- Член од
- 7 јули 2013
- Мислења
- 1.963
- Поени од реакции
- 12.806
Nine Inch Nails или скратено NIN е американска индустриал рок група основана во 1988 од Трент Резнор во Кливленд,Охајо.Како нејзин главен продуцент,пејач,текстописец и инструменталист,Резнор е единствен официјален член на Nine Inch Nails и самиот е одговорен за нејзиното управување.Музиката на NIN опфаќа повеќе различни жанрови (синт поп,метал,електроника),задржувајќи карактеристичен звук кој вклучува електронски инструменти и процесирање.По снимањето на нов албум,Резнор често собира група за живи настапи за да настапуваат со него;оваа група е различен ентитет од NIN од студиото каде што се снима албумот.На сцената,NIN често употребуваат спектакуларни визуелни елементи,кои често кулминираат со уништување на нивните инструменти.
Андерграунд публиката топло ги прифатила NIN во нивните почетни години.Групата ќе создаде неколку силно влијателни албуми во 90тите што ќе постигнат огромен успех:неколку песни на NIN ќе станат радио хитови,два албуми на NIN ќе добијат Греми награди и групата ќе продаде над дваесет милиони албуми ширум светот,со 10,5 милиони само во САД.Во 2004,Rolling Stone ги става NIN на 94то место на нивната листа на 100 најголеми рок артисти на сите времиња.Групата ќе има големо влијание на групите што се појавиле во 90тите како Rammstein,Marilyn Manson,Stabbing Westward итн.
Исто така,групата е заслужна за популаризацијата на индустриал музиката,дотогаш малку позната.
И покрај успесите,групата имала повеќе расправии со корпорациската страна на издавачката индустрија.Во 2007,Трент Резнор објавил дека Nine Inch Nails ќе продолжат да издаваат музика независно од издавачките куќи.