Мене најинтересни ми се оние што ќе кажат дека на демо заработиле 50,000 долари, и кога ќе ги прашаш со колкава сума почнале ти кажуваат нешто како 1,000,000 долари, и после ги прашуваш како мислат да почнат со милион со реално тргување ти викаат па имаш бе leverage 400:1 што значи ми требаат само 2,500 долари за почеток. И после 0.0007 секунди ги гори и тие 2,500 долари (најверојатно тешко заработени) и се чуди што се десило.
Вака сега, овие предупредувања ги имам прочитано на еден куп сајтови за форекс, така да сакам да ги сумблимирам во овој пост:
1. ФОРЕКС тргувањето е екстремно ризично и не е погодно за секој човек, едуцирајте се УБАВО пред да почнете со тргување.
2. И да бидеш успешен форекс трговец ќе загубиш пари и тоа често пати, и ова е СОСЕМА НОРМАЛНО, затоа потребна е емоционална стабилност, и СИЛЕН менаџмент на ризик и пари.
3. За да заработиш пари, дури и една просечна Македонска плата во форекс потребен ти е ГОЛЕМ почетен капитал. Старата поговорка „парите на пари одат“ важи и за форекс, така да со 1000 евра не очекувајте дека ќе ги дуплирате секој месец (ова го нема наравено никој човек во светот така да не очекувајте вие да бидете првиот). Ако правите 10% добивка на вкупниот капитал вие сте еден од форекс боговите, ова го можат професионални трговци со голем стаж и буквално знаат како дише пазарот. Така да ако станете еден од форекс боговите пак ќе ви требаат едно 10,000 евра за да ги заработите тие 1,000 евра месечно континуирано. Јас велам не е битна вложената сума за почеток туку КОНЗИСТЕНТНА и КОНТИНУИРАНА ПРОФИТАБИЛНОСТ на крајот на еден месец. Така да ако сумата ви се зголемува дури и за 2-3% на добар пат сте во форекс тргувањето. И нешто што треба да знаете е дека демо и реално тргување се разликуваат и те како многу. Затоа ако видите дека сте добри во демо тргување не значи дека и реално ќе бидете добри, емоционалната поврзаност со реалните пари ќе си го направи своето и може да ве „скрши“ и да се откажете комплетно од форекс. Затоа кога почувате со реално тргување вложете 100-200 евра максимум и видете како ќе оди, после тоа зголемувајте ги парите постепено, како што кажав потребна е континуирана профитабилност, не се секирајте што таа е 3-5 евра месечно, ако од 100 евра правите 5 евра месечно супер ви оди

(тоа се цели 5% од вложеното)
4. Секогаш, ама БУКВАЛНО СЕКОГАШ тргувајте со пари што можете да си дозволите да ги загубите. Значи заборавете на тоа дека заштедата од 10,000 евра (или уште полошо да земете кредит од 10,000 евра) ќе можете да ја ставите во форекс освен ако не сте комплетно рамнодушни, и буквално сеедно ви е дали ги имате тие пари или не. Замислете како ќе се чувствувате ако ви паднат во WC шолја и пуштите вода и ви отидат тие пари. Ако се чувствувате силни емоции тогаш никако не ја ставајте таа сума во форекс, ставете помалку. Инаку сосема е нормално како луѓе да сме емоционално приврзани за парите, работата е што за да бидете форекс трговец мора да се отргнете (detach) емоционално од таа сума на пари што ви е вложена во форекс. Луѓето што живеат од форекс и го третираат како бизнис се екстремно емоционални стабилни и поткрепени со капитал, затоа не очекувајте веднаш да вадите плата со форекс, мора полека и трпеливо.
5. Успешните форекс трговци, сегогаш прво мислат на загубата а потоа на профитот. Прво се помируваат со сумата која се спремни да ја загубат, што значи форекс трговијата се сведува на менаџмент на ризик.