Бев денес на снимањето на натпреварот Левски - Македонија во Бардовци, и „Трето полувреме“ за мене ќе остане грдо, многу грдо искуство.
Таква неорганизација за статистите јас никаде немам видено. Тотален промашај, имаа само 4ца кординатори кој требаа да раководат со +500луѓе. Рекоа да се дојде од 3часот сабајле, па и покрај убер ниските температури имаа само четири шатори од кои само два служеа да се сместат вкупно 200луѓе(повеќе од пола стојат), а другите што ке останат надвор буквално стојат на нозе од 3часот сабајле до 7:30. Во овој временски интервал предвидена е само една затворена пица од организаторите во 5часот сабајле, и тоа е прашање дали ќе добиеш бидејќи за +500луѓе беа донесени само 400 парчиња, а старите баби кога ќе видат гага бутаат по 4 во ташна.
Почна снимањето веќе незнам кога, окулу 8 ипол, на стадионот не држеа до 1 ипол на сонце само со една чашка вода, никој несмееше да излага, никој несмееше ништо да носи со него приватно(вода, јадење итн). Сите машки се потеа во костими, бидејќи несмееше да се соблечат, а женските се потеа во џемпери и сл. Со други зборови, ако не си успеал да земеш затворена пица во 5часот сабајле, гладен остануваш до 1 ипол, а истата приказна од „доручекот“ беше и за „ручекот“.. значи со други зборови, јас не успеав да земам ниту од пицата ниту од сендвичот предвиден за ручек т.е останав гладен и жеден цел ден.
Се ежам буквално кога го пишувам ова. Првиот шатор служеше за пресоблекување на сите +500статисти, и можете да замислите кое време е потребно секој посебно да биде евидентиран во тетратка, да добие соодветна гардероба што му одговара, да се пресоблече и сл, а посебно што немаше гардероби па мораше на лице место пред сите окулу тебе во шаторот да се соблакаш. Ужас! Посебно кога завршуваше снимањето со статистите се направи ненормална гужва и пред шаторот за пресоблекување и пред шаторот за добивање на тие мочани 1000денари. Шаторите се поставени на земја, и се правеше премногу прашина.
Не ви препорачувам да одите на следните снимања во Бардовци!