Еве за подетално опишано и постручно..
Текстот од новиот превентивен материјал на Отворена Порта како подетално објаснување на темата ќе го пишам овде..
експлоатација на човечкиот труд и човечкото тело
Дали трговијата со луѓе постои и кај нас?
Трговијата со луѓе претставува сериозен меѓународен проблем и за жал постои и кај нас. Република Македонија не е само транзит-земја низ која поминуваат жртвите на трговија со луѓе, и земја на дестинација во која што пристигнуваат и престојуваат жртвите, туку и земја на потекло.
Ако трговијата со луѓе се случува надвор од границите на една дрѓава тогаш таа претставува транс-национална трговија со луѓе, но доколку се случува во рамките на границите на една држава, тогаш таа претставува внатрешна трговија со луѓе.
Не е задолжително да заминете во странство поради работа, студирање, туризам за да станете жртва на трговија со луѓе. Жртва на трговија со луѓе може да станете и во својата држава!
Кој се може да биде жртва на трговија со луѓе?
Трговијата со луѓе постои насекаде околу нас и секој може да стане жртва, па и ТИ!
Може да и се случи на мојата најдобра другарка или другар, на момчето што го запознав минатата недела во диско, на другарката од основно училиште која седеше во прва клупа и сите и беа петки, на соседот кој минатата година заврши факултет, на роднината што замина на работа во странство..
Жртва може да биде секој, маж, жена, дете, независно од нивната возраст, образовани, верска припадност. Жртвите се луѓе кои индивидуално или колективно претрпеле физички или психички повреди. емотивно патење, економско оштетување или константно трпат прекршување на основните човекови права.
Кои се трговците?
Трговците може да се кријат позади некои бизниси како:
-Сомнителни агенции и лажни огласи кои нудат работа за чување деца, домашни помошнички, келнерки, манекенки, секретарки, болничарки, деловни придружнички
-Агенции за модели
-Агенции за склопување брак и познанства
-Агенции за работа во хотели, ресторани, барови
-Агенции за работа на брод, градежни работи
-Туристички агенции
-Интернет агенции
..Но трговците можат да бидат и индивидуалци и тоа твои познаници, пријатели, роднини..
Што прават трговците?
-Користат измама или лажни ветувања
-Те продаваат и купуваат како "стока"
-Со насилство те принудуваат на работа
-Не ти плаќаат за изработеното
-Ти се закануваат дека ќе му наштетат на твоето семејство
Со еден збор, ти ги ПРЕКРШУВААТ твоите права!
Кои човечки права се прекршуваат?
-Право на живот
-Слобода
-Работа
-Образование
-Достоинство
-Сигурност
-Еднаквост
-Здравје
Жртвите на трговија со луѓе претрпеле психичко и физичко насилство, биле искористени и измамени. Затоа ТИ не треба да ги осудуваш, туку да ги прифатиш, подржиш, да им помогнеш и да ги охрабриш да го пријават својот случај во полиција.
Жртвите на трговија со луѓе поминале низ пекол не по сопствена вина, туку по вина на трговците!
Што треба да направам?
-Да ја проверам легитимноста на агенцијата преку која сакам да се вработам
-Да ги избегнувам огласите за работа кои се потпишани само со име или мобилен телефон
-Да не прифаќам работа ако се сомневам во веродостојноста на договорот
-Пред да потпишам договор за работа да се посоветувам со правно лице или НВО
-Деталите за работата да бидат наведени на писмен договор
-Да внимавам на времетраењето на договорот и последиците од неговото прекинување
-Да ги известам родителите, старателите или пријателите за моите планови
-Да се јавам на СОС линијата на Отворена Порта за повеќе информации!
0800 11111
И што уште?
-Да дознаам повеќе за проблемот и да ги надминам своите предрасуди "тоа им се случува на другите", "мене тоа никогаш неможе да ми се случи", "тоа постои само на Запад", "на тој што му се случило е глупав и необразован", "сами си го барале"..
-Да зборувам гласно за овој проблем со своите пријатели
-Да ги упатам другарите и пријателите од моето опкружување за повеѓе информации за проблемот на трговија со луѓе
Има и вистинска приказна на оваа тема.. Ако сакате ќе ви ја напишам и таа..