Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
браво, браво. Значи доаг'ат бугарите 1941 година, прават футб. клуб Македониjа во дотогашниот град известен по светот под српското "Скопље", а вие, баш-македонците, му го мените името со "географски-неутралната одредница" Вардар... Машала, машала, каков умен и каков актуален, со оглед на сегашните состоjби, потег, нели?

Го тупиш а? Филм е ова човече!!! Секад напаѓаат вонземјанците во Америка во Амерички филм. Што не се буниш дека не ја напаѓаат Бугарија? Трол глуп.
 
Го тупиш а? Филм е ова човече!!!

добре, филм за што? За вистински маже ли - како создадениот од бугарите скопски клуб Македониjа за малку ке станел шампион на Бугариjа во воено време? Или за лузерската ваша продажна политика после воjната, да му го мените името со името на ... река (слично со името на поранешната српска бановина)?

Секад напаѓаат вонземјанците во Америка во Амерички филм. Што не се буниш дека не ја напаѓаат Бугарија? Трол глуп.
 
Слушнав од колешка, дека денес им се јавувале на машките да доаѓаат за проба на костуми. Ете не ни се јавија...

Мене ми се јавија во саботата и ми рекоа да одам во среда во 10ч. во Аеродром во некое Трпл Икс студио или така нешо, кај воени хангари. Сега ми кажаа дека некои биле денес и имало околу 20-ина луѓе, а на младите кои биле таму им дале улога фудбалери и им кажале дека снимањето ќе било за десетина дена.
 
Хеј, еве слики од снимањето. Мене ми изгледа повеќе од добро.

314802_266782310022375_206996676000939_904512_155377683_n.jpg


320097_266774186689854_206996676000939_904488_314466476_n.jpg


304181_266784430022163_206996676000939_904515_365144676_n.jpg


296714_266791436688129_206996676000939_904525_293351709_n.jpg


302096_266776736689599_206996676000939_904491_872911578_n.jpg


314066_266771446690128_206996676000939_904483_1629819522_n.jpg


298255_266779500022656_206996676000939_904499_1645074212_n.jpg


313229_263018243732115_206996676000939_890753_2053128804_n.jpg


309491_266787756688497_206996676000939_904517_1000766531_n.jpg


Еве и едно видео од битолска телевизија.
 
имам големи очекувања од филмов :) мислам дека ќе успее да добие оскар
 
имам големи очекувања од филмов :) мислам дека ќе успее да добие оскар

Ако добие оскар тоа ќе биде поради историјата на Евреите од Македонија, слушај ми го зборот. ;)
 
Многу се нервирам што Коцев ја има главната машка улога кој лигуш уште другар му Владо фали во екипава за да знамдека нема да биде ништо од филмот требаше да земат некој друг како Никола Ристановски , Зоран Љутков а не овој
 
Многу се нервирам што Коцев ја има главната машка улога кој лигуш уште другар му Владо фали во екипава за да знамдека нема да биде ништо од филмот требаше да земат некој друг како Никола Ристановски , Зоран Љутков а не овој
незнам што имаш против Коцев ама супер е човекот, лично го знам и многу е кул.. мислам дека супер ќе си ја сработи улогата
 
незнам што имаш против Коцев ама супер е човекот, лично го знам и многу е кул.. мислам дека супер ќе си ја сработи улогата

Се сложувам. Топ си е и Коцев и цела банда. Нашите глумци не се понашаат ко Холивидските, баш напротив, ептен се спуштени на земја и се човечни. Барем со тие што се знам. :)

Инаку морам да признаам и да и се извинам на Кики, вчера покажа дека знае да глуми. :)
 
Не ми е јасно како режисерот планира да го долови времето кога се играл финалниот меч меѓу фк Македонија и фк Левски. На оригиналните снимки од натпреварот се гледа дека е игран во зима, а снимањето се случува на пладне, кога Сонце пече и тоа на земјен терен без трошка снег.
 
Ако чека за зима за да ги снима тие сцени има да се утепа од чекање. Којзнае кога ќе вее снег.
 
Бев денес на снимањето на натпреварот Левски - Македонија во Бардовци, и „Трето полувреме“ за мене ќе остане грдо, многу грдо искуство.

Таква неорганизација за статистите јас никаде немам видено. Тотален промашај, имаа само 4ца кординатори кој требаа да раководат со +500луѓе. Рекоа да се дојде од 3часот сабајле, па и покрај убер ниските температури имаа само четири шатори од кои само два служеа да се сместат вкупно 200луѓе(повеќе од пола стојат), а другите што ке останат надвор буквално стојат на нозе од 3часот сабајле до 7:30. Во овој временски интервал предвидена е само една затворена пица од организаторите во 5часот сабајле, и тоа е прашање дали ќе добиеш бидејќи за +500луѓе беа донесени само 400 парчиња, а старите баби кога ќе видат гага бутаат по 4 во ташна.

Почна снимањето веќе незнам кога, окулу 8 ипол, на стадионот не држеа до 1 ипол на сонце само со една чашка вода, никој несмееше да излага, никој несмееше ништо да носи со него приватно(вода, јадење итн). Сите машки се потеа во костими, бидејќи несмееше да се соблечат, а женските се потеа во џемпери и сл. Со други зборови, ако не си успеал да земеш затворена пица во 5часот сабајле, гладен остануваш до 1 ипол, а истата приказна од „доручекот“ беше и за „ручекот“.. значи со други зборови, јас не успеав да земам ниту од пицата ниту од сендвичот предвиден за ручек т.е останав гладен и жеден цел ден.

Се ежам буквално кога го пишувам ова. Првиот шатор служеше за пресоблекување на сите +500статисти, и можете да замислите кое време е потребно секој посебно да биде евидентиран во тетратка, да добие соодветна гардероба што му одговара, да се пресоблече и сл, а посебно што немаше гардероби па мораше на лице место пред сите окулу тебе во шаторот да се соблакаш. Ужас! Посебно кога завршуваше снимањето со статистите се направи ненормална гужва и пред шаторот за пресоблекување и пред шаторот за добивање на тие мочани 1000денари. Шаторите се поставени на земја, и се правеше премногу прашина.

Не ви препорачувам да одите на следните снимања во Бардовци!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom