 евра правите 5 евра месечно супер ви оди :) (тоа се цели 5% од вложеното)
4. Секогаш, ама БУКВАЛНО СЕКОГАШ тргувајте со пари што можете да си дозволите да ги загубите. Значи заборавете на тоа дека заштедата од 10,000 евра (или уште полошо да земете кредит од 10,000 евра) ќе можете да ја ставите во форекс освен ако не сте комплетно рамнодушни, и буквално сеедно ви е дали ги имате тие пари или не. Замислете како ќе се чувствувате ако ви паднат во WC шолја и пуштите вода и ви отидат тие пари. Ако се чувствувате силни емоции тогаш никако не ја ставајте таа сума во форекс, ставете помалку. Инаку сосема е нормално како луѓе да сме емоционално приврзани за парите, работата е што за да бидете форекс трговец мора да се отргнете (detach) емоционално од таа сума на пари што ви е вложена во форекс. Луѓето што живеат од форекс и го третираат како бизнис се екстремно емоционални стабилни и поткрепени со капитал, затоа не очекувајте веднаш да вадите плата со форекс, мора полека и трпеливо.
5. Успешните форекс трговци, сегогаш прво мислат на загубата а потоа на профитот. Прво се помируваат со сумата која се спремни да ја загубат, што значи форекс трговијата се сведува на менаџмент на ризик.

Она со WC шолјата ти беше јако :) Како ли само ти текнувет такви работи?:icon_lol:
--- надополнето: 6 мај 2013 во 00:17 ---
--- надополнето: 6 мај 2013 во 00:21 ---
Гледам постојано има новајлии во Форекс бизнисот, луѓе кои сакаат да спечалат пари преку компјутер. И тоа е добро. Значи имаме интелигенција во Македонија.
И претходно имав пишувано на оваа тема, сега би сакал да појаснам некои работи. Пред се Форексот не е коцка. Форексот е наука која се состои од фудаментална и техничка анализа. И би рекол Форексот е - занает. Можеш да си докторант по економски науки, а да си слаб ФХ - трговец. Значи, потребна е посебна подготовка како во теоретскиот, така и во практичниот дел. Теоретскиот дел , како што беше спомнато погоре, солидно е објаснет во форумот babypips.com. И не е неопходно да се даваат пари по разни курсеви кога истите ги имаш на нет бесплатно. Е сега за секој занает е потребна и пракса и - време истиот да се совлада. За тоа треба да отвориш demo account и да тргуваш неколку месеци. За да провериш колку си успешен во ФХ тргувањето, отвораш Демо сметка со сума приближно на онаа која сметаш да ја уплатиш кога би отворил вистинска сметка - live account. Н а пример отвораш сметка од 3000 евра, со дозволен (минимален) микро лот - 1000 единици. Ако и после период од 6 месеци активно тргување си со остварена добивка, тогаш можеш да тргуваш со вистински пари. Ама внимателно - не е сосема исто кога тргуваш со реални пари!
Денес постојат стотици ФХ фирми кои дозволуваат отворање live account од само 300 евра, дури и помалку. Тоа е претставено како позитвна можност, но во пракса значи чист губиток. Скоро да е невозможно со олку мала сметка да се направат пари, дури и да се работи за искусен трговец со долгогодишно искуство, камоли за почетник. Тоа е од причина што Форексот е еден од најдинамични, највиолентни најнепредвидливи пазари, така што при валутната трговија секој трговец ( овде мислам и на долгогодишните професионални трговци), во одреден момент влегува во негатива, и ако смтеката не е доволно „поткована' да ја „издржи“ таа негатива, многу бргу испаѓаш од игра. Едноставно кажано, во форексот не можеш да „бараташ“ со олку ниска live account сметка. Тоа се однапред изгубени пари. Така да, не се мамите и не фрлајте ги парите залудно, доколку немате да вложите пристојна сума. Колкава е таа пристојна сума? Јас би рекол дека минимална сума за да се почне да се работи е 1000 евра, доколку е дозволен микро лот на тргување - 1000 единици.Доколку фирмата дозволува мини лот - 10000 единици, тогаш ви се потребни почетен влог од 10000 евра итн.
Во светот, а и во Македонија има луѓе кои се занимаваат професионално со овој бизнис и кои живеат од тоа. Ако сакаш да си еден од нив, ќе ти треба многу труд и посветеност. Како и за сите работи така и овде важи - резултатите не доаѓаат преку ноќ. Форексот е суров бизнис, брзо ги елиминира неупатените!
--- надополнето: 6 мај 2013 во 00:22 ---
 
Во последно време читам по форумите совети за почнување со трговија со реални пари уште веднаш и воопшто да не се губи време на демо сметка. Викаат демо сметка е за учење на платформата, и веднаш по тоа најдобро е да се уплатат 50-100 долари на реална сметка и да се почне со тргување и учење на форекс. До некаде се сложувам со ова, затоа што многу е битен психолошкиот момент кога на ризик се вистински пари дури иако се толку мала сума. Јас мислам добро е да се оди прво на демо едно 3-4 месеци а после да се почне со мала сума исто едно 3-4 месеци, ова нормално да се прави ако има успех во тргувањето, инаку џабе ќе се почнува со реално тргување. А за тоа дека 100 евра се малку пари, читав совети како ставете си во главата уште три нули на крајот и мислете дека тргувате со 100,000 евра/долари. Значи да не се залажуваме дека ќе заработиме 500 еур од тие 100 на крајот на месецот, туку да си го извршуваме планот за трговија и да си заработиме само 3-4 еур во месецот. Ако можете од 100 еур месечно да заработите 5, тогаш одете уплатете 1000 еур, и заработувајте по 50 еур месечно, ако сте успешни неколку месеци по ред, уплатете 5000 еур и заработувајте 250 еур, ако и тоа ви оди уплатете 10,000 еур и заработете 500 еур. Али гледате дека за ова ќе треба време, може ќе ви требаат и 2-3 години дур достигнете континуиран профит и самодоверба за заработка. А за оние што сакаат преку ноќ да се збогатат со форекс, тие немаат почит спрема пазарот и другите трговци, и најбрзо ги горат парите. Нема успешен трговец без дисциплина и трпеливост.
 
Морам да те корегирам, за да не биде погрешно сфатено од оние што планираат да започнат со овој бизнис - почетниците, она што погоре го напишав.
Целта на ФХ фирмите е да привлечат што повеќе клиенти и да ги задржат што е можно подолго затоа што профитираат од „ спредот“ кои им го нудат на своите клиенти без разлика дали клиентите се профитабилни или не. Значи имаат сигурна заработка врз основа на секоја трансакција која ја остваруваат нивните клиенти. Но исто така сакаат да ги привлечат и ситните клиенти ( оние кои отвораат ФХ сметки од по 100 евра), иако знаат дека тие брзо ќе „изгорат“ на ФХ пазарот. Ова за нив е исто така профитабилно, затоа што секој ден во светот се отвораат милиони вакви сметки од по 100 евра од почетници кои сакаат да се опробаат во овој бизнис, за да после краток период (најчесто за неколку дена) банкротираат. За ФХ фирмите ова се чисти пари затоа што трансакциите од овие клиенти најчесто и не влегуваат на светската берза на валути. Затоа се служат со разни финти и реклами, нереални ветувања за да ги привлечат ваквите клиенти во што поголем број.

Невозможно е со сметка од 100 евра да направиш ниту 4-5 евра на крајот од месецот! Тоа е тешка задача дури и да се работи за искусен ФХ трговец со долгогодишно искуство на ФХ берзата, затоа што се работи за преголем ризик.
Во ФХ берзата, со трговија на валути правиш профит - купуваш ефтино, продаваш скапо. Меѓутоа ниту најспособниот трејдер неможе точно да утврди кога цената на одредена валута го достигнала дното, односно е најефтина, за да од тој момент ја купува, или пак точно да ја утврди највисоката цена на одредена валута и тогаш да ја продава. Затоа, како што напишав во претходниот пост, сите, буквално сите трејдери во одреден момент влегуваат во негатива. Потоа чекаат, будно пратејќи ја фундаментална и техничка анализа, додека не се остварат нивните предвидувања за движењето на односната валута. Или пак ја затвораат отворената позиција ако понатамошниот тек на настаните се испоставило дека погрешиле односно дека односната валута нема да ја достигне посакуваната вредност, и на тој начин се штитат од понатамошни губитоци. И најспособниот трејдер има затворано и затвора многу позиции во негатива. Тоа е сосема нормално во тргувањето. Разликата меѓу успешениот и неуспешниот трејдер е во тоа што првиот има затворено повеќе позиции во позитива, односно остварува позитивно салдо.
Но за сето ова потребно е да имаш добро „искеширана“ сметка. Едноставно кажано, почетникот со неговата сметка од 100 евра, нема простор да „маневрира“. Можеш да бидеш сосема во право и правилно да одредиш дека на одредена валута ќе и паѓа вредноста и затоа одиш на sell, но поради Х причини вредноста на валутата и понатака почнува да расте и наеднаш забележуваш дека си во негатива која ја опфаќа половина од твојата сметка. Ги затвораш негативните позиции со цел да не ти изгори цела сметка. После неколку моменти вредноста на валутата почнува драстично да паѓа и се остварува твоето предвидување за движењето на односната валута. Но ти веќе ги имаш затворено во негатива твоите позиции, кои ако би ги оставил отворени уште кратко време, истите би ти донеле профит намест загуба. Во случајов ти воопшто не си крив, едноставно твојата сметка е премногу мала, а ти си се изложил на преголем ризик. Твојата сметка е толку мала што не може да ги издржи турбуленциите на пазарот. Ова е само еден пример од милионите можни на ФХ пазарот. Уште подобро можеш да ме сфатиш, ако отвориш Демо сметка од 100 евра и пробаш да освариш профит од барем 4-5 евра месечно како што напиша во твојот пост. Ама нема да ти дадат да отвориш толку мала Демо сметка. Зошто тогаш ќе се увериш дека она што ти го напишав погоре е вистина. Затоа и нудат Демо сметки со по 50000 или 100000 евра, бидејќи со толку пари е многу полесно да се направи профит и така ќе намамат лековерни клиенти.
Сепак, постои можност да отвориш сметка од 100 евра и со толку ниска сметка да имаш реални шанси за профит. Доколку најдиш фирма која нуди тргување со нано лот - 100 единици ( тоа се таканаречени вежбовни сметки, но тргуваш со реални пари и остваруваш реален профит), тогаш шансите за успех ти се еднакви како и да си отворил сметка од 1000 евра во фирма во која минимална сума на тргување е еден микро лот - 1000 единици. Ваквите вежбовни сметки овозможуваат отворање позиции во вредност од само 100 евра и можеш да оствариш профит и од само неколку центи. Нормално и ризикот е далеку помал. Јас пред неколку години имав отворено таква сметка во GO MARKETS, но егзекуцијата беше на многу ниско ниво. Сега ги укинаа таквите сметки.
 
Да така е затоа најчесто ако имаш ситни пари а сакаш да играш на форекс...отиди до менувачница таму во пракса нема минимум лот сајз да спреадовите се поголеми...ама без левериџи и без минимал лот сајз практично не е возможно да се банкротира...така да ако мој совет ако имаш малку пари и сакаш да си играш на форекс иди до првата менувачница.Додуше и за поголеми пари е истиот муабет...купи си што сакаш од менувачница стај ги во банка (имаш камата) за разлика од педерските форекс сајтови кој најголем дел не нудат камата. И кога ќе ги пресметаш скриените давачки на сајтовите ризикот ова она најдобро ти е класично и старовремски да тргуваш...со твојата локална банка или менувачница. Единствено нешто што гледам корисно на овие сајтови се стоки и акции бидејќи само така се достапни(странски акции ги нема во МК а физичко тргување со метали е пејни ин ди арс за други стоки воопшто не ни возможно да се тргува ако не преку фјучерси)...значи Форекс од „Форекс“ сајтови за мене не е баш корисен. Акции и Стоки да валути не се исплати да тргуваш по нет. Со мали пари и со левериџа тргување валути е жива глупост преку овие “форекс„ сајтови...а додека тргувањето со стоки и акции е ОК но без левериџ е тоа е возмошно ама не се тоа овие „форекс“ сајтови има саглам сајтови на светски финансиски институции кој го нудат но се разбира за тоа ти треба странска банкарска сметка...кој ретко кој ја има во МК. Така да...тесно...
Инаку толку од мене за ова..
 
(y) potpolno tocnoo!
 
Да и јас така мислам.Затоа отсега ќе си купувам злато,евра,долари од менувачница и ќе ги чувам дома.И кога вредноста порасне ќе ги продавам.А не е лошо и да купувам злато од МК и да го продавам во некоја од соседните земји каде златото има повисока откупна вредност.Туку ако може некој да ми каже според закон колкава количина е дозволено да се носи со себе злато преку граница без притоа да се плаќаат давачки.
 
Без разлика дали стануваат 100 или 100,000 евра не смее да се дозволи да дојде до преполовување на сметката. Сигурно нема пред монитор да бидам 24 саати и да пазам дали одредена позиција оди во неповолна насока. Затоа се ставаат pending orders како stop loss и take profit, не е финтата да се фати минимумот и максимумот на една валута, финтата е да се знае каде да се влезе, до каде е ризикот и каде да се земе профит. И односот на ризик : профит мора да биде според мене минимум 1 : 1.5, се друго е коцка, затоа и успешните трговци може да имаат и по 70% загуби и само 30% добивки али ако се со однос 1:3 тогаш пак се во добивка. А за ризикување се препорачува ризик од 2-3% од целокупката сума така да од 100 евра би се ризикувале 2-3 евра по позиција а би се целел профит од 4-6 евра, за да може да се покријат загубите и пак да бидеме во плус. Друга работа е што незнам кој би имал еден куп отворени позиции, мислам дека повеќе од 2-3 отворени позиции е самоубиство. А за тоа дека сметки од 100 евра не се извршуваат директно на пазарот тоа е точно затоа што не се исплати на брокерите да извршуваат такви мали трансакции, сепак форекс е пазар со 4 трилиони долари обрт на ден, и само големи играчи со милиони можат реално да тргуваат, така да тие што имаат мали сметки си тргуваат со брокерот, на кој на крајот секогаш е во добивка.
 
Сепак не ми е јасно.Значи не станува збор за земање кредит од банка,туку зборувам за вложување во валути на берзата Forex која што се прави електронски преку платформа.
Значи ако во Forex lider сум вложил во валута на пример во еврото.Ти викаш дека ќе добивам камата.Како ке ја добивам.Дали со самото покачување на вредноста на еврото профитот кој го остварува го сметаш за камата.Ондак така и на златото на берза вредноста расте.Или каматата на валутата се пресметува на друг начин.И те молам појасни ако сакаш на кој начин се пресметува каматата.Зошто сепак не станува збор за земање позајмливи парични средства.
А посебно ме интересираше тоа откако ке влозам во валути дали самите тие валути веќе ќе ми носат добивка и јас само да ја подигнувам од сметка или треба да тргувам со купување евтино и продавање поскапо за да можам да повечам од профитот.
значи вака.. тргувањето валути оди во парови. пример ЕУРУСД.. ако купиш евра со долари ќе ја добиваш разликата во каматата.. т.е ако доларот има 0.25% а еврото 1.25% камата ти секој ден ќе добиваш годишна камата од 1%.И обратно ако купиш долари со евра ќе треба да плаќаш секој ден годишна камата од 1%. Кога тргуваш на форекс за секој ден да до биваш камата тоа се вика carry trade.. и можам да кажам е една од најпрофитабилните филозофии..
 
Без разлика дали стануваат 100 или 100,000 евра не смее да се дозволи да дојде до преполовување на сметката. Сигурно нема пред монитор да бидам 24 саати и да пазам дали одредена позиција оди во неповолна насока. Затоа се ставаат pending orders како stop loss и take profit, не е финтата да се фати минимумот и максимумот на една валута, финтата е да се знае каде да се влезе, до каде е ризикот и каде да се земе профит. И односот на ризик : профит мора да биде според мене минимум 1 : 1.5, се друго е коцка, затоа и успешните трговци може да имаат и по 70% загуби и само 30% добивки али ако се со однос 1:3 тогаш пак се во добивка. А за ризикување се препорачува ризик од 2-3% од целокупката сума така да од 100 евра би се ризикувале 2-3 евра по позиција а би се целел профит од 4-6 евра, за да може да се покријат загубите и пак да бидеме во плус. Друга работа е што незнам кој би имал еден куп отворени позиции, мислам дека повеќе од 2-3 отворени позиции е самоубиство. А за тоа дека сметки од 100 евра не се извршуваат директно на пазарот тоа е точно затоа што не се исплати на брокерите да извршуваат такви мали трансакции, сепак форекс е пазар со 4 трилиони долари обрт на ден, и само големи играчи со милиони можат реално да тргуваат, така да тие што имаат мали сметки си тргуваат со брокерот, на кој на крајот секогаш е во добивка.
Ај реално...позиција од 2-3 евра...хммм кој ќе ти биде лот сајз колку левериџ? Незнам дека и некој дозволува толку мали позиции. Згора на тоа има е голем проблем мала позиција обично значи и повисок левериџ а повисок левериџ значи поголем сооднос цена на спреад/вредност при некои високи левериџи и мали позиции што мора да се направи поради лимит на лот сајз цената на спредот е 10-20% од вредноста на позиција т.е. значи самата позиција ти тргува од негатива од 10-20% значи со оваа стратегија на многу мали позиции губиш многу пари само поради спредови. Сум го прочитал ова на многу места како „совет за почетници“ што е многу заебано. Тоа е друга опција е само голема позиција 50% од сметка на низок левериџ ама таму има проблем ако оди во минус и ја затвориш позицијата после нема да имаш пари да отвориш нова на истиот левериџ. Така да финта Г6 е целиот муабет...нема излез Мора поголема сметка над 5 000 евра ама кој почетник би ги ставил тие пари на чуден сајт... плус има некои сајтови кој напаќаат за одржување на позиции што ги јаде големите лоу левериџ позиции може да ти изеде дури и 10% од парите годишно само поради „одржување на позиција“. Плус и добар дел од сајтовите не дозволуаат ниски левериџи или бараат за тоа големи сметки...ова се само мал дел од скриените финти за „Форекс“ и ова се сосема легални и фер а има и доста класични превари.
А и тоа што го рече најверојатно со стратегија од мали позиции 2-3% може да ти се случи да имаш и над 20-30 отворени позиции за што треба концентрација да памтиш стратегија и доста менаџмент...што значи време и труд...а времето и трудот се пари...
 
(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom